- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Жал ми е, ама мислам дека ова е крај. Очигледно е дека девојката е малку изгубена, не знае што сака. Дури деува како мало дете: сакам, не сакам, јави ми се, па не ми се јавувај. Многу напорно.ете се случи и тоа во мојот посран живот - ми раскина девојка која навистина ја сакав и се грижев за неа. не истрајавме ни два месеца. свесен сум дека е прекраток период, но навистина се заљубив и болеше неверојатно многу кога пред скоро 2 часа дојде и ми го рече тоа.
причините - многу сум бил pushy за секс, не можела да се поврзе со мене и периодот и бил таков кога не можела да биде со никој.
не се расправавме, никој не повиши глас. се помина мирно. се гушкавме и бакнувавме, но не во уста, ништо интимно.
солзите не можев да ги сопрам пред неа... никако... самите течеа... не ми е страм да признаам. и не ми е гајле кој и што ќе помисли. само сакам да се испразнам некаде, а не ми се збори со никого.
ја прашав да ми даде втора шанса, рече дека ни самата не знае што сака. кога ја прашав дали е дефинитивно, рече дека и тоа не знае, само знае дека сега не сака да е со никој, и дека не сакала да престанеме да зборуваме. сега сака да зборува со мене, а кога и да пробав пред тоа да зборам со неа, таа ме одбиваше, не сакаше да зборува за длабоки нешта.
а вчера се видовме прв пат после 2 недели. јас заминав од тука за да ја видам фамилијата во Македонија. Ми рече и дека не сум сакал да зборам доволно со неа преку скајп. А зборувавме баш доволно, барем според мене, а овде нема ни кого ни зошто да лажам.
не знаев дека може волку да боли. сече. мислам дека сите операции заедно не болеле толку како сега. и сеуште ме тера на плачење. знам, лигав сум, но тоа е. ја сакам. не сакам да ми биде само уште една бројка.
има ли шанси да ја вратам? навистина боли...
Мислам дека треба да оладиш и да се одделиш од неа. Никакви втори шанси, никакви скајп муабети. Колку повеќе одолговлекуваш, толку повеќе ќе боли.
Боли и треба да боли. СИте сме минале низ таа болка. Не се умира од тоа. И сите сме цмиздреле, кој скришно кој јавно, ама другпат не си дозволувај таков луксуз пред девојка.