Ако не ме лажат ушите наслушнав дека во околината на Шутка има црква или место каде се собираат Јеховините сведоци. Ме интересира нешто, библијата не сум ја прочитал цела, но на крајот има дали броеви, дали е-маил адреси или само адреси (не се сеќавам баш добро) на Јехиновите сведоци во Европа, зошто тогаш тој податок го пишува во библијата некаде при крајот каде што стои поимникот, стои и овој податок, а тоа братство е сметано за христријанска секта?
Потоа баш би сакал некои вакви да ми дојдат на врата со флаери, не за друго како атеист и пред се човек да го согледам нивното мислење и сваќање кон бога, а секако и би ги подбрал малце затоа тоа според мене е богохулие. Но веќе не шетаат односно веќе подолго време не одат по врати затоа што од народот немаат баш некоја позитивна реакција во моментот кога со флаерите ќе се појават пред нечија врата.
Но и да искористам прилика да поставам уште едно прашање на некој верник кој има став дека и атеистите се масони т.е. секташи. Зошто мисли така?