Здраво значи ми стигна payoneer картичката и сега сакам да прашам дали можам да верифицирам usa paypal со она што e US Payment Service што го има кај пayoneer?
Како прво (ептен мал и незабележителен оф-топик), со среќа да си ја користиш. Лично сум презадоволен од Payoneer и никогаш не сум имал проблеми со нив, а трошоците поврзани со картичката се перфектно ниски. Би ти препорачал да вадиш пари од Шпаркасе бидејќи имаат убедливо најдобар курс, па иако од НЛБ кога повлекував пари провизијата беше нешто над 1% а од Шпаркасе е скоро максималните 3% - пак ќе добиеш повеќе пари со оглед на разликите во курсот на овие 2 банки. Чисто за инфо ако не следиш, доларот е паднат до бесвест, јас без најмалку 46,5 ден/долар не планирам вадење пари. За поретки и помали суми, логично, не треба да се замараш со тоа.
Она што ќе ти препорачам е да си плаќаш уредно данок
*** доколку планираш да (ако не веќе...) заработуваш сериозни суми. Друга почиста и подоходовна опција за тебе е да појдеш до Евзони кога ќе имаш потреба и да извадиш пари од грчките банкомати. Лимитот на Payoneer во однос на тоа која сума можеш да ја држиш на картичката во секој момент е $10,000 , што значи дури и патот до таму 2-3 пати апсолутно ќе ти се исплати. Уште со девојчето до Солун на кафенце да си отидете и топ ќе ти биде
***Тука има мал парадокс ако може да речам, ако си чесен момак и си плаќаш данок на приходите а си невработен, моментот кога ќе стигнеш до 96,000 ден (..right ?) за дотичната година, тогаш ти веќе нема да имаш можност да земаш сини картони и да уживаш во скоро бесплатно здравство.
Доколку грешам, слободно нека ме поправи некој. Сакам да речам - снаџи се па живи зш all in all, кога тебе државата (читај Иво Ивановски [гарант ќе го најде постов кога ќе се гугла себе] ) те ј*бе на пример за Paypal, направи и го и ти на неа истото. Ако ти не можеш како секој нормален човек да си заработиш и повлечеш пари од места каде што исплатата иде стриктно преку пејпал, ондак државата Објективно не заслужува ни денар од твоите тешко заработени и некако повлечени пари кои си ги добил во помал износ бидејќи доколку би имал пејпал би добил бајаги повеќе (пример Фивер, наместо клиенти што ги стекнувам вон Фивер да ги натерам да ми платат полна сума пари директно на мојот пејпал акаунт, јас ги препраќам на фивер и таму земаат 20% од платената сума). Секој друг метод, па дури и Скрилл, директно на банкарска с-ка или што и да е веќе, бар во мојов случај не функционира зш или треба дополнителен напор да вложат за да ми пратат пари или едноставно трошоците per трансакција се високи.
Второ, он-топик и одговор на твоето прашање:
Дочитај до крај, пред all in all: Можеш да го верификуваш твојот пејпал акаунт на начинот кој го кажа и како таков да го користиш за повлекување средства од Пејпал на таа US сметка која ги препраќа средствата директно на твојата Payoneer картичка. Проблемот е, како што веќе 2ца официјални лица ми кажаа, што иако акаунтот ќе ти биде верификуван, тој сеуште ќе ти биде нелегален/невалиден доколку ти не си резидент на една од земјите кои се поддржани од Пејпал. До која сума можеш да тераш така, кога ќе биде моментот кога ќе ти побараат лична идентификација како потврда за веродостојноста на твоите податоци (меѓу кои и дека си резидент на САД), навистина не би знаел да кажам. Баш вчера видов дека одреден број луѓе од Бангладеш/Пакистан/Индонезија го користат овој "трик", ама со оглед дека не знам за колкави суми станува збор и не знам колкав е процентот на успешност во користењето на истиот, не можам да донесам заклучок дали истото важи и за оние што имаат малку повеќе пари за трансфер. Мене лично ризикот ми е преголем со оглед дека заработките се набилдани а не можам да ги вадам парите на делови. И така може ќе поминат и $50 и $200 и ќе дојде момент така охрабрен да трансферираш и $600 и одеднаш цврц, identify yourself. За волја на вистината чекам одговор од уште еден човек, ако тој ми каже охи, ондак охи.
All in all, доколку немаш проблем самиот со себе, сериозно размислувај за државјанство од друга држава (
Србија,
Бугарија, во зависност што
сакаш а што
мразиш). И повторно ќе речам дека доколку државата, со недозволувањето на Пејпал да ги понуди своите услуги тука, те присилува да купуваш исти производи за поскапа цена од локални продавници наместо на пример од ebay (
локалната екомонија, вработеност, избори... знаеш како идат работите), да работиш во МК фирма кај партизиран директор за x10(0) помалку од онаму каде што би можел да работиш но не можеш со оглед дека исплатата иде исклучиво преку Пејпал, држава која економски е толку кревка што ти забранува да имаш сметка во странска банка
(остај ти посебните услови за отворање сметка во странска банка...), држава која забранува онлајн обложување бидејќи се плаши од значителен девизен одлив
(Франција забранува онлајн обложување кај странски субјекти, но дозволува кај домашните. Ние немаме домашни онлајн субјекти кои нудат ваква услуга, но не за долго, државната лотарија слушам ќе го воведе и тоа - целта е јасна, полнење на буџет),
и посебно држава која може да си дозволи да има министер (читај Иво Ивановски) во кој наместо да гледаш спас како релативно млад учен електраш кој ја разбира (бар би требало...) потребата од Пејпал, во јавна изјава за медиуми во Дуна компјутери на 20 Септември 2012 година изјавува дека работата со пејпал е скоро завршена
(уште од 2007ма), дека трошоците за влез на пазарот се тие што кочат со оглед дека сме ние мала земја и т-ците, како што вели тој, се исти и за нас и за Индија на пример
(а за убер-малата и најсиромашна земја на светот Бурунди како бил можен влезот ? Босна, Албанија ? Уште од пред 2 години и кусур овие 2 земји можат и да повлекуваат средства. 200 земји можат да бидат поддржани, а ние сме скапи за влез ? нон сенс), и како шлаг на тортата да рече дека еве преговараме и со Moneybookers (може уште година пред негова изјава се ребрендираа во Skrill), сервис кој јас лично го користам од 2007ма и кој ја поддржува Македонија......... доколку државата ти го сервира сево ова (ќе речев Влада ама ќе се навредеа доста дами и господа на форумов), ондак постави ги работите така да бидат исклучиво во твоја лична корист бидејќи бизнисот не смее да трпи ср*ња поради група луѓе со сомнителни професионални квалификации и намери.