Па затоа неможе да се дефинира. Ако набљудувањето влијае на материјата, тогаш дали материјата е производ на свеста - субјективноста а не обратно како што обично повеќето луѓе сметаат?
Тоа фактички повлекува заклучок дека објективноста - материјалната реалност е последица на субјективноста, колку и да звучи тоа лудо за некого.
Нешто кое Макс Планк и Нилс Бор го имаат изјавено во првата половина од 20-от век:
“All matter originates and exists only by virtue of a force which brings the particle of an atom to vibration and holds this most minute solar system of the atom together. We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent mind. This mind is the matrix of all matter.”
Max Planck
“Everything we call real is made of things that cannot be regarded as real. If quantum mechanics hasn't profoundly shocked you, you haven't understood it yet.”
Niels Bohr
Би додал/дополнил можеби и корегирал некои работи. Ги немаме расчистено некои базични поставки, нема консензус околу некоја парадигма која би служела за основа понатаму па затоа се доаѓа до такви сулуди заклучоци кои звучат не само неинтуитивно туку и нелогички за многумина.
Тука мислам на епистемелогијата пред се која не е дел од научниот метод и е комплетно игнорирана и сите наши спознанија се земени здраво за готово, а истата е многу битна во квантната механика, без разлика што ќе речат многумина што не ја проучиле доволно, знаеш сам колку смешни натегање имаше на форумов. Не дека тоа го прави научниот метод неточен, туку ги доведува до прашање неговите интерпретации.
Што е работата со свеста, надбљудувањето, материјата и како се исповрзани меѓу себе? Ја мислам дека Планк а посебно Бор многу добро ја сфатиле суштината, но пак не успеале или немале желба, идеја да го скоцкаат тоа за и другите да го разберат комплетно, можеби затоа што науката била нив главен интерес, а не филозофијата, а проблематиката ги опфаќа и двете теми, колку и да некој не гледа начин како би се споиле.
Дали навистина дрвото во шумата паднало ако никој не го видел? Дали месечината
постои ако никој не ја надбљудува? Што е всушност тоа
ПОСТОИ? Според интерпретациите на Бор, Месечината баш и не
постои кога не е надбљудувана, колку и да звучи глупаво на прв поглед, имале спор со Ајнштајн за ова кое звучело лудо дури и за него. Но, иако нашиот ум си креира илузија дека се` си продолжува на ист начин и кога не постои во нашата свест, не знаеме и не можеме да имаме доказ за тоа, задираме во некои филозофски теми тука, ама интересното е што со квантнава физика тие имаат директни, реални, практични импликации.
Вака, пред се нема да давам докази пошто работиве се елементарна логика и аналогија. Што значи тоа дека надбљудувањето влијае на материјата? Што е материја? Материја не е ништо освен некаков модел во нашата свест за нешто „надвор“ што всушност е наше внатрешно доживување, никогаш не допираме до нешто „надвор“. Како што рекол Бор чинам, се тоа се случува затоа што умот е крајна станица до која допираме до се што знаеме, не може да се прескокне умот.
Реалноста вели тој исто, не е во електронот, туку во надбљудувањето. А каде е надбљудувањето? Во нашата свест.
Се она што го нарекуваме научен метод, надбљудување, реалност не е ништо друго освен некакво „њуркање“ би го нарекол низ свеста, индивидуална, а и колективна, а таа свест, или барем делот од таа свест што го нарекуваме материја може да е производ на поинакви принципи и закони од оние што ги знаеме како физички, каузални, материјални... ние никогаш не пристапуваме до нив, па си правиме бајрам на мозокот дека кога не ги гледаме постојат во сите можности состојби нештата (каков доказ имаме за тоа освен наш модел за полесно да си објасниме некои ствари?).
Не е дека електроните чекаат на готовс да се свртиме накај нив па да завземат една состојба... бидејќи така некои го претставуваат звучи ирационално, смешно, мистично или нелогично. Па затоа кога ќе се земе се здраво за готово без претходните дефинирања импликациите изгледаат бизарни и шокирачки. И вака изгледаат но имаат логичка основа, треба само вистински пристап и отворен ум за работи кои веќе ги знаеме и можеме да ги поврземе, но ни изгледаат неинтуитивни без добро да ги изанализираме.
Всушност тука некаде погоре според мене лежи зајакот, ни треба редефинирање на што е тоа реалност или барем до што е тоа реалност за нас и до каде е нашиот пристап (ум) што е тоа надбљудување и каде се извршува (Пр: умот ја има како продукт реалноста која е продукт од нас и нешто екстерно, надбљудувањето е истражување на тој продукт а не на тоа екстерно кое не може да се нарече ни реалност за нас)... кога ќе се дефинираат вака работите може да се дојде до комплетна и логичка целина, што не ја прави целата работа помалку мистична, ама дава different overview, или поинаков агол на гледање на нештата, далеку пологичен
Ако е дериват на свеста, можеме ли да управуваме со неа?
Хмм... who knows... управуваме ли со телата? Ако вистинската приророда на квантниот свет е некаква игра на шанси... можеби е мозокот amplifier кој ја преточува иницијативата од свеста во акција
чисто шпекулативно...