Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

  • Креатор на темата Креатор на темата Keiko
  • Време на започнување Време на започнување
Не постои такво нешто “верување во непостоење“. Има само верувам или не верувам „во постоењето“. Ако одиме по твојава логика вернициве значи се неверници како сите други луѓе, не веруваат дека не постои бог. Неверување како и секое друго, нели?

Да.
Оние што неверуваат во господ тие веруваат дека се во право и дека непостои. Другите што веруваат во господ, веруваат дека се во право и дека постои. Разлика меѓу првите и вторите нема затоа што и двете се само обични, човечки, субјективни, непроверени, верувања. И обратно, неверувања. Фокусот во секој случај е на човечки, субјективни (разлика од човек до човек) и клучно би било што се НЕПРОВЕРЕНИ.
 
Оние што неверуваат во господ тие веруваат дека се во право и дека непостои. Другите што веруваат во господ, веруваат дека се во право и дека постои. Разлика меѓу првите и вторите нема затоа што и двете се само обични, човечки, субјективни, непроверени, верувања.
Тоа е твоја дефиниција. Мојата е дека постојат само неверници, едните не веруваат дека бог постои, другите не веруваат дека не постои (што од друга страна е блиску до вистината). Истото неверување. Сите обиди да се докаже некаков бог појдуваат од таа претпоставка, ако не постои бог не може да постои тоа и тоа. Така никаде нема да стасаме. Пошто и онака си склон на верување, верувај си и за тоа што црквата ќе ти каже што е атеист.

Прашањето ми беше, ако не на тоа, на што?
не ми мешај рх тука!
Зошто мора да има на што, убаво си кажа ти е неверување. Толку. Крај.
Ете и @Ставрогин низ добар пример ти дообјасни.
 
Тоа е твоја дефиниција. Мојата е дека постојат само неверници, едните не веруваат дека бог постои, другите не веруваат дека не постои (што од друга страна е блиску до вистината). Истото неверување. Сите обиди да се докаже некаков бог појдуваат од таа претпоставка, ако не постои бог не може да постои тоа и тоа. Така никаде нема да стасаме. Пошто и онака си склон на верување, верувај си и за тоа што црквата ќе ти каже што е атеист.

Има горе дополнување на моето мислење, прочитај го и ќе дојдеш на твоето, дека сите неверници се онолку во право како и сите верници. Потполно апсурдно е да се зборува со сигурност за непроверени работи.
Не верувам во богот на црквата!
 
Да имаше два грама мозок во шупелката, и три прочитани книги во животот, ќе знаеше дека тежината на докажувањето секогаш паѓа на оној кој изнесува позитивно тврдење. Можам да ти кажам за чајникот на Расел, но тоа далеку ги надминува твоите когнитивни моќи...
 
Има горе дополнување на моето мислење, прочитај го и ќе дојдеш на твоето, дека сите неверници се онолку во право како и сите верници. Потполно апсурдно е да се зборува со сигурност за непроверени работи.
Не верувам во богот на црквата!
Абе уште сто дополненија да поставиш. Атеистите немаат став дека бог не постои. Верувај си ти во што сакаш и во кој бог сакаш. Атеистите немаат верување. До кога ќе тролаш? Ако ти кажам дека постои летечки розев слон со зелени очи, дали ти тоа веруваш дека не постои таков?
 
Замисли една стара баба, накај 85 години. Таа поим нема ниту за Њутн, ниту за гравитација, ниту за било каков научен факт. А сепак смета дека Бог не постои, и дека кога ќе умре ќе ја јадат црвите, и толку.

Колку нејзиниот атеизам се базира на наука, материлајистилки монизам, или било што од тој вид?

Јас сум атеист, па не верувам дека стварноста како што ни ја прикажува науката е вистинската стварност. Колку е мојот атеизам базиран на науката?

Еднаш имам напишано, помеѓу атеизмот и материјализмот постои логичка врска, но не и нужна. Сите оние кои веруваат дека материјалистичкиот монизам е единствено исправен се атеисти, но не сите атеисти се монистички материјалисти.

Ја гледаш разликата?

Јасно ми е. Затоа реков во главно, а не апсолутно. Значи постојат повеќе видови на атеисти. Ја пример, не ни сакам да се претставувам многу како атеист, би рекол неопределен, но би бил атеист кој се заснова според материјалното и физичките закони. Логиката и математиката би ги ставил како најточни.

И ако велиш дека твојот атеизам не се базира врз науката и не ти се верни резултатите што таа ѓи покажува, ти сепак мораш на нешто да се засноваш или повикуваш. Дали е тоа отворен ум кој сам од себе, истажувајќи и читајќи заклучил дека ќе верува во своеодредената теза и ќе негира аргументи кои според други се пологични?
 
Абе уште сто дополненија да поставиш. Атеистите немаат став дека бог не постои. Верувај си ти во што сакаш и во кој бог сакаш. Атеистите немаат верување. До кога ќе тролаш? Ако ти кажам дека постои летечки розев слон со зелени очи, дали ти тоа веруваш дека не постои таков?

Кој е вашиот официјален став за бог? :pos:
 
Јасно ми е. Затоа реков во главно, а не апсолутно. Значи постојат повеќе видови на атеисти. Ја пример, не ни сакам да се претставувам многу како атеист, би рекол неопределен, но би бил атеист кој се заснова според материјалното и физичките закони. Логиката и математиката би ги ставил како најточни.

И ако велиш дека твојот атеизам не се базира врз науката и не ти се верни резултатите што таа ѓи покажува, ти сепак мораш на нешто да се засноваш или повикуваш. Дали е тоа отворен ум кој сам од себе, истажувајќи и читајќи заклучил дека ќе верува во своеодредената теза и ќе негира аргументи кои според други се пологични?

Јас не верувам во постоењето на Бог од етички причини. Не верувам во постоење на Бог кој дава заповеди по кои треба ние луѓето да се однесуваме. А ако не верувам во таков Бог, верување во било каков друг тип на Бог е потполно ирелевантно. Можам да кажам дека има некоја сила која ја нарекувам Бог, или дека Универзумот го нарекувам Бог, но тоа е само поетски начин на изразување, кој нема влијание на моето поведение тука на Земјата.
 
Кој е вашиот официјален став за бог? :pos:
Нема ни официјален ни неофицијален став. Едноставно, не веруваме во бог, трупецон во дворон веќе разбра.
Кој е твојот став за Јупитер, Кришна, Один, Сварог.......?
 
Јас не верувам во постоењето на Бог од етички причини. Не верувам во постоење на Бог кој дава заповеди по кои треба ние луѓето да се однесуваме. А ако не верувам во таков Бог, верување во било каков друг тип на Бог е потполно ирелевантно. Можам да кажам дека има некоја сила која ја нарекувам Бог, или дека Унивезрзумот го нарекувам Бог, но тоа е само поетски начин на изразување, кој нема влијание на моето поведение тука на Земјата.
Тоа е тоа. Ваков одговор чекав. Потполно се слагам со овоа мислење. :)
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 22:04 ---
Зошто мора да има на што, убаво си кажа ти е неверување. Толку. Крај.
Ете и @Ставрогин низ добар пример ти дообјасни.

Не се нервирај, ич не сум поткован за ваквите теми, сталнo ги читам а ретко се умешувам у дискусија ко сеа. Со цел да ми се разјасни. :)
 
Да.
Оние што неверуваат во господ тие веруваат дека се во право и дека непостои. Другите што веруваат во господ, веруваат дека се во право и дека постои. Разлика меѓу првите и вторите нема затоа што и двете се само обични, човечки, субјективни, непроверени, верувања. И обратно, неверувања. Фокусот во секој случај е на човечки, субјективни (разлика од човек до човек) и клучно би било што се НЕПРОВЕРЕНИ.
Ќе препоставме дека зборуваш за генерализраниот монотеистичи бог... постојат цврсти докази дека монотеистичкиот бог не постои. И дека верувањата на главните монотеитичи религии се невистини.
Е сега тука има игра на зборови Бог од страна на религијата се корисити да се искаже постоењето на богот од нивната религија. Но има и концепт на бог кој е арелигиозен. И тука е логичката грешка на твојот исказа ова е класична апологетска финта замена на хомоними термини.
 
Ќе препоставме дека зборуваш за генерализраниот монотеистичи бог... постојат цврсти докази дека монотеистичкиот бог не постои..

...а некои од закоравените атеисти на форумов велат дека „...она кое не постои, не се докажува дека не постои...„.
Се чини дека го надминуваш чак и нивниот атеизам па се впушташ во докажување на она кое не постои иако она кое не постои, не се докажува дека не постои?....:confused:
 
Јас не верувам во постоењето на Бог од етички причини. Не верувам во постоење на Бог кој дава заповеди по кои треба ние луѓето да се однесуваме. А ако не верувам во таков Бог, верување во било каков друг тип на Бог е потполно ирелевантно. Можам да кажам дека има некоја сила која ја нарекувам Бог, или дека Универзумот го нарекувам Бог, но тоа е само поетски начин на изразување, кој нема влијание на моето поведение тука на Земјата.
Како и сите нормални луѓе не правиш ништо спротивно од 10те божји заповеди
 
Ќе препоставме дека зборуваш за генерализраниот монотеистичи бог... постојат цврсти докази дека монотеистичкиот бог не постои. И дека верувањата на главните монотеитичи религии се невистини.
Е сега тука има игра на зборови Бог од страна на религијата се корисити да се искаже постоењето на богот од нивната религија. Но има и концепт на бог кој е арелигиозен. И тука е логичката грешка на твојот исказа ова е класична апологетска финта замена на хомоними термини.

И мене многу ме интересираат тие цврсти докази? :eek:
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 02:18 ---
Нема ни официјален ни неофицијален став. Едноставно, не веруваме во бог, трупецон во дворон веќе разбра.
Кој е твојот став за Јупитер, Кришна, Один, Сварог.......?
Постои ( го гледам со телескоп од тераса ), непостои (измислен лик), немам, немам.

Значи немате став туку едноставно имате верување дека не постои. Незнам зашто секогаш многу едноставните работи упорно се подложни на филозофирање и вртење во круг?
Ајде во ваш стил, докажи дека непостои. На што се базира твоето неверување?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom