“Нешто е гнило...”

S

StormRage

Гостин
Reporting from Goce директ. Хм, никој не ни е крив, имаш продадени гзови наоколу, партиски војничиња кои лепеле плакати за да добијат место. До лани имаше алфи, луѓе кои работеа администрација во мвр на пример. И тие не се бунеа, добиваа огромна пара и као демек муабетот беше, за 3500 месечно океј е. Епа не е океј, стварно не е океј. Сите молчат пошо кога и да отидеш некаде, да направиш муабет со некој (ете, за протест) еден ќе се согласи, вториот ќе се согласи, ќе дојде третиот (независно дали студентски сојус или курац-палац, најчесто партиско војниче) и ќе ти рече: ако не ти чини тука, оди во стан. Е сега тука е проблемот, лесно се решаваше сето ова, годинава по сите глупости што ги изнаправија фино лепо бојкот. Да останеа сите студентски празни, имаше не да ги реновираат, гоце имаше розев да е исфарбан...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.455
Поени од реакции
28.677
После една година на факултет заклучив дека иако сме колеги, не постои никаква колегијалност.
Не па за студентска слога, тоа само на филмовите го има.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Зошто нема организирано студентски протест?
Дали вие би излегле на таков протест дури и ако на тој протест се појави политичка пропаганда?
Што е тоа што тебе те спречува да излезиш на таков протест?
Каде е прецедателот на студентите Кирил:​
Кои последици може да ги сноси еден поединец-студент доколку излезе на протест?
Ако не се лажам истиот ти на темата Студентски домови се пофали дека те имало на 2 списоци (вмро-сдсм), сега истиот ти ги поставуваш овие прашања погоре. Прво постави си ги самиот ЗОШТО ТИ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕШ бидејќи иако не те познавам гарантирам дека САМИОТ ТИ нема да излезеш кога си влегол со списоче ;)
Греалка....хм и дома се курчите сите со греалки ко ќе е поладно....јас седам 4години веќе во студентски дом и ОГРОМЕН број од „напатените студенти“ пуштаат греалка, отвораат прозорец или пак греалката пуштена и се шета по боксерски и маица низ соба, ова ОК Е?
Јадењето е стварно катастрофа, јас сум седел 4 месеци и во стан и кога споредам дека таму јадев само конзерви, јајца пржени и тестенини бидеќи за друго како прво немав добро шпоре да зготвам и време сега ми е ОК (макар што е далеку од ОК).
Едно прашање до тебе сега Ќе направиш сега нешто надвор или само тука ќе си филозофираме на форумов? Ајде потегни, оди во студентски парламенти сојузи барај ги правата на студентите.
Ми е скурчено од вакви филозофи кои филозофираат и подбуцнуваат само, а кога треба да се направи некоја работа ги нема никаде. Има еден куп такви и во домов наоколу а сите носат по 2 партиски книшки во секој џеб различна, не те познавам лично и немам ништо лично али на оваа тема ми се дига притисокот оти 4 години се ебавам по студентски домови и знам како функционираат некои работи и покрајт филозофиите кои ги бркаат студентите.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.470
Вака прават бугарите
Орешарски: Студентите имаат право да протестираат, подготвен сум на дијалог


inShare

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски за штрајкот на студентите со европски одговор
За окупацијата на Софискиот универзитет и протестот на студентите Орешарски изјави дека е подготвен на дијалог со нив.
Постојат многу работи кои студентите треба да ми ги кажат и јас да им ги кажам!Ми изгледа дека може да направиме добар дијалог со нив. Тие имаат право да протестираат, се разбира, но треба да ги избираме формите на протест, за да не им пречиме на другите. Тој потсети за студентските штрајкови од 90-тите, кога како предавач лично поддржувал студентски протести

Вака правите вие

Студентска поддршка за новите владини мерки во економско - социјалната сфера
на 6.2012 - МТВ 1
Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го поддржа пакетот мерки кој вчера беше презентиран во Владата, а има за цел да ја подобри социјално-економската состојба во државата.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
4 Децении од како ги нема интелектуалците и движечката сила на овие простори, прости ама вие сте издркотини и бљувотина.
Е овие беа студенти двигатели и придвижувачи на опшеството





овие денес што демек студираат и учат материјали кој што пред 15 гподини се учеа во основно и средно сте буквално неписмени глупи и тупи најобични лингури.
Немате право да се нарекувате студенти.
И замолчете, живеете во домови изградени како последица на оние штрајкови од погоре 1968.

Апсолутно си во право кога станува збор за спонтаноста и бројноста на студентите кои тогаш демонстрирале. Инаку станува збор за светски феномен. Но сепак, овие фотографии се направени во Белград. Во далечната 1968 во Македонија немало студентски протести. Други протестирале за права, и мислам дека нема да ти биде тешко да погодиш кои. За волја на вистината, во врска со студентите, имам чуено дека имало (помал) протест некоја година порано, поради храната во студентските мензи во Скопје.
А дека ју-властите биле првично исплашени, биле. Затоа денес студентските домови и не се така блиску до факултетите. Но еден говор на Тито бил доволен да се измијат младите мозочиња, кои веднаш по титовиот настап радосно свртеле козарачко оро и се смириле. И ден-денес се смирени.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
@puno Чувствувам одговорност за ова да те демантирам, и ние мислиме дека вие сте ептен народ кој се држите меѓу себе...[/quote]

ви кога ке признаете нешто никогаш и за вас да е добро вие увек лошо.Чуствуваш одговорност па ако чуствуваш што не излезете и кажете дека не е во ред според рамковен да се вработува без разлика на знаење и квалитет или пак живеете во Македонија а се нарекнувате и се декларирате Албанци.Или пак да се затвораат македонски продавници а вашите да не се чепнат и да не знаете што е фискална сметка.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Секој ден се повеке мислам дека сме ставрно вештачки народ кој нема ама баш никаков свест за другите околу себе за своите деца,внуци секој се туди да преживее и на него да му е убаво... Знае дека администрацијата ни е трула и голема на бројка ама секој гледа ТАМУ ДА СЕ БУТНЕ...... дали е ова племенски начин на живот? а ние не сме народ него племе.......
 
?

..........

Гостин
Секој ден се повеке мислам дека сме ставрно вештачки народ кој нема ама баш никаков свест за другите околу себе за своите деца,внуци секој се туди да преживее и на него да му е убаво... Знае дека администрацијата ни е трула и голема на бројка ама секој гледа ТАМУ ДА СЕ БУТНЕ...... дали е ова племенски начин на живот? а ние не сме народ него племе.......
Издркотина сме...а од издркотина не бива народ, а уште помалку држава..
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Ако не се лажам истиот ти на темата Студентски домови се пофали дека те имало на 2 списоци (вмро-сдсм), сега истиот ти ги поставуваш овие прашања погоре. Прво постави си ги самиот ЗОШТО ТИ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕШ бидејќи иако не те познавам гарантирам дека САМИОТ ТИ нема да излезеш кога си влегол со списоче ;)
Греалка....хм и дома се курчите сите со греалки ко ќе е поладно....јас седам 4години веќе во студентски дом и ОГРОМЕН број од „напатените студенти“ пуштаат греалка, отвораат прозорец или пак греалката пуштена и се шета по боксерски и маица низ соба, ова ОК Е?
Јадењето е стварно катастрофа, јас сум седел 4 месеци и во стан и кога споредам дека таму јадев само конзерви, јајца пржени и тестенини бидеќи за друго како прво немав добро шпоре да зготвам и време сега ми е ОК (макар што е далеку од ОК).
Едно прашање до тебе сега Ќе направиш сега нешто надвор или само тука ќе си филозофираме на форумов? Ајде потегни, оди во студентски парламенти сојузи барај ги правата на студентите.
Ми е скурчено од вакви филозофи кои филозофираат и подбуцнуваат само, а кога треба да се направи некоја работа ги нема никаде. Има еден куп такви и во домов наоколу а сите носат по 2 партиски книшки во секој џеб различна, не те познавам лично и немам ништо лично али на оваа тема ми се дига притисокот оти 4 години се ебавам по студентски домови и знам како функционираат некои работи и покрајт филозофиите кои ги бркаат студентите.
Ах бе Даниел
Ме познаваш лично, ама не ме знајш преку форумов, инаку немаше ова да го пишиш.
Јас си ги поставувам прашањата уште од првиот ден кога стапнав во Гоце, не се секирај, прилично бев активен по студентските организации. Не ја префрлај темата на лични дискусии.

Самиот знајш дека поединец ништо нема да прави сам, само сам ќе си го крка стапот, а гледам и нешто студентскиве движења имаат слаба заинтересираност за организиран протест или пак да застанат зад студентите. Се нешто се бунат за „бесплатно образование“, „студентски бенифиции“ , а проблемот е далеку далеку од ове две каузи. Проблемот е толку банален што мислам дека никаде на друго место во Европа го нема. Проблемот се катастрофалните услови за живот и хигиена во Студентските домови.
Лани 2 пати бев пред избркувње од Гоце заради караниците со прецедателот на совет на станари. Се повлекував од караниците само заради тоа што бев сам. Никој не се бунеше, на сите им беше совршено, иако и лани беа условите мошне лоши.
Прво што треба е ние студентите да излезиме од онаа рамка каде што само че чутиме. Треба повеќе да почниме да ја изразуваме нашата незадовлност како персони, а потоа и нешто повеќе.
И не, немам членска од никоја партија.
 
M

Muranyi

Гостин
Џабе е се,фали критична маса помеѓу младите која би била носител на промените.Штом нема бунт,веројатно им е ок.Нашата младина е преокупирана со други работи,а општо и како народ сме западнати во хронична апатија.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ах бе Даниел
Ме познаваш лично, ама не ме знајш преку форумов, инаку немаше ова да го пишиш.
Јас си ги поставувам прашањата уште од првиот ден кога стапнав во Гоце, не се секирај, прилично бев активен по студентските организации. Не ја префрлај темата на лични дискусии.

Самиот знајш дека поединец ништо нема да прави сам, само сам ќе си го крка стапот, а гледам и нешто студентскиве движења имаат слаба заинтересираност за организиран протест или пак да застанат зад студентите. Се нешто се бунат за „бесплатно образование“, „студентски бенифиции“ , а проблемот е далеку далеку од ове две каузи. Проблемот е толку банален што мислам дека никаде на друго место во Европа го нема. Проблемот се катастрофалните услови за живот и хигиена во Студентските домови.
Лани 2 пати бев пред избркувње од Гоце заради караниците со прецедателот на совет на станари. Се повлекував од караниците само заради тоа што бев сам. Никој не се бунеше, на сите им беше совршено, иако и лани беа условите мошне лоши.
Прво што треба е ние студентите да излезиме од онаа рамка каде што само че чутиме. Треба повеќе да почниме да ја изразуваме нашата незадовлност како персони, а потоа и нешто повеќе.
И не, немам членска од никоја партија.
јасни ми се мене условите во домовите и повеќе од што треба, во нив скапувам еве веќе 4 години и најверојатно последна ми е оваа. Немам кон никого на форумов ништо ама баш ништо лично али дека сум бил на еден куп протести каде сите кои се гласни вака со прикриени идентитети ги немало во таквите гужви е ФАКТ. Што се однесува до мене ми е сеедно веќе за се што се случува наоколу мене, бидејќи со овај народ, со ваков менталитет и размислувања не гледам иднина тука. Така да ниту планирам да исправам кривини ниту пак да се замарам со вакви срања. Уназад 5 години во сите студентски се претседатели и раководители истите фаци, ако го менат едниот го поставуваат во најбрз можен рок другар негов кој е уште поголем идиот, преварант од предходниот. Сами се избираат сами се поставуваат така да вооптшо не ме интересира исправање на условите во домовите бидејќи сум седел и во најголемата дупка од сите домови и знам многу добро како одат процедурите ;)
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Затоа што и да кажеш еден е*ан збор ќе ТЕ НАРЕЧАТ СОРОСОИД, ГРЧКИ ШПИОН, БУГАРСКА ПЕВАЉКА и ќе отераш се у ПИ*КУ МА**Р и ќе се запрашаш што уште бараш во оваа држава.
тоа е тоа ...
 
A

AnFem

Гостин
Значи побитно од борбата за своите права и подобри услови е како ќе бидеш наречен?
Океј.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кои сте, бре, вие? Што е вашата генерација? Која е вашата песна?
Слоган? Што пишува на вашиот беџ? Кому му верувате? За што викате?
Против што сте, за што сте? Што менувате? Кои се вашите книги? На што се радувате? Кои се вашите идни класици? Која е причината на вашето постоење? Зошто сте на овој свет? Зарем се помирувате со судбината на генерации произведени во троминутна аритмична средба на несреќниот сперматозоид и расплаканата јајце клетка? Кому и што му отплаќате со ваквата судбина? Зошто се ваши долговите, кога вие не сте ги направиле? Зарем во вашата генерација Че го убил Фидел? Сакате ли генерациски да бидете проклети, безначајни, кусур на историјата? Да личите на нас?
Зарем погледот на целулитот на Ким Кардашијан е вашиот краен хоризонт?
Вашите хиперпалци развивани со СМС-и, вашиот Голем брат, Пахомије и Прељубниците, медиумски натурените идеално-типски идоли со истиот број на усти ко патки и со идентични вимиња пазарени од монотони Икеа полици; зарем тоа е сè што генерациски го можете? Што смеете? Овие предвоените, овие пред вас, ги виделе Битлси, Кенеди, Виетнам, Мухамед Али, 68-мата, Вудсток, децата на цвеќето, црните браќа, Брaндо, позата 69, Селинџер, нашата Златна палма, нобеловецот Андриќ, слетувањето на Месечината, Олимпијадата на Јахорина, транзисторот, Бил Гејтс, ТВ во боја, Мерилин Монро, компјутерите Комодоре, Дилан, крајот на СССР, Зоран Радмиловиќ, море, Маратонците, Шон Конери, Ѕвезда како првак на светот, смртта на Тито, далечинскиот управувач, крајoт на апартхејдот, нашата златна во кошарка, Џаиќ, Конкорд, Пикасо, првиот дел на Кум, це-де, падот на Белринскиот ѕид, Арсен Дедиќ, отварањето на Кинескиот ѕид, Бугарија во ЕУ, покриениот храм на Св. Сава, граѓанската војна и распадот на Југославија. Ја гледате ли разликата? Зошто се помирувате со неа? Зошто, неописливо млитаво, се согласивте после претходната, силициумска генерација, да бидете мутави силиконски потомци?
Утешно. За сега. Не сте вие виновни што сте такви. Ничија генетика не е толку лоша. Вас ве препарирале. Вие сте експонати. Заморчиња.
Најпрвин, комунизмот и долготрајната транзиција го уништија генерацискиот и поединечниот интегритет. Без интегритет нема личност. Без личност нема граѓанска храброст и одговорност. Без граѓанска храброст и одговорност, нема демократија. Конечно, недостатокот на интегритет и недостатокот на писменост даваат вакво српско новинарство. Српското новинарство потоа ентузијастично се вклучува во дресурата на српското јавно мнение, придонесувајќи на атмосфера во која е сè можно. Луѓето, заради радикалниот губиток на свест, дури и оној за личен интерес, во мнозинство се согласуваат и Србија повремено да ги заклучува капиите одвнатре. Се согласуваат нивните деца да им ги даваат на други да ги трошат како да не им се роднини. Се согласуваат од Србија да се граба како да е веќе мртва.
Се согласуваат или подмолно молчат кога со помош на крупни општествени дисторзии и ломови, секои десетина години, вршат принудни социјални промоции на неуки, неупатени, а послушни. Што е тука нејасно?
Таблоидната политика неминовно раѓа таблоидна економија, потоа таблоидна уметност, потоа таблоидно новинарство и, конечно, таблоиден живот со десет часа дневно хипнотизирање со телевизиска програма.
Каква и да е, да ја нема во Србија РТС, сите ќерки би биле како Стоја, а сите синови како заштитени сведоци. Не е случајност. Тоа е нечиј политички проект, се' во Србија да се сведе на вечни непродуктивни судири и исконска војна на нашиот Шојиќ и нивниот султан Сулејман.
К'смет, веројатно.
Можете да се спасите само поединечно. Со талент или р'мбање, сеедно.
Бидете подобри од другите. Подобри од нас. Искористите го овој хаос.
Проникнете во суштината на општественото диригирање, создавањето сеништа, укинувањето на секоја спонтаност или случајност. За тоа главно ви молчат. Парадоксално, никогаш не било полесно да се направи кариера во медиумите. Одвоите се себеси од масите со писменост и интегритет. Под услов да не сте мрзоволни. И да сте писмени. И да не ја чачкате суштината на системот.
Не е лесно. Сте ја избрале последната робовладетелска професија на свет. Секогаш зависите од некој уредник кој на вас ги лечи сите комплекси на својот, исто така беден живот. Секако, ги има и поинакви во оваа работа. Некои се мртви. Некои убиени, затоа што биле поинакви. Други тврдоглаво се држат до својата суета; заради себичност, болна желба да се издвојат, да бидат воочени, запаметени, влијателни - несакајќи го загрозуваат мирот, физичката сигурност и финансиската стабилност на нивните семејства.
За да разберете како функционираат работите за кои ќе пишувате, пожелно е барем јасно да ги видите. На Балканот секое богатство е, воглавно, плод на снаоѓање, непослушност, корупција, на Алцхајмер („не се сеќавам од каде ми се парите") или државна милост. Во средиштето на превртената општествена пирамида, која на глава ја држат губитниците на транзицијата и покојната средна класа, функционираат парите.
Големите пари. Десно од парите се партиите и државата. Во тој дел, речиси секоја групација во текот на мандатот прави повеќе за себе отколку за Србија. Лево од парите се училиштата, црквата и медиумите.
Десните го одржуваат постоечкиот поредок и страв. Левите произведуваат инерција, општествен консензус и илузија на движење кон подобро. Само што не сме стигнале. Корупцијата, под која ѕирка мафијата, ги поврзува - како некој отровен бршлен - сите спратови на пирамидата. Оваа шема важи за сите времиња, сите општества и сите системи. Единствено е прашање на густината на отровниот бршлен и на способноста на системот себеси да се одбрани кастрејќи го, само повремено, тоа украсно билје.
Ете, сега знаете зошто на сите им е така како што ни е. Сега знаете дека родителите не ви се виновни. Во најлош случај се само соучесници. Или барем сведоци. Или, насетувам, жртви.
Немојте снобовски да ја отфрлате важноста на печатените таблоиди или на телетаблоидите за менталното здравје на Србија. Тие собираат ѓубре низ Србија и го ставаат на екранот или го замотуваат во хартија. За разлика од многумина, би сакал секој богаташ да има сопствен таблоид.
Имено, уредниците на таблоиди се чесни луѓе. Тие ги напаѓаат само лицата кои се „уплатени", „типувани" и нарачани од газдите. Дури тогаш, во сеопштата медиумска војна на моќните, каде секој својот противник ќе го кодоши во јавноста и кај полицијата, ќе дознаеме се' за сите. Дајте ни уште таблоиди, ако и' мислите добро на Србија. Во нив, значи, е вистината. Делче по делче, па сами местете ги лего-коцките на откровението.
А сега клише: новинарите не се уметници, уште помалку историчари. Што би можел некој иден аналитичар на нашето време да дознае за денешна Србија и за нас, проучувајќи ги тукашните весници? Што би заклучил за нашата култура, економија, писменост? Дали ќе верува дека сме секта, племе кое работело против себе, сеèдодека тоа не ни пошло од рака?
Ние сме писари на сегашноста. Затоа, со ретки исклучоци, живееме во своето време и исчезнуваме со него. Неповратно, затоа што така треба.
Нека крене рака секој од присутните кој чул - не читал, чул - за Веселко Тенџера. Никој? Добро. Беше најдобар новинар на своето време, седумдесетите, во голема Југославија. Да ве прашам кој го читал Тирке (Богдан Тирнаниќ, заб.прев.), ќе се јават десетина. Има ли смисла да ве прашувам за Винавер?
Нема? Не се осудувам да кажам - има ли некој присутен, кој прочитал некое мое текстче? Сигурен сум дека нема, затоа што би се препознале по обостраниот неадекватен изглед, однесување и дизајн. Затоа, во текот на три децении, сум сведуван на изложбен примерок на многу лош пример. Затоа сум денес тука. За вие да не бидете вакви. Морам да признаам, финалниот удар ми е зададен неодамна. Имено, неотповикливо е одбиена мојата молба да станам член на Фејсбук.
Колеги, можеби со овој разговор ви го забрзав созревањето. Можеби ве заплашив. Но, не ве лажев. Не ви се упикував. Искрено, би сакал генерациски да ме демантирате во секое тврдење. Некои меѓу вас знам дека ќе го сторат тоа. Талентот е несовладлива природна сила. Наспроти уредниците, троскотот, обратната пирамида и транзицијата. Или ќе успеете, или нема да ве има. Немојте да бидете воочлива генерација, затоа што стоите на планина непрочитани книги.
Би благодарам што ме поканивте да зборувам во школа чиј студент сум и денес".
*Обраќање на Александар Тијаниќ на студентите на Факултетот за политички науки во Белград. Извор: Време
 

Kajgana Shop

На врв Bottom