мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.068
- Поени од реакции
- 23.518
Па отприлика би ти требал камин со номинална моќност од околу 15 кв( не масимална) ама не ке направиш лошо да има и нешто повеќе. Значи збораме за камин со воден котел а не обичен камин. Истата математика е и за котел.Како на пример околу 100 квадрата, на два спрата.
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 01:28 ---
Каков е тој котел? Каде може да се набави? По која цена?
Разликата помеѓу котелот и каминот прво е во дизајнот, начинот на загревање и во моќноста. Котлите можат да имаат многу поголема моќност и затоа се користат за загревање на поголеми простори. Друга разлика е во начинот на загревање. Котелот скоро цела енергија ја предава на водата додека каминот обично 40 % зрачи во просторијата каде седи а 60% во водата. Затоа тој се става во собата каде ке престојувате за разлика од котелот кој може да биде поставен било каде. И котлите за разлика од камините пошто не се предвидени да седат во дневната соба најчесто се и малце грдички за разлика од камините кои дополнително му даваат шарм на собата во која се сместени.
Било како било рачунај си дека еден киловат е отприлика 7 квадрати при висина на таванот од 2.6 метри и објектот е со просечна изолација, па према тоа ке ја одбериш и јачината на каминот или котелот( без разлика што ти тврди продавачот).
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 19:31 ---
Не е друга математика туку не верувај на се што ке прочиташ. И во просек 1кв не е 6 туку 7 квадрати, освем секако ако не станува за просторија со никаква изолација.Ајде малце помош од поупатените, ако 1kw е доволен за загравање на површина од 6м2, тогаш како оваа печка од 6kw http://www.alpinpelet.com.mk/index.php/sample-levels/solara-6kw може да загрее 60м2. Или кога станува збор за греење на пелети друга е математиката ?