Albafone - Нов мобилен оператор само за македонските албанци во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Би направиле голема глупост ако не го направат и на македонски...
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 18:41 ---

Не те разбирам, ќе ме исфрлат ако не знам македонски или што?
голем си, размисли... упс, грешка. ќе ти кажам, немаш со што да мислиш. па затоа што знаат дека од вас само проблеми можат да очекуваат
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Себегетоизирање од кое се има корист.

Со овој оператор ќе се докаже дека албанците се способни да работат во телефонските оператори , се способни да менаџираат...
Досега македонците не убедуваа дека албанците се вработени онолку колку што се образовани , па дури и тоа е многу, сите вработени албанци биле неписмени.

Сум имал прилика да видам во продавници каде се пишувало на неколку јазика зборот Попуст ... но не и на албански. (зарем повише срби и французи има во македонија?)
Ова е работата за која ви збори Урбан84.
Ти му даваш леб , а он те гледа како душман.

Лично јас во Орка имам пазарено доста , и многу албанци пазаруваат ... сум влегол во нивните продавници во различни градови , не сум видел ниеден вработен албанец.

Овие од мобилните оператори исто така многу доцна почнаа да вработат по некој албанец.

Лично јас не ги разликувам продавниците , но свесен сум дека купувам во продавница со идиоти шовинисти менаџери , и немам никаков респект кон нив како фирма , освен за нивните производи.

Овие од Албафон со малку вложување можат да покријат 90% од албанците , пошто албанците живеат во 7-10 града.

Се сложувам со Урбан84 дека Албафон ќе ги натера македонците да размислат дали да продолжат и понатаму со игнорантскиот однос кон албанците.

Не е нормално на Т-мобајл и Т-хом да му оставиш милиони , а они да ти вработат само десетина албанци.

Не можам а да не повторам: Мој познаник отиде во Швајцарија во еден голем маркет , и барал нешто но не се разбирал германски , и одма му нашле вработена албанка.
А овдека се покажувате шовинисти , македонскиот бил официјален и морало све да биде на македонски. (има такви шовинисти што им пречи кога вработен албанец зборува на албански со муштерија албанец)

.....никој не спомна дека албанците не се способни да работат било каде....фората е дека бизнисот не познава националност....туку само интерес и приход....никој на форумов нема ништо против новиот оператор....само на сите што мрчиме бизнис стратегијата на Албафон ни личи на Бизнис-самоубиство....како пто кажав предходно ...доколку ги таргетираат и Република Албанија и Косово тое е веќе нешто друго....

што се однесува до вработувањето на Албанци во големи компании....Секој сопственик сам одлучува кого ќе вработи и која бизнис стратегија ќе ја избере

кога бев на одмор во Валона...првиот ден кога пазарев во маалското продавниче...едвај се разбравме со продавачката....7миот ден веќе продавачката голем дел од артиклите ги знаеше на македонски и знаеше да каже цени на македонски.....Зошто? Затоа што вриеше од македонци и најчести купувачи беа македонци

Кај нас работите стојат поинаку....голем број македонци водат инает со албанскиот јазик....причините ти се добро познати и тебе и мене...од друга страна албанците неправат ништо да го променат тоа...со самогетоизирањето се создава само поголем јаз

Турците може да ни бидат пример за бизнис-етика (како во Турција така и туја)....за нив клиентот е клиент без разлика како се вика, што е по националност или дали верува во Хомер Симсон или Морган Фримен

само еден пример....влегувам во една фирма во која газдите се турци....разговараме на македонски...влегува албанец и со него разговаараат на албански....меѓу себе разговараат турски....верувам дека ако влезеше некој турист со него ќе разговараа англиски....ова е здрава бизнис логика

оној момент кога сите во државава ќе сватат дека клиентот е клиент и дека пружателот на услугата треба да се прилагоди кон клиентот, а не обратно, дури тогаш ќе застанеме на нозе

но се додека пазариме таму каде што е најефтино, а не третираат како стока, никој нема да почувствува потреба да се прилагоди кон нас
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.007
Поени од реакции
5.871
Gi pozdravuvam site albanci sto se ukluceni vo ovaa diskusija i sto najodgovorno tvrdat deka vo privatnite firmi na celni pozicii nema albanci od pricini samo zatoa sto po nacionalnost se albanci a za takvi funkcii bile mnogu sposobni vo praksa neka go prasaat gazdata na najgolemiot i najpopularen albanski supermarket PRINCE koj se naoga vo Cair kaj Dizonska sto e po nacionalnost glavniot menagjer na celiot market preku koj odi celiot biznis i kolku mu e mesecnata plata pa posle neka si ja cuknat glavata zosto na celni pozicii vo privatnite firmi ima mnogu malku albanci.Site informacii gi imam dobieno od kolega albanec so koj imam ogromno pocituvanje i koj licno se poznava so gazdata na PRINCE.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Во операторите Т-mobile, One и Vip секако дека има вработени и Албанци и Албанки, особено во средините каде што Албанците претставуваат мнозинско население, но сепак ова се веќе приватни фирми/компании а во приватна фирма газдата не се замара со некакви си проценти и некаква си процентуална застапеност на пр. 10 души вработени па мора да бидат 6-7 Македонци, 2-3 Албанци и.т.н. мало морген тоа процентуална застапеност по етничка линија во било која приватна фирма, во државните институции на пр. па има доста Албанци кои се и на високи раководни функции(директори) но таму ите-како игра улога етничката линија и процентуалната застапеност !
Б.Т.В. немам против тоа Албанци или било кои други припадници на било кое малцинство да работат, јас како клиент барам вработениот/ата(било во приватна, било во државна фирма/институција) на територијата на Република Македонија да знае Македонски јазик за да се разбереме нормално и секако најбитно од се барам културен и коректен однос !
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Некако новиов оператор делува дискриминирачки спрема Македонците.
Замисли да се појавеше оператор, кој ќе нудеше услуги само на македонци, а не на Албанци. На пример продажното место на таквиот салон во Тетово би горел.
Ова делува како она на Хитлер, забрана за евреи и кучиња.
Сепак муштеријата е во право. Незнам зашто АЕК дала дозвола. Или ги замолчиле со некое милионче.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Замисли да се појавеше оператор, кој ќе нудеше услуги само на македонци, а не на Албанци.
Сакаш да кажеш дека јас, Македонец, нема да можам да си купам бројче од Албафон? Ќе има знак за забранета продажба на Македонци, или?
Со тоа што јавно се декларираат како оператор за Албанците, со нивните реклами од типот „Говориме албански“ и тн. - они само лапаат поени кај своите. Не знам од каде впечатокот дека услугите нема да може да ги користат и Македонци...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675

Не бе, ќе си купуваат и македонци, кои го разбираат албанскиот јазик.
 
Ќе си купиш, нема да забрани никој. Тоа е проблемот. Проблемот е да понудиш услуга и да заработиш на неа. Ако стварно нудат добри услуги, и јас би го баталил One, и би се префрлил тау. Само со нивниот начин на рекламирање, тие нудат одбивност кај неалбанските потенцијални корисиници на услугата.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Не бе, ќе си купуваат и македонци, кои го разбираат албанскиот јазик.
Јас сум убеден дека и да не разбирам албански, ќе бидам услужен на македонски јазик. Сакаш ли да провериме?

Ќе си купиш, нема да забрани никој. Тоа е проблемот. Проблемот е да понудиш услуга и да заработиш на неа. Ако стварно нудат добри услуги, и јас би го баталил One, и би се префрлил тау. Само со нивниот начин на рекламирање, тие нудат одбивност кај неалбанските потенцијални корисиници на услугата.
Едноставно, тоа не им во нивниот бизнис план.
Ако ги ставиш на кантар „да се биде нов оператор за речиси сите патриотски-настроен Албанци во Македонија“ и „да се биде оператор за мал дел од Македонците разочарани од останатите 3 оператори и за мал дел од Албанците разочарани од останатите 3 оператори“ - што мислиш, што ќе има поголема „тежина“? :)
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675
Јас сум убеден дека и да не разбирам албански, ќе бидам услужен на македонски јазик. Сакаш ли да провериме?
Искрено, не баш би се осеќал пријатно да им влезам у салон поради нивната кампања фољ шќип и изјавите на нивните раководни лица дека се исполнил долгогодишниот сон на албанците у земјава. Така да, не се пронаоѓам кај овој оператор, макар и чисто информативно да влезам да прашам нешто.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Искрено, не баш би се осеќал пријатно да им влезам у салон поради нивната кампања фољ шќип и изјавите на нивните раководни лица дека се исполнил долгогодишниот сон на албанците у земјава. Така да, не се пронаоѓам кај овој оператор, макар и чисто информативно да влезам да прашам нешто.
Значи љубовта ви е взаемна. Да не беа трет оператор АлбаФон, туку ЗаситеФон, ќе лапнеа незначителен број на корисници. Вака, грабат кон значителен број на корисници, односно, една цела етничка група. Дали ќе успеат, ќе видиме. Се е за пари. Ги боли нив дали ти си се навредил од тоа „фољ шќип“... :)
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
278
Поени од реакции
212
Albafone tie e Masina so 1200 vrtezi :) cisto na zaebancija Peralnica za Pari bre luge kakov pazar tuka nemoze VIP nisto da narpravi sto e pod Vodafone kamo li ovie nego da se ispere nekoe Miljonce i taka nataka :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Јас сум убеден дека и да не разбирам албански, ќе бидам услужен на македонски јазик. Сакаш ли да провериме?
Ако купиш нивен број си предавник и ќе гориш во пеколот ! :pos:

Шала на страна, ако купиш нивен број сподели дали ќе бидеш услужен на македонски.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675
Значи љубовта ви е взаемна. Да не беа трет оператор АлбаФон, туку ЗаситеФон, ќе лапнеа незначителен број на корисници. Вака, грабат кон значителен број на корисници, односно, една цела етничка група. Дали ќе успеат, ќе видиме. Се е за пари. Ги боли нив дали ти си се навредил од тоа „фољ шќип“... :)
Чекај, чекај.
Со цел да освоиме дел од пазарот ние наместо да нудиме услуги со кои би биле конкурентни, ние се насочуваме кон одредена етничка група за да се пробиеме?

Што е следно, ќе отворам продавница и ќе примам само муштерии марсовци?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Чекај, чекај.
Со цел да освоиме дел од пазарот ние наместо да нудиме услуги со кои би биле конкурентни, ние се насочуваме кон одредена етничка група за да се пробиеме?
Да.
Што е следно, ќе отворам продавница и ќе примам само муштерии марсовци?
Отвори, ако претходно добро си го испитал пазарот. Изгледа забораваш дека за разлика од Марсовците, Албанците всушност ги има на македонскиот пазар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom