Лиено железо е најдобриот компромис помеѓу материјалите, по мене.
Не-лепечките материјали се небезбедни или нетрајни, или и двете. Тефлонот е штетен и лесно се гребе, керамиката не е трајна и скапа (а и небезбедна ако се продолжи да се употребува по оштетување). Има алтернативи кои не сум ги видел кај нас, како ајонидизиран алуминиум кој е релативно отпорен на гребење но и небезбеден ако се продолжи да се употребува по оштетување. Најдобар би бил прибор од алуминиум или бакар, облиен со инокс. Но нема такви кај нас.
Иноксот (stainless steel), е релативно безбеден (може да лачи никел, молибден и сл. но само ако се оштети а тешко се оштетува). Проблемот е што е прилично инертен и лошо пренесува топлина.
За тоа
лиено железо му е мајката, му треба неколку месеци употреба за да го добие го добие тој „грдиот„ црн слој (оксидација во главно), и потоа добива не-лепечки својства а добро пренесува топлина, многу подобро од иноксот. Може да личува минискулни количини железо во храната, но тоа не само не е штетно туку во тие количини е и здраво.
ОВА ^^
Никаде не можам да најдам тави/тенџериња од лиено железо, а некако ретардирано ми е да нарачувам од Амазон... нека пише некој ако разбере каде го има ова кај нас.