Не ти е добра логиката и споредбата. Математиката велиш е точна и функционира према запишаните правила и закони на математиката.
Ај да отвориме библијата и видиме дали е точна и функционира према запишаните правила. Еве неколку кои ми се актуелни мене а во очај ги фрлаат верниците на форумот (а и пошироко)
16 Кој ќе повеерува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
Марко 16.
Ова значи дека секој кој се крстил иповерува - аутоматски ги добива тие атрибути : отровите не им делуваат, зборуваат без проблем странски јазици и лекуваат болни со полагање на раце. Дали ова вака денес во светот функционира?
Не, затруените верници умираат и идат во болници, за учење јазици плаќаат курсеви а не се лечат еден со друг со полагање раце туку по доктори и аптеки.
или:
12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Ја си одам при Својот Отец;
13 и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
Јован 14
уште еднаш се потврдува дека оној кој верува во Исус и бог ќе ги врши истите па и поголеми дела и уште се ветува дека се што ќе се посака во негово име - ќе му се направи.
Факт е дека мнооогу молитви и посакувања се неисполнети, како за здравје, за пород за усппех, за излез од беда, за пристоен живот......
Така да НЕ функционира религијата исто како и математиката