А ја има ли пробано некој козметиката од ЛЕА?
Не само од колекцијата Леа, генерално сум задоволна од производите на Фитофарм.
Инаку во зависност од тоа дали си во пубертет, или се работи за хормонски дисбаланс, проблеми со полицистични јајници и слично, оттука ќе знаеш како да ги третираш истите.
Во почетната фаза акните секогаш се третираат со антибиотик. Значи тоа може да биде Клиндамицин или Хлорамфеникол.
Гелот Леа содржи клиндамицин и најчесто успешно ги третира акните. Меѓутоа нема да можеш постојано да го користиш бидејќи кожата се презаситува и понатаму не би ти било делотворно.
Истовремено ќе користиш обезмастувач, за да ги отстрани маснотиите, особено на т-зоната. Нео Страта е квалитетна медицинска козметика, и секогаш ќе внимаваш пената да не ја оставиш подолго време (мислејќи дека е поделотворно) одошто пишува на амбалажата. Значи го миеш лицето, ставаш пена да отстои отприлика 2-3 минути и го одмиваш. Практикувај и редовно користење на маска- пилинг, производите на Гарние се на база на салицилна киселина, па пилингот 3 во 1 можеш да го користиш 2 пати неделно. Исто така можеш да користиш и медицински сапуни на база на сулфур, Докторс имаат такви.
Ќе внимаваш и на исхраната да не консумираш производи кои дополнително ќе ти ја влошат состојбата на кожата.
Аирол кремата го лупи површинскиот слој на кожата. Значи без разлика дали ќе се решиш да го правиш тоа на дерматолог, на пример хемиски, тца пилинг или во форма на крема, многу е важно да се прави редовен пилинг на лицето.
Исто така можеш да си го купиш гелот на Авен - Cleanance, кој отстранува нечистотии и вишок на себум.
Dermopurifyer на Еуцерин е ефикасна медицинска козметика за проблематична, акнеична кожа.
Бета каротенот е моќен антиоксиданс кој исто така има бенефит за кожата и е добар при третирање на акни.