Извини.Ме интересира дали за сите
овие вонземјани се верува дека постојат и дали се унифицирани под една теорија или сите спаѓаат во различни теории на заговор?
Сите се посебни случаи, некои се од ист извор, други не се. Некои од различни извори се повторуваат (дава малку повеќе кредибилитет). Дека постои унифицирана теорија - Да.
Двете теории кои постојат денес, и кои се подржувани освен од сериозни истражувачи со академска позадина, туку и од сериозни научни имиња во глобално ниво се:
* Extraterrestrial Hypothesis
* Ancient Astronaut Theory
Првата е таа која ја бараш, во однос на различни случаи на вонземски посети денес. Некои ја подржуваат едната или другата, некои и двете (пример јас). Не се взаемно некомпатибилни теории.
И двете се зајакнати од случаи, како на пример
Сателитот Црн Витез, за кој имам говорено претходно. Се уште нерешена мистерија. Може да се објасни и со едната и со другата, па и двете теории заедно.
Како што ти пишав претходно - многу работи може да ти звучат смешно. Ако ти е за зезање, нема потреба да дискутираме јас и ти на темава.
Ако имаш аргумент против Гери, пиши, да видиме колку е издржан.
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 21:45 ---
Досега, нема цврст доказ дека има вонземјани во хуманоидна или слична форма.
Еден од бауплановите кои ги создала природата е и хуманоидниот. Сите кои барем паушално влегуваат во овој бауплан егзибираат интелигентни карактеристики. Не е неразумно да се теоретизира дека и на други планети би имало хуманоидни форми на живот. Како што гледаме дека морксите баупланови ги има во слична форма која се повторува, бидејќи за таа средина тие се "најидеални", и кај летачите. На планета каде доминира водата веројатно нема да никне хуманоидна форма на живот, или на планета која е повеќе гас и водена пареа него ли како било што друго. Сензорните органи по некоја логика би требало да бидат поблизу до аналогот на нервен систем кој би го имале вонземјаните за конзервација на енергија, времетраење, и поради ефикасност. Не мора да е тој случајот, може баш напротив, мнозинството форми да немаат таква распределба, ама дека ќе наидеме на слични примери, сигурно.
Имаме и нешто наречено конвергентна еволуција. Знам дека сум досаден со примерот за џуџестите Мадагаскарски лемури ама ме мрзи во моментов да барам во моите енциклопедии други биолошки примери како референци или по интернет, кога примеров треба да е доволен. Се работи за 6 видови на џуџести tree-dwelling лемури, сите 6 видови од кои живеат само на Мадагаскар. Покрај класификацијата на 6 различни видови, сите лемурски врсти изгледаат исто, се однесуваат исто, буквално и живеат на ист начин. Како да се клонови еден од друг. Само преку ДНК анализа фатените/испитаните лемури се знае на кој вид од тие 6 припаѓаат. До толку е тешко да се разликуваат еден од друг. Уште еден fun fact - лемуриве не се парат едни меѓу други, научиле да се игнорираат, бидејќи нема да произведат потомство ако се парат со еден од другите 5 вида. Имаат доста различна генетска композиција, затоа. Исти од надвор, различни од внатре. Кога ова се случува на еден остров на планетава (а има и примери во склоп на глобално ниво), не гледам зошто истово не би важело и на едно макро-ниво, во вселенски рамки?
Само затоа што опишаните вонземјани посетители, голем број очевидци (дали контактирани, дали киднапирани, дали инсајдери) ги опишуваат како луѓе не толку различни од мене и тебе на пример, не значи дека се работи за луѓе кои страдаат од халуцинации или психички проблеми, или луѓе кои се склони кон измислување фантастични приказни, или луѓе кои се крајно искрени, но измамени од трета страна (луѓе кои позираат како вонземјани, користејќи напредна човечка технологија недостапна за глобалниот јавен сектор). Секако, зависи дали и која верзија од овие три објасненија ќе ја посвоиш. Јас сосема друга - дека голем дел од ваквите случаи се вистините. Зошто, како, што - тоа во друга тема ќе се дообјаснуваме. Според горенапишаното, може да се земе и за можно, дека хуманоидни битија, можат да пројдат како човечки битија, заради нивниот сличен изглед, а различен внатрешен состав генетски. Нивната камуфлажа може додатно да се доусоврши преку софистицирана биокозметичка технологија. Со ова ни се објаснило и тоа зошто боговите во најстари времиња биле повеќето животни или природни појави, а со тек на времето, сите заземаат почовечки изглед.
Има доста архивирани податоци за контакти меѓу други битија од таков тип со нашиот вид. Во зависност од ерата во која се документирани, се евидентирани како контакт богови-луѓе, божествени битија-луѓе, чудни луѓе-обични луѓе, и вонземјани-луѓе, во денешно време. Се е исто, само како биле сметани и со кој епитет, е разликата. Ова зборам за човеколики посетители од други планети, за останатите, во друг наврат.
Сега, како ова се поврзува со тврдењата на Гери, и останатите кои направиле слични изјави? Тоа што Гери тврди дека во таа вселенска флота која ја имаме, има и "non-human" членови на персонал. Официјалниот назив ете не е вонземјани, но како ќе го категоризираш тоа е твое. Терминот е тој кој е искористен. Идентични термини "non-human personnel" има и во наводни извештаи на инсајдери во однос на проекти на кои работеле или во подземни бази и инсталации на истражување итн. Не е како некој вработен во воена или каква и да е база, има време да го листа интернетот да бара сличности меѓу некои изјави и да ги пополни со свои, за да продаде некоја приказна. Прашање е и ние колку време ќе имаме за да направиме еден таков елабориран hoax-tale не па они. That's my whole point.