Арна е рекламава ама тоа во реалноста некако не бидува
Така
Јас обично ги решавам проблемите на следен начин, гледам колкава штета се направила и ако е непоправлива не се мачам да ја надокнадам со ништо, не се карам со никого за веќе истуреното млеко ако ме разбирате туку ќе разгледам што останало здраво во ситуацијата и од таму ќе тргнам. Ако се карам со некого, обично сум смислила некој план за да не се повтори штетата и напинам да го реализирам.
Во нашава ситуација штетата е голема, загубивме луѓе претежно млади, загубивме права, загубивме цели градови. Најважно од се ја загубивме довербата едни кон други, и сочувството како за луѓе.
На чиста нула сме, ако има волја да се живее добро и кај едните и кај другите таа волја е еден мал плус. Друг плус се децата, ако не се грижиме едни за други да се грижиме за сите деца во Македонија да растат и да живеат добро. Да се погрижиме секое дете да има здравствена заштита и образование на место, доволно облека и храна. Ова не е глупост. Ова е еден вид инвестиција, инвестираме во децата да станат подобри и попаметни луѓе од нас и да ја исправат работата.
Сетете се како тргнуваат сите расправии - ќе им фрлат боцки на децата по средните школи тие ќе се испотепаат и ние ќе имаме причина да се заколиме. Тргните од истото место во друга насока и ќе се среди животот. Можда после мојот живот. Ама лесно се расипува тешко се создава треба време.
--- надополнето: 15 октомври 2013 во 10:18 ---
Ajде, една за почеток кажи ни. Јас, никако не се чувствувам близок со муслиманите. За воља на вистината, одвратни ми се.
Само жити леб, не почнувај со „дишеме воздух“, „луѓе сме“, и слични тривијалности.
Еве јас ќе ти кажам една огромна сличност : себични сме!
Во една многу стара книга има еден многу паметен муабет, вика лесно е да си го сакаш братот или сестрата или блиските, лесно е да се жртвуваш за нив, а ретки се луѓе што знаат да сватат да сакаат да мислат добро на далечен човек и на непријател. Прости ми не е цитат, со мој зборови е, ама не опишува.
Се возам јас во такси од Охрид кон Струга по автобуска карта, до мене стара Албанка баба, и возачот Албанец си зборат на нивно таму. Возачот вика имаше сообраќајка еден млад загина кај Мислешево, а таа вика „А наш беше?“ И јас седам до неа ... овај не ни дишам... ниеден збор повеќе не разбирам чекам само да слезам да си одам дома... Ако е наш жалосно е татко е некому, брат е некому, ако е туѓ нема сочуство, а ова ни е заедничко не е само од нивна страна, себични сме како говеда