Брат не се замарам многу со исхрана ако мислиш на броење калориии и такви работи.. Исхраната ми е обична.
На еден оброк јадам дур не сум сит, обично имам 4-5 оброка дневно, од кои еден е овошје, најчесто банани.
За ручек обично јадам пилешко со ориз, скуша или ослиќ со варени компири, стек со грашак, мусака со говедско мелено (чисто), спанаќ со јајца или со ќофтиња исто од говедско, леќа, грав... Еднаш до два пати месечно јадам свински ребра со печени компири.. Успат нели салати, пиперка, патлиџан, зелка итн.
Доручек и вечера најчесто сендвичи во кои комбинирам некои од следниве работи: путер, сирење, кашкавал, печеница, паштета од стек (не купечка, сам си ја правам), ајвар, конзерва туна или сардини, јајца.. Јадам само црн леб и со три оброка во денот пијам шоља јогурт.
После тренинг најчесто го јадам месото што останало од ручек или од претходните денови ако има останато нешто копанче, стекче итн..
Не јадам: теста и тестенини, никакво благо или шеќери, мрсни манџи и јадења, бел леб, бели пецива, било какви вештачки храни.
Oд пијалоци пијам само вода и јогурт, и неколку пивца во неделата, тоа не пратам баш ама на едно седнување повеќе од 2 пива не пијам.
Вежбам 7 дена во неделата, одмарам кога има некои поголеми празници и кога одам по одмори. Тоа е.