Искрено, битна ми е и тоа многу.
Не би сакала да одам со дечко помал од мене.
А висока сум и многу ми се свиѓа тоа што сум таква.
Сакам да облечам и штикли, иако немам потреба од дополнителна висина,ама ете, убаво се чувстувам, поженствено, елегантно.
И со оглед да тоа дека сум висока,177, на штикла 180 и нешто.
И сега замисли до мене мал дечко... е да ме праша некој брат дали ми е?
Уште па кога ќе ми се уфрли некој, абе знаеш ја сакам повисоки женски. Абе ајде...
Не дека имам против луѓето што се ниски. Ете мајка ми е пониска од 170.
Немам ни предрасуди, ни ништо.
Едноставно, кога бирам партнер, сакам некој кој ќе ми личи. Со гордост да одам покрај него.
Ниските момци, нека си најдат ниски девојки.