Селјаците во последно време се на цена кај понежниот пол за жал.Иначе Шеринган нема љубовен проблем,туку има проблем со својот еготрип.
И ќе се правите нешто што не сте ("сељаци") за да фатите девојка? Затоа ли во просек тие трипови ви траат околу два месеца? Па пак доаѓате овде да се жалите дека не во оди, девојката вака или онака ... Не може секогаш другиот да е крив. Дали девојката или некој трет, кој се појавил на сцена. Тоа сакам да го потенцирам уште од вчера, ама некако не ви влегува во глава. Лесно е да кажеш дека девојките трчаат по сељаците, а овде, тие девојки кои ете, демек не трчаат по нив, трчале по вас некое време, сега нешто не ви иде, и готово, ги фрлате во тој кош со останатите. Немате вие згрешено ништо никогаш со нив? Сите овде испаѓате ангелчиња на кои девојките страшни драми им правеле и страшни неправди им поделиле. Нешто не ви чини во односот, постапката, пристапот, третманот, ако again and again, овде се појавувате барајќи решенија.
Пак ќе повторам, зборам во множина бидејќи ова не се однесува само за тебе.
Ај јас да прашам сега нешто тука. Ме мачи нешто веќе неколку дена. Бивша девојка со која одев (речиси 4 месеци пред 2 години), која ја имав избришано уште тогаш од фб и воопшто немав контактирано, пред 6 дена ја начекав во домов се вселила. Ни две ни три ми се тупна на кафе всоба со цимерката (цимерката нејзина ми беше школска) иако збор не сум зборнал оттогаш, ми се скапа лигавење сум бил премногу сменет (на поарно), слушнала за проблемите кои сум ги имал па да ме теши зеде ова она, братучеда и се запишала на истиот факултет кај мене па да сум и помогнел, ме бараше да сме излезеле тука и тн и тн. Е сега јас не и обрнав внимание воопшто, таков човек сум кој каде плука не лиже и ако еднаш сум потценет од некого после и да се беси да го гледам не го ебам ни два посто. Оваа упорна упм, го начекала цимерот и го распрашувала кај сум што сум (му дадов забрана да не кажува ништо за мене ниту што правам ниту како), случајно пак ја начекав на враќање од теретана и ми се исили ме изгушка небаре пак заедно сме и нормално се тргнав колку и да ја доведов во непријатна ситуација сакам да ги укажам дека несакам да имам ни арно ни лошо со неа. Ниту ја сакам повеќе ниту сакам да имам со неа нешто ниту арно ниту лошо, ај сега кажете како да ја откачам, оти ако одам по мое ќе ја отерап упм да не ми се опули уште еднаш на наредно лигавење.
П.С имаше дечко до пред 2 месеци некаде, а сега нема никој, па дали ме бара пак да не и е досадно или како незнам, али ич не ми се бендисува нејзиното присуство во моја близина.
Не мислев дека ќе давам мислење и за твојот случај, ама ајде. Батали wot што ти дели совети. И дошол периодот за врска? И што? Треба да и клекнеш на колена? Демек тој период е како нивнион месечен, па било само прашање на време чим се појави. Како одеднаш кога тебе ти оди подобро, ете си се средил на повеќе полиња, теретана, факс, може си се сменил и како личност до некој степен (во нејзин поглед на подобро), и сега оп, загреана е пак?
Не вреди да бидеш со некоја која ќе те сака (ако веќе е работава сакање, не мување), за човекот кој си можел да бидеш тогаш (а од икс-причини не си бил, пред две години), но сега си тој, и сега е демек спремна. Таква не ти треба, која не го гледа твојот потенцијал, и тогаш не те ценела онаков каков што си, туку само кога почнуваш полека да го исполнуваш истиот, сега, после две години, да и текне дека можеби згрешила. Мое мислење и да и дадеш до знаење дека бродот отпловил. Секогаш има друга.
(имај ги на ум и другите совети што ти ги дадов во друга тема, знаеш која, со добра намера беа кажани, и ќе ти послужат во иднина да не налетуваш на вакви како оваа сега).
Поздрав.
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 15:12 ---
Од претходно искуство јас лично,кога сум се пуштал на оној добар начин(оној кој вклучува романси,барај кога и да ти затреба ќе дојдам кога било за тебе и такви ствари) и сум влагал во френдзоне,еднаш и ми рекоа неможам да сум со тебе затоа што се однесуваш многу добро спрема мене(на некој начин си игра со тебе x) )..На лошиот начин кога и да сум ги третирал како да не постојат,обратна била ситуацијата,ама а дојдеше моментот кога ќе почнев да омекнувам почнуваа да покажуваат рогови! Кажи ми сега каква етикета ќе добијат тие? „Сељачки„ или некое друго нагрдно име? Никогаш никој не би требал да се спушти до тоа ниво да зборува за некого вакви работи,премногу е клише.Ти искрено незнам колку луѓе оттука познаваш(од дечките што ги етикетира) па што ги нарекуваш сељаци,секој си има свое персонално искуство во ова поле и како што приметив сите му дадоа совет на Шаринган,каков мислат дека е најдобар!Никој не те цитиираше тебе ниту ти побара совет да избувнуваш па и да се караш со повеќе од членовиве.Мислам дека тебе лично никој не те навреди и твоето мислење си можел да го склопиш на подобар начин,ама ипак ти си знаеш најдобро како ќе ти изгледа постот..
Романтиката во нашава земја не се цени,секогаш си изложен на работи за кој ќе те сметаат дека си глупав искрено!До пред некое време и јас така си летав мозокот удоволувај све,цвеќиња и такви работи и каков резултат сум добил со тоа?Никаков.. Сите наши девојчиња се од типот на фб: Леле денешниве момци ич не се романтични,многу се груби,немаат осет за такви работи блаблабла. Кога доаѓа време и кога и се пушта некој типац јас досега не сум сретнал случај што девојка влегла во врска со дечко поради тоа што тој правел све за неа(има редок случај ако нејзината најдобра другарка и ја полни главата за некако да успее што е многу ретко)! Спротивното секогаш кога си третирал некого како што не треба,е тогаш почнува да пали работата. Кој е крив за тоа? Многу пати сум се расправал на оваа тема и секогаш сум го тврдел спротивното,ама очигледно овде не тоа пали и тоа е реалноста!
Воопшто не се карам со некого, не знам од каде таков заклучок извади. Ако некој се навредил треба да се запраша зошто, "" ставив намерно, да не испадне дека јас лично некого спогрдни термини го нарекувам, ама ајде, како и да е.
Имам едно прашање за тебе, ако тајната на совршен машко-женски однос е таа, машкото да биде douchebag boyfriend, а на неа тоа да и прија, зошто постои тема како оваа, која пречесто има нови постови, и е sticky? Нели мистеријата е решена, машкото треба да е ваков и таков, за женското да и се допадне. Зошто овде воопшто дискутираме?
Не морам да ги знам лично дечките од овде. Доволно е проблемите кои ги пишуваат да ги прочитам, воедно и тие проблеми девојките кои ги пишуваат, и да сфатам. Бидејќи истите проблеми, се присутни кај мои познаници исто така. И машката и женската страна бараат решение, и сфаќаш дека во голем случај, изоставуваат делови од целата приказна (свесно/несвесно, не навлегувам), и секогаш се тие жртвата. За продавање полу-точни приказни, ти викам, во поголем дел машките се подобри (не дека нема такви од женската страна). Кога гледаш горе-доле исти реторики и овде, што треба еден да заклучи?
Во ред, ако мислиш дека тоа е правилниот пристап, терај(те), но ако толку од вас исто мислење делат (како што гледам дека така е случајот), не знам зошто темава се уште се полни со мислења, поплаки, потреби од совети и сл.
Поздрав и до тебе.