Го загубив лап-топот. Има ли начин да го лоцирам некако?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Децо, превише гледате чпиунски филмови. Ај-пи, шмај-пи, ќе го форматира, ќе си смени хард, ќе избрише cookies или ќе деинсталира browser и решен проблем со логирањето.
Можеш да пријавиш во полиција, if it makes you feel better, или евентуално ако ти се посреќи да налетаат на него ако го украл некој што им е веќе познат како крадец.
Реално, за жал, пиши му крст на лаптопот и памет за друг пат.
 
Пријави во Полиција?
Мислам дека имаат технологија по гарантниот лист ако го имаш серискиот број од лап топот,прво конектрирање на интернет одма ќе го лоцираат!
Ако си го дигнал од некаде прости се од интернет мислам до 3 год го бараат.
 
Чувам се, купен е од AMC. Одам утре во полиција и ке пријавам... Ке пишам што и како сум направил.

Во меѓувреме голема благодарност до сите вас.
 
Пријави во Полиција?
Мислам дека имаат технологија по гарантниот лист ако го имаш серискиот број од лап топот,прво конектрирање на интернет одма ќе го лоцираат!
Ако си го дигнал од некаде прости се од интернет мислам до 3 год го бараат.

Мислам дека бараат по мак адреса, ама има начини да се смени и мак адреса.
 
На најновите лаптопи со Интел процесори има вградено заштита во самиот процесор, можеш ремоте да му го блокираш процесорот ако дојде во допир со интернет.
http://www.intel.com/content/www/us...anti-theft/anti-theft-general-technology.html

Проблемот е што треба да се инсталира дополнителен софтвер, кој кај нас изгледа сеуште не е достапен.
 
Следно "Си го загубив компјутерот, Има ли начин да го лоцирам некако"

Едноставно прости се со лаптопот и решение купи НОВ и за нареден пат памет во глава. Во полиција да пријавиш нема шанси да ти го најдат, мислеш ли дека они ќе се смараат со твојот лаптоп?
 
Децо, превише гледате чпиунски филмови. Ај-пи, шмај-пи, ќе го форматира, ќе си смени хард, ќе избрише cookies или ќе деинсталира browser и решен проблем со логирањето.
Можеш да пријавиш во полиција, if it makes you feel better, или евентуално ако ти се посреќи да налетаат на него ако го украл некој што им е веќе познат како крадец.
Реално, за жал, пиши му крст на лаптопот и памет за друг пат.

Е како не... Има хардверски адреси кои не се бришат. Да, може да се изманипулираат софтверски, ама сепак се враќаат.
Да детектираш украден лаптоп е лесно како препознавање сопствено дете. Не му кажувајте на човекот да се откаже...

Пријави дека е украден во полиција. Без разлика дали сам си го оставил до кола или што и да е, тебе некој ти го украл. И не верувам дека тој некој ќе успее да ги промени сите компонентни според кои може да се препознае некој лаптоп. Ако ти е купен во продавница и ги имаш сите потребни податоци, пријавувај одма. Не е невозможно да се најде. Доволно е да пратат налог по интернет провајдериве, да направат search на ARP табелите и да видат дека некој е конектиран со соодветната MAC адреса. После ги добиваат сите соодветни податоци поврзани со корисникот на интернетот, а со тоа и „новиот сопственик“ на лаптопот.
Во полиција да пријавиш нема шанси да ти го најдат, мислеш ли дека они ќе се смараат со твојот лаптоп?
Може во пред 2000-та и не се замарале, ама верувај дека сега и тоа како знаат да си ја завршат работата.
 
Ебати филмот...

Си го пронајдов лаптопот, таа вечер некни бев пијан и сум ја оставил торбата во кујната, а баба ми ја кренала од таму. И сабајлево, сине торбата нели си ја носиш?

Која торба?

Оваа црнава...

А мори бабо, па нели те прашував вчера да не имаш видено некоја црна торба?

Нее, не ме праша ти....

тоа е тоа, инаку да, постојат убави начини да се лоцира, но нема да кажам како за да не стигне информација до некој што не треба.

Фала уште еднаш на сите, и поука, ако носите со вас лаптоп, пополека со алкохолот :)

Поздрав....

Sent from my ALCATEL_one_touch_995 using Tapatalk 2
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom