Господ и лагата

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Дали Господ е во состојба да каже невистина или лага. Верниците тврдат дека е тој совршен и перфектен, а кажување на невистини - лажење не е одлика на перфектните, како пример ќе наведам широко позната прикаска за жртвувањето на Исака од страна на Аврам, имено (прераскажано) во Битие 22, Господ му наложува на Аврама да го земе својот син Исак, да го однесе до одредено место, таму да го заколе и запали како жртва кон Бога. Аврам го послушува, го зема детето го носи во гората, реди дрва за палење го вади ножот да го заколе и во тој момент ангелот му се јавува и го застанува дека не требало така дека само Бог го искушувал...
Значи
или Бог навистина сакал Аврам да го убие синот и да го принеси како човечка жртва за него (што значи дека му кажал вистина и сакал човечка жртва но подоцна се предомислил)
или Бог го излажал Аврама за своите намери и го држел во лага до последен момент
Колку уште лаги има кажано Бог кои не ги знаеме, некои сам ни ги откри, во некои беше фатен дека лаже а сигурно има и некои за кои уште не знаме дека се невистини.
 
Муабетов со примеров, нели Бог беше сезнаен и семоќен. Ако бил сезнаен зошто би го искушувал Авраам?
 
Можеби се сомневал во своите информации, можеби не бил сигурен дали добро го знаел Аврама... а можеби и сакал да се нашали со него
 
Бог само сакал да знае дали сатаната покрај останатите грешници како атеисти и будисти го има опседнато и Аврам.
Он е сепак совршен затоа што он го наговорил Аврам да го жртвува синот ама затоа после го праќа ангелот во право време да 'интервенира' за да го премисли, да му ја каже вистинската приказна и да го спаси Исак.

Све тоа било испланирано во km/s, струење на воздухот, големина и маса на ангелот како и магнетните влијание наспроти електрицитетот на облеката од аангелот.
 
Е како тоа сакал да знае? Нели он се знае?

Во книгата Одговорот на Јов (Answer to Job) од Карл Густав Јунг подетално е разработена оваа тема.....за недоследноста на БОГ (Јахве), за неговата неморалност, дволичност и несовршеност.....
 
Да. Он знае се ама нема достапност до душите кои се опседнати од ѓаволот и се антихристи. Затоа и го пуштил ангелот да го спречи Аврам од убивањето на синот. Затоа кога дознал Господ дека Аврам е спремен да го жртвува синот за Бога го спречил тоа. Семоќен и сестран е и затоа успеал.
 
Е како тоа кога дознал? Ами нели он се знае? Значи ако знае се ке го знаел и тоа и немало што да дознава отпосле.

Да. Он знае се ама нема достапност до душите кои се опседнати од ѓаволот и се антихристи. Затоа и го пуштил ангелот да го спречи Аврам од убивањето на синот. Затоа кога дознал Господ дека Аврам е спремен да го жртвува синот за Бога го спречил тоа. Семоќен и сестран е и затоа успеал.
 
Во книгата Одговорот на Јов (Answer to Job) од Карл Густав Јунг подетално е разработена оваа тема.....за недоследноста на БОГ (Јахве), за неговата неморалност, дволичност и несовршеност.....

Да не слуичајно Јунг ги користи ликовите за да опиши психички процес на раст и развој на личноста? Пример Бог во случајов би бил моќен комплекс на Алтер Его што глуми сека е Супер Его и се обидува да го победи Егото во случајов Јов!? Ај ако не ти е мака прати ми во пп линк од книгата (нека е и на енглески, без разлика) пошто за ваква книга од Јунг не сум чул...
 
Муабетов со примеров, нели Бог беше сезнаен и семоќен. Ако бил сезнаен зошто би го искушувал Авраам?

Муабетот е како син ти да го пратиш во војна да загине......ништо друго. Арно ама ПРОСТА РАЈА.....
 
Let 3, да беше господ у човечка форма тука на земја, а ти адвокат, со вакви докази, ке го стуткаше у затвор до сега најмалце 20 пати, доживотна робја. :)
 
Несомнено Јахве сакал малку да го трола Аврама и овој пример можеби е првиот забележан во книга за вештината на тролањето.Некој ќе каже во обид да го оправда Аврам дека се работи за силна верба кон Бога но кој би го жртвувал синот затоа што му се слушале гласови?Целата приказна е бесмислена ако се има во предвид дека Јахве се претставувал како сезнаен и нема никаква поента,стварно се мачам да ја сфатам поентата на оваа еврејска приказна.
Но Лет3 смени си го насловот,треба да гласи Јахве и лагата.
 
Let 3, да беше господ у човечка форма тука на земја, а ти адвокат, со вакви докази, ке го стуткаше у затвор до сега најмалце 20 пати, доживотна робја. :)

Ма да бев админ а бог некој форумџија ќе јадеше бан за тролање ко шо спомна @Muranyi
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom