Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.327
- Поени од реакции
- 36.491
Aбе Luki, мене на аутобан во Швабија така ме има престигнато кола, 160+ возев и кога помина колата ми изгледаше како да сум паркиран, толку брзо ме претекна. Не успеав ни а видам што кола беше...Па и акл даваш озгоре... со твојте 100ка повози низ Германија по аутобановето. Шлеперите ќе те престигат, а на нагорниците, ќе се влечеш со них како црево додека Бундес Полицај да те запре и да те пита: “Абе ти нормален ли си? Или вози как шо се вози или слевни од автопато. Така само правеш гужва и опасни ситуации...“
Туку не зборуваме сега за германските аутобанови каде ЗАКОНСКИ НЕМА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА, туку зборуваме за Македонија.
(а иначе законски минимум брзина беше накај 70км на германскте автопатишта, треба да проверам си ги имав испринтано регулациите низ ЕУ)
Сообраќајните регулации на страна, во Македонија возење повеќе од 150-170км (а и тоа во идеални услови, и со исправна кола) е РИЗИК.
Сериозно, патиштата не ни се правени за големи брзини, не само по квалитет (и оддржување) туку и 3 ленти треба да има, ниту пак кривините не се проектирани за такви брзини.
Се фалат поназад со 320км возеле, абе што сакате кажувајте за искуство и вештина, секоја корекција на патеката на движење кога идеш над 200км е огромен ризик за судар или излетување... една дупка е доволна за катастрофа. Не па типот демек што се фали дека со 300км на саат кога возел, ги следел дузина возила, не само напред туку и назад?!?? Но се било ОК, зошто момакот е „искусен и вешт„ и „сам возел„.
@Fringe не се срами понатаму, не е ни важно колку точно си го надминал лимитот, дали 320км или ворп9... актот секако те прави СЕЉАЧИШТЕ, и си имал среќа да не си утепал некого (покрај себеси).
Што сакаш зборувај за искуството, со такви брзини тие пред тебе нема ни да те видат дека доаѓаш: типичен шофер погледнува на ретровизор, ако нема никој блиску позади на десната лента, тогаш погледнува уште еднаш напред и проценува дали и кога да го претекне возилото пред него. Додека претекнува, за тие десетина секунди (од гледањето на ретровизор до завршување на претекнување) ти со таа брзина веќе си дошол и НЕМА ШАНСИ ДА ЗАСТАНЕШ И ДА НЕ ГО УДРИШ.
Колку луѓе (и идиоти) имаат загинато вака, или останто инвалиди, воопшто не е забавно кога пишувате на форуми колку сте фраери со БМВ-ата и Хондите, или било што друго што го „цепате„ со неприлагодени брзини.