После последните дешавки на регионов,темава пак станува актуелна.Доказ е и следниов ЧЛАНАК:
“Балкански пасош“ за Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Косово
Центарот за европска политика (ЦЕП) вчера во Брисел одржал работен состанок на тема интеграција на земјите од западен Балкан во Европската Унија. Состанокот насловен како “Балканот во Европа: Да се скроти или да се преобрази?“, предложил дванаесет точки, кои би придонеле за побрза интеграција на тие земји по проблемите со ратификацијата на Договорот од Лисабон, односно по ирското “не“, пренесува српскиот весник “Блиц“.
Најинтересен заклучок бил земјите од западен Балкан меѓусебно целосно да ги отворат границите. Било предложено да се укинат сите визи меѓу балканските држави, да се отворат границите и да се склучи “Договор за балкански пасош“, по примерот на сличниот договор меѓу нордиските земји.
Според ЦЕП, тој договор би требало да го потпишат Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.