Дечки сакале признајте сакале ме критикувале, али штотуку ги гледав Рома сега... Кога го гледам Љајич како игра, како се движи, дрибла... ептен ми е мака шо не го задржавме, а баш ова во натпревар како со Наполи ни фалеше некој да разбие внатре да влезе во средина... моменталната игра ни е игра преку крила, скроена како за Гомез, ама Гомез е сеуште повреден, и ако сакате критикувајте ме, или не знам што, ама еден од Јоветич или Љајич ни фали, не знам за вас ама јас тоа го приметувам многу...
Еве Роси е супер играч даде 9 гола на 11 натпревари, ама на последните 2 некако како воопшто да не бараше топка во своите нозе како да бегаше од одговорност, нешто што баш оваа вечер видов(не дека до сега не сум приметил) Љајич цело време го правеше... Можетака ми делува поради тоа што сега Роси игра шпиц(принудно) додека се врати Гомез, па после може и он ќе игра повеќе со топка и ќе се извлекува надвор на 30тина метри да презема поголема одговорност...
Како и да е, ми е мака стварно за Љајич, според мене по секоја цена МОРАШЕ да остане, а вака неговата донесена замена Иличич речиси и да не заигра а и тие малку минути шо ги изигра уште повеќе ме убеди дека е трансфер промашај...