[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ането па што вади квалитетни фотки со мобилниот абе шта да ти причам. Немој тука со изговори туку прај ја супата ок? :D

Зависи мама што ќе каже утре, нејзина кујна е. Јас би сакал, што са тиче до мене :). Ако не, ќе ве дерам некој следен предизвик. Дајте бе нешто благо прајте, тука сум шампион :D.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Anne те чекаме со рецепт бидејќи си победник во натпреварот за плескавици од тиквички ;)
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ајде нешто брзо и лесно, а превкусно. :)

Домашни јуфки

Потребно е:
400гр јуфки
1 главица кромид
2 шољи вода
1 лажица буковец

Кромидот се сецка на ситно и се пржи додека да смени боја, му се додава лажица буковец и се пропржува уште некоја минутка со постојано мешање (внимавајте да не ви загори и поцрне буковецот). Додајте ја водата и кога ќе почне да врие ставете ги јуфките да се варат. Количината на вода може да варира во зависност од јуфките, за домашните мене толку ми треба, за купечките поише ми иде. Битно постепено сипувајте ја за да не претерате, туку таман да е за јуфките да ја впијат сета течност. За 2-3 минути би требало да се готови.

Кога ќе сервирате додате си што сакате: кечат, мајонез, сирење, сецкан домат и магданос... голем избор имате. :)

 
R

Rigel Kent

Гостин
Јас јуфките ги подготвувам на следниов начин:
Прво малку се пропржуваат во масло , па се додава врела вода (доволно да биде апсорбирана од јуфките) .
Кога ќе бидат готови , на страна пржам ситни парчиња леб во масло и ги додавам во јуфките .

Јадењето е декорирано со урда , ајвар и малце оригано.

DSC00397.jpg
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Зошто кромид во јуфки? :unsure:
Јас така иам научено дека се прават. Баба ми така ги правеше, јас така си ги правам денеска. :)
Ама ако не ти оди кромидот тука, слободно исфрли го. И така правиме секогаш по некоја измена во рецептот. :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Сунце вам јебем! Јас како Етиопјанче ќе си ги гледам сликиве. :(
не пцовај, ...... :P ќе се изгориш ако пробаш :pos:
него, ане, дали може да бидат потпечени? баш вчера ги имав такви, па .... да направам ако треба пак (y)
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
не пцовај, ...... :P ќе се изгориш ако пробаш :pos:
него, ане, дали може да бидат потпечени? баш вчера ги имав такви, па .... да направам ако треба пак (y)
Се додека праиш јуфки, све може :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Јас не знам што се тоа јуфки. :pipi:
Ама вака на изглед, од вашите подготвени, заклучувам уствари дека тоа се кори. :P

Моите кори се приготвени на следниот начин.
Ги варам во врела вода во која предходно имам ставено сол. Кога се готови, ги тргам на страна и во друго помало тенџеренце, ставам зејтин и чекам да се загрее. Кога е доволно врел зејтинот, во него ставам суви кори, околу една рака и ги пржам додека не добијат кафена боја. Пржените кори ги префрлам во варените, ги мешам и многу ми се убави, оти ми крцкат додека си ги јадам.
Денешниве кори ми се подготвени на овој начин, плус во нив имам ставено, 100-150 грама сирење измешано со јајце. Смесата ја додавам во корите додека се топли, за убаво да се растопи сирењето внатре. Одозгора имам ставено домашен кечап и рендан пармезан. Енџој пипл!;)


IMAG0636.jpg

IMAG0629.jpg
 

Attachments

Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Бубамаро, јуфкиве ти се фантазија - и според рецепт и според слики:love: Морам да ги пробам, уште утре ги правам :vozbud:
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Бубамаро, јуфкиве ти се фантазија - и според рецепт и според слики:love: Морам да ги пробам, уште утре ги правам :vozbud:
Мислиш корите :D
Ајде бујрум, најави се само оти идиш и ти готвам. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom