Прашања до Атеистите II

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
П:С. Такозвани агностик препорачува God Delution од Докинс :pos:
Знаев....:D
Само ова да ти кажам......оф-топик сме.....јас имам верба („имам верба“ е тешка формулација) дека има луѓе кои работат на откривање на работите и имаат силен мисловен и интелектуален потенцијал, но генералното затупено, неинтелигентно религиско опкружување има многу, многу посилно меѓучовечко влијание и многу посилно тежи накај провалијата отколку малцинството кое се насочува кон наука и знаење...Dawkins e атеист насочен кон стриктно кон религиозното не-знаење и догмите......добро е, го пратиш јако форумов :D
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Оправдувањево....... :pos:
Агностик и Докинс..... абе иди бегај..... :pos: Сигурен си дека си агностик (ма што и да е тоа)? Поглеј го чичата од видеото, нема да те гризне. И прочитај го постот, не само тоа под П.С.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ок, не се излетувам....ти си мислиш дека знаеш, не си расчистил убаво се себе. Убеден си и од пуста срам од себе и од околината тераш во некоја насока која си ја одбрал.
Почни прво од себе па терај понатака. Ова ти е паушална констатација, не ми е јасно зошто би ја давал на кого стигнеш.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Оправдувањево....... :pos:
Агностик и Докинс..... абе иди бегај..... :pos: Сигурен си дека си агностик (ма што и да е тоа)? Поглеј го чичата од видеото, нема да те гризне. И прочитај го постот, не само тоа под П.С.
Како што куп зборови со прашалник на крај не праат прашање, така и пост со куп кљафтања ( :pos: - на овие мислам ) не дава одговори.....јас требаше да се превртувам по патос за она твоено „сите сме раѓале како атеисти“ - види Бога ти? Едно чиста практична работа - да постоеше начин да се комуницира со доенчиња ќе знаевме кога да ги седнеме на шоља, а не да праат лом тоа пелените на секој саат - податокот само тогаш ќе го земам релевантен - а вака ми личи само дека си ја тераш водата кај тебе....не кажа како дојде до тој податок....
И што е проблемот со Докинс? Па и со Библијата се сложувам дека не треба да убивам, сум ја прочитал....тоа не ме прави религиозна личност или сум? (Кажи ми, како авторитет....) Треба да се читаат и чујат мислења и на други луѓе за да се оформи поиздржан став. Докинс се бави со еволуција, тој воопшто не допира теми од квантна механика, термодинамика и еден куп други теми кој (многу тешко), ама евентуално некој ден ќе даат некаков одговор....конкретно таа книга за која се фати се бави со наивноста на убер-затуцани религиозни практиканти и бесмисленостите со кои тие си го трујат животот и животите на својата околина...дава одговори на многу, многу наивни прашања....

Почни прво од себе па терај понатака. Ова ти е паушална констатација, не ми е јасно зошто би ја давал на кого стигнеш.
Извини, не требаше.
Паушална? Не е баш....
Релевантен доказ за постоење/непостоење на Бог ако имаш тогаш заземаш страна. Се што е базирано на негаторски заклучоци, филозофски размислувања, незнаење или некаква ментална состојба (вклучувајќи разноразни наркози) не доаѓа предвид. Пошо до сега во општата јавност никој не дошол со таков податок јас по дифолт те стаив таму - во луѓе без одговор кои не сакаат да признаат дека го немаат.....може не требаше, ама повеќето се за таму, дури и другар ти Атеист, колку и да не му се веруе....
Не се вреѓај, знам дека темиве луѓето многу лично ги прифаќаат, а не треба да е така....
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Извини, не требаше.
Паушална? Не е баш....
Релевантен доказ за постоење/непостоење на Бог ако имаш тогаш заземаш страна. Се што е базирано на негаторски заклучоци, филозофски размислувања, незнаење или некаква ментална состојба (вклучувајќи разноразни наркози) не доаѓа предвид. Пошо до сега во општата јавност никој не дошол со таков податок јас по дифолт те стаив таму - во луѓе без одговор кои не сакаат да признаат дека го немаат.....може не требаше, ама повеќето се за таму, дури и другар ти Атеист, колку и да не му се веруе....
Не се вреѓај, знам дека темиве луѓето многу лично ги прифаќаат, а не треба да е така....
Па добро, можеби јас припаѓам во неопштата јавност. :)
Кој според тебе има одговор на овие прашања?
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Па добро, можеби јас припаѓам во неопштата јавност. :)
Кој според тебе има одговор на овие прашања?
Ех, сеа....дај да се читаме!
Кој? - Никој жив на елипсоидов на кој живееме!
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Како што куп зборови со прашалник на крај не праат прашање, така и пост со куп кљафтања ( :pos: - на овие мислам ) не дава одговори.....јас требаше да се превртувам по патос за она твоено „сите сме раѓале како атеисти“ - види Бога ти? Едно чиста практична работа - да постоеше начин да се комуницира со доенчиња ќе знаевме кога да ги седнеме на шоља, а не да праат лом тоа пелените на секој саат - податокот само тогаш ќе го земам релевантен - а вака ми личи само дека си ја тераш водата кај тебе....не кажа како дојде до тој податок....
И што е проблемот со Докинс? Па и со Библијата се сложувам дека не треба да убивам, сум ја прочитал....тоа не ме прави религиозна личност или сум? (Кажи ми, како авторитет....) Треба да се читаат и чујат мислења и на други луѓе за да се оформи поиздржан став. Докинс се бави со еволуција, тој воопшто не допира теми од квантна механика, термодинамика и еден куп други теми кој (многу тешко), ама евентуално некој ден ќе даат некаков одговор....конкретно таа книга за која се фати се бави со наивноста на убер-затуцани религиозни практиканти и бесмисленостите со кои тие си го трујат животот и животите на својата околина...дава одговори на многу, многу наивни прашања....
Толку да не можеш да сватиш една проста дефиниција, А-теизам? Отсуство на бог. Неверување во бог. Толку, а ти смеј се колку сакаш. По таа дефиниција (не моја) и ти си ти си атеист никаков агностик. Која ти е потребата да бегаш од тоа не ми е јасно... твоја работа. Ако не си, повели демантирај ме и кажи во кој бог веруваш.
Ти како наводно „агностик“ обожавател на HC (Hard core) атеист од ковот на Докинс многу јасно кажува кој е твојот став, дури и накај антитеизам оди, не само атеизам, агностицизам кај тебе=0 (нула). По скалата на Докинс (клик тука) ти си некаде 6 или 7. Затоа прекини со тоа атеистите вака или онака, оти со тоа одиш и против себе.
Ако некој ни чул ни разбрал ниту па е свесен за постоењето на бог, тоа е атеист, спрема тоа сите се раѓаме како атеисти, но атеизам и атеизам има. Сам кажа “табула раса“ што значи нема чуено ни видено бог.
Мислиш дека не убивај, не кради, не лажи е ексклузивитет на библијата? Не ќе да е. Што врска има библијата во муабетов.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Толку да не можеш да сватиш една проста дефиниција, А-теизам? Отсуство на бог. Неверување во бог. Толку, а ти смеј се колку сакаш. По таа дефиниција (не моја) и ти си ти си атеист никаков агностик. Која ти е потребата да бегаш од тоа не ми е јасно... твоја работа. Ако не си, повели демантирај ме и кажи во кој бог веруваш.
Ти како наводно „агностик“ обожавател на HC (Hard core) атеист од ковот на Докинс многу јасно кажува кој е твојот став, дури и накај антитеизам оди, не само атеизам, агностицизам кај тебе=0 (нула). По скалата на Докинс (клик тука) ти си некаде 6 или 7. Затоа прекини со тоа атеистите вака или онака, оти со тоа одиш и против себе.
Ако некој ни чул ни разбрал ниту па е свесен за постоењето на бог тоа е атеист, спрема тоа сите се раѓаме како атеисти, но атеизам и атеизам има. Сам кажа “табула раса“ што значи нема чуено ни видено бог.
Мислиш дека не убивај, не кради, не лажи е ексклузивитет на библијата? Не ќе да е. Што врска има библијата во муабетов.
Не бегам нигде, си праиме муабет...
Она што твојот пријател, хрватот го објаснува (т.е се обидува) е всушност наведување. Хрватска е болно католичка држава и односот кон атеизам, асоцира на комунизам, убивање бискупи и сл. и малку покомлицирано е таму да се изјасниш како таков. Тој кажува кого религиозните луѓе го гледаат како поблизок - што мене лично ми е нон-сенс....ма каква блискост со религија?
Таа доза која ја оставам како веројатност за постоење на некаква повисока форма на свест, креатор (или како било наречи го/ја) убеден сум дека е парсеци далеку од формата која религиозните луѓе ја доживуваат (као пример Мики ќе го зеам овде и неговите тврди ставови).

Како сфати дека сум хард-кор фан на Докинс? Идејата ми е во животов што е можно повеќе да осознавам, да чујам и други ставови и размислувања - е сега од негде ќе фатиш помалку, од негде повеќе...Библијата беше во тој контекст - Треба да го спознаеш „непријателот“ многу добро за да го научиш како функционира и да го победиш....непријателот земи го фигуративно, затоа е во наводници....

....и знам дека е клише, ама интересни се религиските погледи на Ајнштајн (за кои меѓу другото и Докинс знае да напише некој збор и како ХЦ атеист да не ги негира) за кои тој самиот кажува дека стриктно ги исфрла таканречените интервентни богови во секојдневниот живот (Господ Бог, Алах, Јехова....) "personal gods", но е фасциниран од структурата на реалноста и предизвиците кои се поставени пред научниците и однапред не отфрла никакви можности...

Само уште ова.....тешкоста (не знам дали е прав збор), комплексноста на реалноста надвор од планетава, па и на неа, човек само мисли дека може да ја спознае во нејзината вистинска форма исто колку што „на некои дводимензионални риби кои пливаат по лист хартија можеш да им ја објасниш тродимензионалноста во која живееме“ - парафраза на Каку.....не сме ни свесни колку имаме слаби сетила, слаби машини, мали димензии и краток живот за да одговориме толку тешки прашања...да, поблизок сум до атеистите, но не така како што ти опишуваш и не знам што па тоа агностик е страшен збор? Некој погоре како да пиша како за шугави мајмуни да се зборува, а не за некој вид на размислување...
 
Мерак ти е да си играш со зборови а? Не реков дека некаде бегаш, туку дека се имаш изјаснето дека не си атеист. По ставовите гледам дека си. И бегаш од одговори кажи ми во кој бог веруваш ако не си атеист. Некаква си виша сила (непозната за нас) или некаков си деистички или пантеистички бог (повторно непознат за нас) или пак универзумот сам по себе како креатор, не е нешто кој што некој атеист би го исклучил, како можност. Што е агностичкото кај тебе? Зошто не гледаш дека секој атеист има доза агностицизам (можеби има по некој исклучок, но тоа веќе не е атеизам) и дека секој агностик има доза на атеизам. Кој повеќе кој помалку, и во двата случаја. Спрема тоа реткост е да има “чист“ атеист или агностик. Што толку те плашат атеистите или не сакаш да го кажеш тоа за себе. Потсети се на твоите поранешни постови и каков беше твојот став кон атеистите. Агностицизмот ни случајно не е нешто помеѓу, туку секогаш се приклонува кон едната или другата страна, најчесто кон атеизмот. Теист-агностик е многу ретка комбинација.
 
Чудно ми е што ја сфаќаш поентата, а ми поставуваш уште прашања.
Црвената реченица е сериозно поместување на твоите ставови или го даваш за пример?

Агностицизмот мој е повеќе поврзан со некакви мои размислувања и согледувања во други сфери кои се повеќе врзани со човечка психологија, социологија, човечки интелект исл. Пак ќе повторам тежината на одговарање на такви суштествени прашања „пости ли бог?“ исл. се тотално недостапни за човекот само преку мислата и уште помалку достапни со ова темпо на развој на науката, мизерното инвестирање во нејзе и прогресот на ширење на религиите - за жал, моќта на науката е само до ниво до кое може да се осуетат баналните религиски догми и ништо повеќе...

Да, во голема мерка се согласувам со атеистите, но имам сериозна доза на скепса - мислам дека истиве теми сме ги дискутирале во „Креационизам vs. еволуционизам“. На крај краева никој од нас не размислува за да може да му се стаи етикета или титула или да се фали со нешто што е...

..и мислам дека е доста за мене у темава....
 
Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Очекувам искрен одговор, која религија највеќе ве нервира?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Некаква си виша сила (непозната за нас) или некаков си деистички или пантеистички бог (повторно непознат за нас) или пак универзумот сам по себе како креатор, не е нешто кој што некој атеист би го исклучил, како можност.
Црвената реченица е сериозно поместување на твоите ставови или го даваш за пример?
Никакво поместување на став. Се што не е бог (од досегашниве религиозни и митолошки) не спаѓа во атеизмот ниту пак може да се дефинира како бог. Дали јас ќе верувам дека Хонда прави подобри мотори од Мерцедес, не ме прави помалку атеист.
Агностицизмот мој е повеќе поврзан со некакви мои размислувања и согледувања во други сфери кои се повеќе врзани со човечка психологија, социологија, човечки интелект исл. Пак ќе повторам тежината на одговарање на такви суштествени прашања „пости ли бог?“ исл. се тотално недостапни за човекот само преку мислата и уште помалку достапни со ова темпо на развој на науката, мизерното инвестирање во нејзе и прогресот на ширење на религиите - за жал, моќта на науката е само до ниво до кое може да се осуетат баналните религиски догми и ништо повеќе...
Скоро секој атеист ја има помалку или повеќе истата скепса (освен можеби анти-теистите).
Да, во голема мерка се согласувам со атеистите, но имам сериозна доза на скепса - мислам дека истиве теми сме ги дискутирале во „Креационизам vs. еволуционизам“. На крај краева никој од нас не размислува за да може да му се стаи етикета или титула или да се фали со нешто што е...
Болдот, да атеист си, се декларирал ти или не како таков. Плавиот болд, реков и погоре секој разумен атеист има доза на скепса. Значи ти имаш против “титулата“ атеист, но не ти пречи да речеш дека и атеистите и теистите се исто а ти не си ни едно ни друго..... демек. Да, познат ми е тој феномен на "peacemaker".
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Никакво поместување на став. Се што не е бог (од досегашниве религиозни и митолошки) не спаѓа во атеизмот ниту пак може да се дефинира како бог. Дали јас ќе верувам дека Хонда прави подобри мотори од Мерцедес, не ме прави помалку атеист.

Скоро секој атеист ја има помалку или повеќе истата скепса (освен можеби анти-теистите).

Болдот, да атеист си, се декларирал ти или не како таков. Плавиот болд, реков и погоре секој разумен атеист има доза на скепса. Значи ти имаш против “титулата“ атеист, но не ти пречи да речеш дека и атеистите и теистите се исто а ти не си ни едно ни друго..... демек. Да, познат ми е тој феномен на "peacemaker".
Gleam ja, ovie kje te prekrstat u vernik uste malce :D
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Абе друже, свашта има. Ѓомити агностик а се крсти во Докинс :D
Баш сеа кандило му палев :rolleyes:
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 13:33 ---
Очекувам искрен одговор, која религија највеќе ве нервира?
Како мислиш? Онака на дневна база? Ќе ти текне на будизам и кршиш некоја врата дома? Како може религија да те нервира? (Еве имам полномошно од атеист да одговарам на вакви прашања :D )
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 13:37 ---
Болдот, да атеист си, се декларирал ти или не како таков. Плавиот болд, реков и погоре секој разумен атеист има доза на скепса. Значи ти имаш против “титулата“ атеист, но не ти пречи да речеш дека и атеистите и теистите се исто а ти не си ни едно ни друго..... демек. Да, познат ми е тој феномен на "peacemaker".
И Мики е атеист - некои 2-3%....дали тоа значи дека треба да си се декларира како таков?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom