ЕХО - Денови на планинскиот филм

  • Креатор на темата Креатор на темата Dave
  • Време на започнување Време на започнување

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.950
Локација
Zombieland
2-05.png

http://www.ehofilmfest.mk/
https://www.facebook.com/events/222938764533325/?source=1

Почитувани вљубеници во планините, го најавуваме 4-тото издание на ЕХО – Денови на планинскиот филм. Како и во изминатите години, така и овој пат, програмата се состои од филмови и презентации, кои се посветени на најразлични активности преку кои луѓето ја истражуваат природата, комуницираат со неа, ја спознаваат, се инспирираат од неа и се вљубуваат во неа – за потоа со големо нетрпение да ја чекаат повторната средба!

Сигурни сме дека направивме вистински избор на искрени приказни: за спелеолошки истражувања, алпинистички искачувања, патешествија „до крајот на светот“, акробатски летања со параглајдери и блиски прелетувања со „wing suit”, исчекувања на совршената ски сезона, сноуборд поезија во летање во урбани средини и планински белини, медитација во кајак на диви води и планински пејзажи... Никој нема да остане рамнодушен и сигурни сме дека после Фестивалот, после еден ден одмор, во текот на викендот кој следува потоа – полни со нова инспирација, вие ќе ја пишувате вашата нова приказна. А ќе бидеме најсреќни и ако потоа ја споделите и со нас ;)

Џон Мјур на времето рекол: „Планините ме повикуваат и јас морам да одам!“. Ние оваа година, од 28ми до 31ви Октомври ви велиме: „ЕХО ве повикува и вие морате да дојдете!“ Ќе биде многу убаво! Многу убаво!

28-31 Октомври, 18-22 часот, МКЦ – кино Фросина.
Влез бесплатен



Јас лани бев на неколку презентации и изгледав неколку филмови. Специфични се, се однесуваат на екстремни спортови, но сепак има доста што се убаво филмски обработени, па затоа ја отворив темава овде. Кино Фросина, влез бесплатен.
 
Зошто е толку неактивна темава? Буквално во топ3 најубави настани што се случуваат традиционално низ годиниве во Скопје ми е овој, имам ислушано толку презентации, изнеагледано толку убави филмчиња, секоја година едвај чекам да дојде фестивалот. Не сме свесни што имаме, а се тоа ни е комплетно бесплатно.

Да не должам многу, следна недела од понеделник до петок, МКЦ - кино Фросина + сала Џебно кино, ЕХО фестивалот ве чека форумџии драги!
 
http://www.ehofilmfest.mk/car games free
https://www.facebook.com/events/222938764533325/?source=1

Почитувани вљубеници во планините, го најавуваме 4-тото издание на ЕХО – Денови на планинскиот филм. Како и во изминатите години, така и овој пат, програмата се состои од филмови и презентации, кои се посветени на најразлични активности преку кои луѓето ја истражуваат природата, комуницираат со неа, ја спознаваат, се инспирираат од неа и се вљубуваат во неа – за потоа со големо нетрпение да ја чекаат повторната средба!

Сигурни сме дека направивме вистински избор на искрени приказни: за спелеолошки истражувања, алпинистички искачувања, патешествија „до крајот на светот“, акробатски летања со параглајдери и блиски прелетувања со „wing suit”, исчекувања на совршената ски сезона, сноуборд поезија во летање во урбани средини и планински белини, медитација во кајак на диви води и планински пејзажи... Никој нема да остане рамнодушен и сигурни сме дека после Фестивалот, после еден ден одмор, во текот на викендот кој следува потоа – полни со нова инспирација, вие ќе ја пишувате вашата нова приказна. А ќе бидеме најсреќни и ако потоа ја споделите и со нас ;)

Џон Мјур на времето рекол: „Планините ме повикуваат и јас морам да одам!“. Ние оваа година, од 28ми до 31ви Октомври ви велиме: „ЕХО ве повикува и вие морате да дојдете!“ Ќе биде многу убаво! Многу убаво!

28-31 Октомври, 18-22 часот, МКЦ – кино Фросина.
Влез бесплатен
Мене најмногу ме привлекуваат филмовите за планинарење и алпинизам, бидејќи покрај убавите пејзажи, секогаш има интересна приказна за упорноста, подготовката и поместувањето на сопствените граници. Убаво е што ЕХО продолжува со оваа традиција.
 
Back
На врв Bottom