Фан Клуб: Интер

Прва желба која би сакал да ми ја исполни новиот газда ми е под итно шеширџијата да јаде педала!Така мислам најбрзо ке им влезе на фановите под кожа :D
 
Со среќа новиот газда комшии, ај сеа се надеваме дека и кај нас ќе дојде некој арап. :icon_lol:
 
Бидна работата а, конечно се откажа и стариот.
Уживај во пензијата Морати, мене лично нема да ми недостасуваш. Се надевам само дека не заглавивме со некој бетер од него.

Ја сум задоволен искрено, затоа што сакав промени во сопственичката структира на клубот, без разлика кој уствари ќе го купи клубот. Мислам дека време му беше на Морати и ако за нешто ми е мило за последниве три години е што барем имаше сенс да си отиде во право време. Мада сега во hindsight очигледно е дека многу од работите околу клубот во последните години го имаа за цел баш ова што се случува во моментов. Имаше многу добри моменти со него, вистина, тука мислам на тројната најмногу, ама имаше и еден куп на неверојатни глупости кои клубот ги направи со него на чело. Сега во овие моменти на некоја сентименталност ваљда, тоа ќе се заборави на кратко, ама вистината е дека во неговото време Интер беше еден од најлошо менаџираните клубови во светот, а последиците од тоа ги гледаме денес.

Од новиов, се надевам дека нема да му го слушнеме името веќе и дека ќе го заборавиме како изгледа (метафорички, не само зошто е грд). Не ни треба сопственик кој ќе дава изјави после секој натпревар и кој е главна фаца секој преоден рок, ни треба некој што има барем минимум ниво на самокритика. Морати беше голем фан, ама тоа е ирелевантно кога беше некомпетентен за работите што мислеше дека лесно може да ги прави. На фановите место им е на трибина.

Има многу работа пред овој, зошто во многу работи заостануваме со децении во однос на големите клубови. Немаме никаков организациски капитал, кој очигледно е она што ја прави разликата во изминативе години во светскиот фудбал, нешто што е директна заслуга на Морати и компанија. Во тоа треба прво да се инвестира, зошто со секоја измината година се повеќе заостануваме. Ни треба структура и прави луѓе на прави места во нејзе, а после тоа за жал ќе ни треба и многу време. Со прави одлуки се може да се направи.
Иако и сега не го сменат Бранка тогаш типот дефинитивно е масон.
 
Честитки за новиот газда. Сега со некоја негова финансиска инекција да направите саглам трансфер зимава па влегувате во нова ренесанса на клубов. Само да не се претворите во големи трошачи како Челзи или Реал и од оваа ситуација да ги преплаќате играчите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom