Дали некој знае после колку време застарува дело за прекршочна пријава (казна за немање возачка пример) од МВР ?
ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Член 43 став (1): „Изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот помине една година.“
Член 43 став (6): „Застареност на прекршочната санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето.“
Тоа значи:
Ако е изречена
глоба (парична казна), Државното правобранителство на РМ во рок од
1 година од денот на правосилноста на пресудата, мора да поднесе Барање за извршување на глобата до надлежен извршител; ако пак е изречена
Забрана на управување со моторно возило, надлежниот суд исто во рок од
1 година од денот на правосилноста на пресудата, мора да поднесе барање да се впише забраната во возачката дозвола на обвинетиот до МВР.
Ако во тој рок од 1 година не е поведена постапка за наплата на глобата односно за впишување на забраната во возачката дозвола, настанува застареност на прекршочната санкција!!!
Инаку, ако е поведена постапка за наплата на глобата или постапка за впишување на забраната во возачката дозвола, извршителот во рок од
2 години МОРА да ја наплати глобата од обвинетиот, односно МВР во рок од
2 години МОРА да ја впише забраната во возачката дозвола!
Ако во тој рок од 2 години не е наплатена глобата односно не е впишана забраната во возачката дозвола, настанува застареност на прекршочната санкција!!!