Ох сите шо се к'нат у безрезервна љубов, у вечна љубов без разлика на околностите, и не ти знам шо, е доволен признак оти некој друг и става јадејне на масата. Без разлика дали е у вистински живот, дали е на форумо. У оваа група најчесто спаѓат студентите, вечните студенти, човеци со 30+ и без еден работен ден или стаж, квази интелектуалците, неразбраните и слични “паметни човеци“. Сите овија потајно се надеват да најдат некој/некоја шо ќе ги уреде. Шо ќе им готве, шо ќе собира по них, шо ќе чисте, шо ќе ги клеца, а они ќе седат у центаро на универзумо додека јадат гомна колко са паметни, колку ги разбират нештата, колку знаат како стануват нештата на теоријата, па ќе почнат да разврзуват некакви големи зборове, па ќе уфрлат некој неологизам, некој англиски збор у сред маабет за да изгледат поинтелегентно, а иако реалноста е: Дај мамо сто денара на кафе да идам.


Нема човек шо би седел дома повеќе од 2-3 месеца, не 2-3 години, без да го питат шо направи со работата, кандидира ли, беше ли до штабо, беше ли у таа фирма, јави ли се на тетин ти, пита ли там, пита ли оновам. На село е една идеја полесно од психолошка гледна точка, оти ако моментално не си вработен, се има некоја нива шо требе да се изора, нешто да се сее, да се обере, да се продаде, да се потсреде, и реално никој не е без работа иако реално е невработен.
Секој си ја избира судбината, секој ја има шансата да си ја скрое сопствената капа. Ама ако не си ја скроеш сам, некој друг можеби ќе ти ја скрое. Ама таа кројка најверојатно нема да е по мерка.
На крајо на дено, никој нејќе легачи. И како таа жена ќе мисле дека утре ќе има деца со таков мрсољко, коа не знаа едни јајца да си спрже, а она требе да гледа деца со него.
--- надополнето: 13 октомври 2013 во 10:27 ---
Ако не и дадеш на некоја да те стриже, ќе те стриже ли?