Прашање за Христијанството III

Член од
9 септември 2013
Мислења
159
Поени од реакции
73
Секако дека сум чул. Токму таа митохондриска ДНК е генетски доказ дека сите луѓе на Земјава се потомци на една жена. Митохондриската ДНК се пренесува само од мајката на децата (а не и од таткото) и фактот што сите луѓе ја имаат истата митохондриска ДНК е доказ дека сите луѓе потекнуваат од една пра пра баба (која што христијаните ја нарекуваат Ева)
Ако саите луѓе имаат иста митохондринска днк незначи дека потокнуваат од една жена,ако не се лажам имаше еден пример кои на овие денешки кучиња предок им бил волкот,значи и животните ја имаат,а може ли да значи истото да е со проблемот кои го наметнува црквата?
Дека човекот потекнува од некое животно односно човеколикиот мајмун,како што докажува науката!?Или во превод има докази дека современиот човек со оваа днк потекнува од некое животно,кое се разликувало од другите,а не дека некоја виша сила го создала човекот.Ова е една хипотеза,а другата вие ја објаснивте односно луѓето имале една пра пра мајка тоа е Ева.Но и тука фактите се на страната на науката односно науката одјаснува,а црквата само може да нагаѓа.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Како можеби настанале останатите раси и ставот на Православието би можел @MIKI1 доколку е запознаен со тоа.

некој да објасни за Старозаветниот Лот,роднина на Аврам.
Од кој Лот имаше две ќерки кој легнаа со него и од тој род излегле Моавците и Амонците.
Кој се овој род денеска? Дали би можело да има некаква улога ова во разделувањето на расите на човекот во текот на годините?
На Израилците им било забрането да се женат со овој род и биле целосно отфрлени!
Денеска на тој Исток од каде се иселувале Израилците се токму тој народ Јапонија,Индија итн...

Моавците, Амонците, Едомците, како и Филистејците и Феникијците и други, биле соседи на Евреите. Веројатно биле Семити (Моавците и Амонците персонифицирани во Амон и Моав), па оттаму и врската со Аврам, односно со Лот. Приказната со инцестот е за да се оправдаат лошите меѓусоседски односи, конфликтите и верските разлики, т.е. да се оцрнат соседите чие потекло е инцестуозно, наспроти еврејското кое е ептен чисто. Но сите заедно со се Евреите потекнуваат од Адам и Ева. Слично е и со случајот со синовите на Авраам, Исак и Исмаил (Исмаелитите-Арапите), како и со децата на Исак, Исав(Едом или Идумеја) и Јаков. Едните, оние од кои Евреите верувале дека потекнуваат, т.е. Исак, односно Јаков, се благословени, а другиве го надрапале, пошто Евреите се избраните.
Денес овие народи се асимилирани од страна на Арапите или, евентуално, од Евреите. На пример, Херод Велики бил Едомец, односно Идумеец, а неговата династија била едомско-еврејска мешавина.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Секако дека сум чул. Токму таа митохондриска ДНК е генетски доказ дека сите луѓе на Земјава се потомци на една жена. Митохондриската ДНК се пренесува само од мајката на децата (а не и од таткото) и фактот што сите луѓе ја имаат истата митохондриска ДНК е доказ дека сите луѓе потекнуваат од една пра пра баба (која што христијаните ја нарекуваат Ева)
Погрешно. Тоа е само показател за генетската линија која опстоила, за разлика од останатите кои небиле толку успешни и не оставиле генетски материјал, па сега поради тоа непостојат.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960

Абе лесно е да се каже погрешно на туѓиот аргумент. Малку потешко е да се изложат аргументи кои го негираат.
Ајде изложи го научниот доказ дека постоеле други генетски линии кои наводно не биле успешни?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе лесно е да се каже погрешно на туѓиот аргумент. Малку потешко е да се изложат аргументи кои го негираат.
Ајде изложи го научниот доказ дека постоеле други генетски линии кои наводно не биле успешни?
Нивните фосилни остатоци се доказот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Нивните фосилни остатоци се доказот.

Да кажеше дека доказот е тоа што вечерва е полна месечина, поуверливо ќе звучеше.
Шала на страна, до сега не се пронајдени фосилизирани митохондриски ДНК кои би сведочеле на луѓе кои не споделуваат заеднички предок со денешниве луѓе. Значи збориме за наука, аргументи, факти, докази, а не за научна фантастика, неосновани претпоставки, анимирани филмови и сл.
 
Фосилите се далеку од научна фантастика, а фактот што постојат различни фосили е доказ дека постоеле и различни генетски типови.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Фосилите се далеку од научна фантастика, а фактот што постојат различни фосили е доказ дека постоеле и различни генетски типови.

Никој не рече дека фосилите се научна фантастика. Научна фантастика е кога некој си прави филмови за минатото без никакви докази, филмови со кои што се обидува да го докаже спротивното од она што јасно го говорат доказите.

Човечките фосили се различни колку што се различни и коските на денешните луѓе. А денешните луѓе се со различна боја на кожа, со различна големина, со различни вилици, карлици, со различна големина на черепи итн. но сепак сите тие споделуваат една иста митохондриска ДНК која јасно говори дека сите поттекнуваат од една иста жена. Тоа е науката, тоа се доказите, тоа се фактите. Во рамките на овие докази нема ни Д од доказ за некакви исчезнати мистериозни луѓе со различна митохондриска ДНК
 
Тоа е нешто во кое ти би сакал да веруваш, но нема ништо со реалноста. Слободно побарај мислење од генетичар и ќе видиш дека никаде во научниот свет тоа не се смета за доказ дека постоела само една жена од која потекнува целиот човечки род. Манипулант еднаш - манипулант засекогаш! Срамота чорба.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А денешните луѓе се со различна боја на кожа, со различна големина, со различни вилици, карлици, со различна големина на черепи итн. но сепак сите тие споделуваат една иста митохондриска ДНК која јасно говори дека сите поттекнуваат од една иста жена. Тоа е науката, тоа се доказите, тоа се фактите. Во рамките на овие докази нема ни Д од доказ за некакви исчезнати мистериозни луѓе со различна митохондриска ДНК
Tоа е Дарвин. Заеднички предок од кој по пат на еволуција и милиони години настанале различни видови.
Добредојде Чорбаџијо!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Никој не рече дека фосилите се научна фантастика. Научна фантастика е кога некој си прави филмови за минатото без никакви докази, филмови со кои што се обидува да го докаже спротивното од она што јасно го говорат доказите.

Човечките фосили се различни колку што се различни и коските на денешните луѓе. А денешните луѓе се со различна боја на кожа, со различна големина, со различни вилици, карлици, со различна големина на черепи итн. но сепак сите тие споделуваат една иста митохондриска ДНК која јасно говори дека сите поттекнуваат од една иста жена. Тоа е науката, тоа се доказите, тоа се фактите. Во рамките на овие докази нема ни Д од доказ за некакви исчезнати мистериозни луѓе со различна митохондриска ДНК
Потекло од еден пар (Адам и Ева) е биолошки и генетски невозможно.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Потекло од еден пар (Адам и Ева) е биолошки и генетски невозможно.
Ако Чорбаџија има 5 ќерки, и само една остави потомство, идните поколенија според Чорбаџија треба да веруваат дека тој имал само една ќерка.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тоа е нешто во кое ти би сакал да веруваш, но нема ништо со реалноста.
Реалноста е таа, апсолутно независна од твојата или мојата верба и таа вели дека сите постоечки луѓе поттекнуваат од една жена. Дали порано имало и други луѓе кои не поттекнуваат од оваа жена па исчезнале, дали порано шетале ванземјани по планетава па направиле вселенски брод и одлетале некаде на друга планета, дали постоеле змејови што ждригале со огнен пламен па се изгореле меѓу себе и не оставиле трага и сл. сето ова е во доменот на научната фанатстика која си дозволува да шпекулира надвор од доменот на фактите, доказите, надвор од доменот на научниот метод. Секој објективен научник без идеолошки предрасуди ќе се сложи дека на основа на фактите може да се заклучи дека сите луѓе поттекнуваат од една жена и толку. Ако во иднина се открие нешто друго, добредојдено е. Но засега тоа е науката, без разлика дали на некој му се допаѓа или не, дали му оди во прилог или не.
 
Пак ќе кажам - фосилите не се никаква научна фантастика и тие се показател дека постоеле повеќе паралелни генетски типови, од кој денешниот се производ на оние што биле најуспешни во оставањето на потомство.
Немам намера да ти објаснувам и докажувам дека фосилите се доказ, ако сакаш да ја негираш науката - повели, биди трол.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Секој објективен научник без идеолошки предрасуди ќе се сложи дека на основа на фактите може да се заклучи дека сите луѓе поттекнуваат од една жена и толку.
Не е “и толку“ Секој од тие научници ќе ти каже и дека таа жена настанала од примат, а тој примат од рептил а тој рептил од риба а таа риба од некој безрбетник а тој безрбетник од некој повеќеклеточен организам.... Зошто науката ја прекинуваш. Изоди ја до крај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom