Секој 2/3 ден пцуете португалци и грци и сега за нив запнавте.
Не сум размислил подетално околу натпреварите, но ќе изнесам неколку мои мислења пред се базирани на коефициентите.
Галатасарај -> 1.35 за Х2 ми изгледа како доста солиден коеф. Имаат доста поквалитетна екипа за разлика од Копенхаген, и мислам дека можат да одат далеку годинава во ЛШ. Јуве има тежок натпревар со Реал, и колку и да се местачи и непредвидливи турските екипи, овде Галата нема право на кикс, не со Дрогба, Снајдер и Илмаз во тимот.
Манчестер Јунајтед -> 1.40 за Х2. Ова мора да се одигра, преголем е Јунајтед да изгуби од Сосиедад, особено сега кога врзаа неколку победи во низа. Ич не ги сакам, искрено, ќееф ќе ми е да отпаднат уште во групната фаза, ама сметам дека вреди да се ризикува за коефициентот.
Манчестер Сити -> 1.25 да има гол во прво полувреме. Настрана тоа што на минатиот натпревар паднаа дури 3 во прво полувреме, овде Сити мора да нападне уште од самиот почеток против директниот конкурент за 2 место, а од друга страна и ЦСКА не се наивна екипа. Коеф е малце потценувачки за конечен тип, така да ова ми изгледа како доста добра алтернатива, за похрабрите (или оние кои играат на помала уплата) може да се проба и гг, 3+....
Реал Мадрид -> 1.25 да постигне гол. Со италијани нема заебанции, без разлика на форма и повредени играчи, не би ме изненадило и да ги добијат кралевите, но сепак сум убеден дека милум или силум Реал ќе постигне барем 1 гол на овој натпревар, пред се некој поединечен потег на Роналдо или Бејл.
Според Бет Сити овде би требало да има приближно 3 коеф.
Што се однесува до натпреварите во среда, засега ќе кажам дека Челзи, Дортмунд и Барса не вреди да се играт кецови на вакви коефициенти, не против Шалке, Арсенал и Милан. Утре/задутре ќе дадам некоја анализа и за нив.