Бидејќи гледам дека има многу контрадикторни информации околу лимитирање на пејпал акаунтите во темава, решив да пишам нешто околу тоа. Ова не се железни закони, правила или било што...едноставно се работи што сум ги научил во текот на моето 5 годишно активно користење на пејпал.
Како да избегнете да ви го лимитираат акаунтот:
1. Никогаш не користете прокси или VPN за да пристапите на пејпал. Пејпал асоцира една IP адреса со еден акаунт. Доколку користите прокси или VPN нормално адресата драстично ќе се смени и шансите се големи дека ќе ви побараат документи.
2. Секогаш користите верифицирани акаунти. За како да верифицирате пролистајте назад во темава. Начинот на Anon уште работи и тој е истиот од 2008 па навака, само што тогаш многу помалку луѓе го знаеја.
3. Користете го вашето вистинско име, т.е. тоа кое што стои на картичката со која сакате да го верифицирате акаунтот.
4. Може да имате било колку пејпал акаунти со истото име, од иста IP адреса. Финтата е секој да е верифициран со различна Виза Електрон картичка (од различна банка) на која стои вашето име нормално.
5. Не одете над 1500 евра/долари годишно на секој верифициран акаунт. Ако се доближите до овој лимит, подобро направете нова виза електрон од друга банка и отворете и верифицирајте нов акаунт.
6. Парите кои ви стигаат на пејпал не ги повлекувајте одма на вашата картичка, почекувајте барем 48 часа.
* објавено за инат на едно лажливо човече