Кому му пречи знамето со сонцето од Кутлеш?!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Читам, се чудам и неможам да поверувам. :facepalm:

Кој ги влече за јазик да бараат вакво нешто-сами да си ја забраниме употребата на сонцето од Кутлеш???

Кому му праи услуга овој, чии интереси застапува ( македонски-не, сигурно) - се крие ли нешто у позадина?


Ивон Величковски претседателот на Либералната партија предложи законски да се забрани употребата на знамето со сонцето од Вергина на јавни настапи, партиски митинзи, спортски натпревари и на сите манифестации од јавен карактер.

Со предлог закон до собранието, очекува поддршка од сите политички субјекти. Посочи дека овој предлог закон доаѓа во многу чувствителен момент, кога се бара конечно решение на проблемот со името со Грција, а со ваков закон ќе се покажел гест на добра волја:eek:, рече Величковски.

http://lokalno.mk/video-velichkovsk...ani-upotrebata-na-znameto-sonceto-od-kutlesh/
.
 
по којзнае кој пат


lazo.jpg
 
по којзнае кој пат
сакаш да кажеш дека и порано давале вакви предлози- имале вакви барања овие од Либералната партија ?! ( изгледа не сум у тек:( )
 
Единствен начин да добијат внимание од ЛП се ваквите глупи изјави зошто инаку не се никаков фактор во државава
 
многу надежен народен пратеник нема што - кој не крие дека сака да им удоволи на гејскиве потреби, па одбрал со свој камен по глава
Грчкиот премиер Андонис Самарас не крие дека посакува колапс на македонската држава, и САД и Европската Унија мора да реагираат многу поостро против него.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C921B2B78487A7418810E0BAB0890BFF
 
сакаш да кажеш дека и порано давале вакви предлози- имале вакви барања овие од Либералната партија ?! ( изгледа не сум у тек:( )


Да, вкл. за името.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ НА ЛИБЕРАЛИТЕ НА СТОЈАН АНДОВ!

12 август 2013 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повикот на Либералната партија на Стојан Андов “Владата јавно да се огради и јасно да ги осуди идеите на Светскиот Македонски Конгрес и групи граѓани за прекин на преговорите за спорот за името и за редефинирање на државните граници“ го смета за антимакедонско и антидемократско!

Декларацијата на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет во Резолуцијата за Балканските војни 1912-1913 година и за Букурешкиот договор од 10 август 1913 година усвоена на 23. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес во којашто “се реафирмира и бара признавање на неотуѓивото и неприкосновено право на самоидентификација и самоопределување на македонскиот народ и на обединување на Македонија по мирен пат во согласност со меѓународното право“, е легална и легитимна, уставна и законска иницијатива, воопшто не е спротивна со ниту еден меѓународен договор, ниту со Уставот на државата Македонија!

СМК ја потсетува либералната група на Стојан Андов дека границите меѓу државите не се непроменливи, туку се неповредливи! Имено, во членот 3 од Уставот на државата Македонија е утврдено дека, “Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива. Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност и во согласност со општоприфатените меѓународни норми.“ Во членот 74 од Уставот, пак, се вели дека “Собранието донесува одлука за менување на границата на Републиката со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Одлуката за менување на границата на Републиката е усвоена на референдум, доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број избирачи.“

Истовремено, СМК потсетува дека, прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните, врз основа на универзалното, неотуѓиво и неприкосновено право на самоидентификација и самоопределување, во апсолутно мнозинство гласаа за “самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

СМК ги потсетува сите дека, никој нема мандат да разговара, преговара и договара промена на државното име Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија претставува кривично дело велепредавство, злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната Декларација за човековите права и Уставот на државата Македонија. Секој договор за промена на државното име е ништовен, бидејќи никој нема активна легитимација и мандат да го склучи!

Затоа, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и на 23. Генерално Собрание на СМК повторно побараа итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со јужниот сосед Елада!

Затоа, Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет и на 23. Генерално Собрание на СМК повторно побараа итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни органи, организации и заедници под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, независно од историските хипотеки, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик, именката Македонци и придавката македонски, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Makedonski people) и (The Makedonski language), (Makedonci) и (Makedonski) туку на англиски јазик “The Macedonian people“ и “The Macedonian language“, “Macedonians“ и “Macedonian“!

СМК ги повикува граѓаните во иднина, на ниту едни избори, да не гласаат за кандидатите на либералната партија, ниту за коалицијата во којашто оваа партија членува, затоа што со ваквите соопштенија се делегитимираат пред електоратот, претставувајќи се како анти-група на граѓани која го крши Уставот на Македонија и ги суспендира основите човекови и граѓански права и слободи!
 
Iskreno me bolit tashak sto rekol Ivon. Onaka mi padna interesno imevo negovo, IVON. Dali poteknuva od imeto Avon i smeneta samo prvata bukva ili pa na imeto Ivo e dodadena bukvata "n". Vo sekoj slucaj kreativni bile kumovite.
 
Позадината незнам која но јас имам едно приметено надвор од нашата земја луѓето кои живеат во другите земји најмногу го застапуваат знамето поточно вергина јас премногу дали еднаш или два пати го имам видено знамето кое е сега. Имам другарка која живее во детроит таа во својот дом има знаме вергина. Интересите и не ги знам многу но ова го имам забележано јас.
 
se znae koe ke se koristi ( ventilatorot) i tuka nema shto da se rasprava
Tuku, ovoj bara zabrana na znameto bilo kade ( vo razno-razni priliki) jes da Mk od nego se otkazha kako od drzavno zname- no ne i od negova privatna upotreba
 
Тоа дека го сакам и јас знамето од Вергина е непобедлив факт, но, позадината на спичов на овој нема никаква врска со желба за деструкција или било какво негативно влијание врз нашава држава, напротив, јас сметам дека човеков сака да наметни една мирна атмосфера, без провокации и и слични работи да си го истераме патот и се разбира да си ја оствариме целта. Шо ќе постигниме ако упорно провоцираме со тој симбол, само ќе ја лутиме јужна и ќе останиме статус кво, ништо фазла. Имаме знаме кое го користиме повеќе од 20 години како државно знаме и не е нити грдо па нити со некакво омаловажувачо влијание за нас како народ.
 
Чуден е банот на сопствените национални симболи. Тоа ваљда само кај нас го има.
Ни знаме ни грб со национални симболи.

Сеа па сакаат и приватното нивно истакнување да го забранат...

Како тоа ВМРО, како десна партија не направи ревизија на грбот или знамето, да има барем на едното, барем еден национален симбол?

Тоа дека го сакам и јас знамето од Вергина е непобедлив факт, но, позадината на спичов на овој нема никаква врска со желба за деструкција или било какво негативно влијание врз нашава држава, напротив, јас сметам дека човеков сака да наметни една мирна атмосфера, без провокации и и аремслични работи да си го иситераме патот и се разбира да си ја оствариме целта. Шо ќе постигниме ако упорно провоцираме со тој симбол, само ќе ја лутиме јужна и ќе останиме статус кво, ништо фазла. Имаме знаме кое го користиме повеќе од 20 години како државно знаме и не е нити грдо па нити со некакво омаловажувачо влијание за нас како народ.
Како бе можеш да провоцираш со сопствен симбол?
Како може моето име, симбол или знаме да биде провокација во сопствената држава?
 
Како бе можеш да провоцираш со сопствен симбол?
Како може моето име, симбол или знаме да биде провокација во сопствената држава?


Па имаме една слична ситуација како еден обичен роб, ме разбираш?
Во право си, те разбирам и јас сум гневен и се чуствувам омаловажен ама шо да правиме, таа е во ЕУ а ние не, а ако не влезиме за скоро ние ќе ги тргаме последиците.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom