Вести: Археолошки истражувања во Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
НА ЛОКАЛИТЕТОТ ЦРКВИШТЕ, КУМАНОВСКО

Целосно откриени контурите на најголемата и најстара црква

Според директорката на Музејот на Куманово, Анита Цветановска, многу е значајно што локалитетот се наоѓа во близина на атрактивни туристички дестинации во кумановско и на магистралниот пат што води кон Бугарија, што е и главна причина тој да биде посетен од голем број домашни и странски туристи

EC4D2EDF0B2CAE48909AC2F86B05F72F.jpg


На локалитетот Црквиште во кумановското село Клечовце годинава се целосно откриени контурите на една од најголемите и најстарите цркви во Македонија за која се претпоставува дека потекнува од петтиот век. Со цел да се доистражи локалитетот активностите кои се вршат со финансиска поддршка на Министерството за култура ќе продолжат, за што ќе бидат издвоени и дополнителни средства.

"За нас е значајно сето ова да биде откриено, реставрирано, конзервирано и ставено во функција на културен туризам, а еден од приоритетите на Владата на Република Македонија е токму заштитата на културното наследство на археолошките локалитети. Службите имаат дозвола и логистичка поддршка да продолжат со истражувањето и брзо да преминеме на конзервација и реставрација", истакна министерката за култура на РМ при вчерашната посета на локалитетот.

Според директорката на Националниот центар - Музеј на Куманово Анита Цветановска, станува збор за една од најстарите градби во Македонија. Таа посочи дека е многу значајно што локалитетот се наоѓа во близина на атрактивни туристички дестинации во Кумановско, како што е локалитетот Кокино, и на магистралниот пат што води кон Бугарија, што е и главна причина тој да биде посетен од голем број домашни и странски туристи.

D3E8EA693D4C7540BCED445DAFF6FDB5.jpg


Дејан Георгиевски, археолог во Музеј на Куманово, објаснува дека локалитетот Црквиште претставува значаен римски град кој продолжил да живее и во раното христијанство. Тој посочува дека откриениот објект во должина од 35 метри претставува еден од најголемите во Македонија од ваков вид.

"Објектот има две фази на градење - ранохристијански од 5 век и втората од 11 век и е од средновизантискиот период. Локалитетот Црквиште, нуди можност да се објасни континуитетот што еден римски град го имал во својот развиток се до 11 век", велат надлежните во Музејот.

Министерката Канческа-Милевска вчера најави дека наскоро ќе го посети и локалитетот Кокино кој следната година ќе биде ставен во приоритетната листа за истражување. (Д.Т.)

Првите истражувања во 2001
Првите истражувања на локалитетот Црквиште се започнати во 2001 година, и во помал обем се изведуваа до 2004 година. Најинтересен наод беше секако, контурата на објектот со апсида откриен во 2003 година - сакрален објект - ранохристијанска црква.

Првичните согледувања се дека црквата е настаната во почетокот на 5. век, што ја прави една од најстарите во Македонија. Врз основа на монетите, крајот на втората фаза на постоење на црквата е сигурно определен во периодот 1071-1078 година.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FBBF29B850845B41AFACDF534928D2B6
.
 
Според податоците локалитетот потекнува од вториот век пред нашата и првиот век од нашата ера, а неговото античко име било Гурбита.

"Дојдовме до сознание дека оваа некропола се одликува со гробни форми, што ретко се присутни на нашиве простори и дека тие се среќаваат само во Црногорското приморје.

Луксузната керамика, пак, декорираните чаши и стаклените предмети се претпоставува дека биле донесени од големите тогашни центри од времето на хелинистичко-македонски период.
вели археологот Мидоска.


Многу интересно.
Што стана со поделбата на Македонија од Римјаните?
Нели, никој не смеел да оди од прима во терца во ниедна секунда?

Можеби Римјаните донеле Црногорци, па така, денес во Македонија се осеќа нивното (не)работно присуство...;)
 
Последно уредено од модератор:
Постое ли некаква карта на сите архелошки наоѓалишта во Македонија
Постои и се обележани локалитети (кадешто се изврешени ископувања , а и на тие што не се ) ама прилично одамна е направена . Ја има во МАНУ
 
Марвинци во Грција

Се претпоставува дека само од локалитетот Марвинци во изминативе 20-30 години се ископани околу илјада гробни места, а огромен број артефакти се препродадени во Македонија, но и надвор од неа. Оние што стигнале во Грција завршиле како предмети со грчко потекло. Материјалната придобивка за дивите копачи е мотив за нелегално ископување на артефактите, бидејќи на црниот пазар монетите, на пример, се продаваат од 1.000 до 6.000 денари за парче, но по чистењето и обработката се продаваат и до 5.000 евра на меѓународните аукции.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111310106402&id=9&setIzdanie=22132


ДА ! ДА !

Мој другар кога беше во Дубаи најде златна паричка , малечка со изгравирани арапски букви... Кога ја однесе тука во златара паднаа на гз :D Тој што го откупуваше златото викна 2ца негови пријатели за да се увери дека е вистинска парата...

Мноогу голема вредност имаат старите монети...
 
На локалитетот на Љубанишко поле откриени значајни наоди

Вести | Охрид | 07.11.2013 14:23

Во рамки на археолошките истражувања кои се во тек на локалитетот „Рајца-Манастирите“ на Љубанишко Поле,охридско, на двете локации на локалитетот, утврдени се повеќе значајни наоди,информираат од Завод и музеј Охрид. Меѓу нив делови од градежните структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии 12 метри должина и 7 метри широчина.

t_1.jpg


http://www.ohridnews.com/vesti/62093
.
 
Камена гробница од раноантичкиот период откриена во Штип

Археолозите од штипскиот музеј деновиве ја открија единствената камена гробница од рано античкиот период на балканските простори

GROBNICA.jpg


Со висина 2,5 метри и дијаметар во основата од шест метри, камената гробница импонира со невообичаено големите димензии. Лоцирана е помеѓу Карбинци и селото Радање на десетина километри од Штип во правец кон планината Плачковица.

- Со сигурност можеме да потврдиме дека за прв пат наоѓаме гробница од ваков вид на изработка, поточно од речен камен со потекло од рано античкиот период. Според првичните наоди, може да кажеме дека ова e могила што датира од првиот до третиот век од нашата ера, објасни Мите Костов – археолог.

Засега се обработува надворешната страна на гробницата, чии претпоставки се дека припаѓа на великодостојник од рано античкото време на Македонија. Инаку, овој проект е дел од истражувачките потфати на штипскиот Музеј, со цел откривање на што поголем дел од древните, но исклучително вредни аргументи за животот на раноантичките Македонци.

- Не застануваме на овој проект. Во тек е подготовка на потребната документација за да конкурираме до надлежното министерство со друг идентичен проект за кој веруваме дека ќе ги добиеме неопходните финансиски средства за негова реализација, дополни Зоран Читкушев – директор на Народен Музеј – Штип.

Локалитетот Беш Тепе Анче каде е откриена единствената балканска камена римска гробница, е позната археолошка ризница, велат истражувачите на македонското историско минато. Според археолозите, тука своевремено имало пет тепиња, односно ритчиња, од кои за среќа, останале

недопрени три.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=24666
 
недела, 06 април 2014, 14:14

Продолжуваат археолошките истражувања на Велушка тумба
Археолошките истражувања на неолитската населба Велушка тумба во Битолско продолжуваат со поддршка од Министерството за култура

Стручни екипи од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола досега откриле значајни наоди, кои ги збогатија научните сознанија од областа на станбената архитектура, економијата и духовниот живот на жителите од оваа неолитска населба.

Пронајден е богат движен материјал, како керамички садови, фрагментирани култни предмети со пластично моделирани антропоморфни и зооморфни претстави и жртвеници. Според квалитетот на пронајдениот материјал, овој археолошки локалитет претставува најзначајна пелагониска неолитска населба.

Со досегашните археолошки истражувања на праисторијата во Битола и Битолско регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.

Автор: И. Н.

06042014141447_tumba.jpg


http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=33034
.
 
10168182_540605726055267_699076169_n.png

Предавањата се отворени за сите :)[DOUBLEPOST=1396948763][/DOUBLEPOST]
Постое ли некаква карта на сите архелошки наоѓалишта во Македонија
Постои иако денес може да се дополни со новите локалитети. Книгата се вика „ Археолошка карта на Република Македонија “ и е во три делови.
Првиот дел е општо за предистириските и историските периоди во македонија- текстови од професорите на универзитетот Кирил и Методиј. Вториот дел е листа на сите дотогаш регистрирани локалитети. А третиот дел се карти. Мислам дека во матица можеш да ги најдеш сите делови а сега на саемот сигурно ќе ги има :)
 
Идни истражувања на територија на Македонија


Секој Завод за заштита на спомениците на културата или музеј ќе спроведе по неколку редовни ископувања на околните наоѓалишта кои Министерството за култура ги финансира во рамките на годишната програма за култура. Евидентно е дека и годинава капиталните проекти, кои со значително поголеми буџети ги финансира Владата, ќе бидат во намален број, а не дваесетина, како што беше пред пет години.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=65906F0184A619488E1478D7A2BA1C79
 
Последно уредено:
^ мижи асан тулумби паѓаат , и да има некој ќорав проект пак ќе си наместат свои .... на Скупи се работи наводно без дневница , ама со сигурност ми потврди еден колега дека и те како си зимаат по некој денар
 
Најавивте повеќе капитални проекти. За кои проекти конкретно се работи и кога може да се очекува нивна реализација?

Лилчиќ: Управата го сврте вниманието на повеќе археолошки локалитети. На Вардарскиот магистрален коридор фокусот го ставаме на доминантниот рановизантиски кастел и средновековен град Чрнче над населбата Црниче, познат како Маркови Кули Водно. Во близина на Стоби, започнува откривањето на ранохристијанската базилика од 5 век н.е., во атарот на село Крушевица. Со овој врвен репрезент на ранохристијанската уметност, започнуваме со реализација на Проектот Ранохристијанските базилики во Република Македонија. Имено, во нашата држава се евидентирани над 300 ранохристијански храмови од 4-6 век н.е., но досега беа третирани помалку од 100. Во кумановскиот крај започнаа истражувањата на градот на Градиште, Младо Нагоричани на брегот на реката Пчиња. Тоа бил најсеверниот раноантички високоцивилизиран град на пајонските Агријани, најлојалните воини-специјалци на Александар Македонски. Во Светиниколско започна истражувањето на најголемиот познат раноантички пајонско-македонски град Билазора, на Градиште, кај селото Кнежје. Започнуваме и со поддршка на проектот Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Македонија. Годинава ќе се работи и на Кокино, со доистражување...

Беше најавена и набавка на георадар, уред кој им е неопходен на археолозите при нивните истражувања. Што е направено во оваа насока?

Лилчиќ: Дигиталниот георадар од фирмата Мала (Шведска) е пристигнат во Управата за културно наследство. Деновиве ќе биде јавно промовиран. Се работи за најновиот модел кој во моментот е единствен на целиот балкански простор. Длабината на продирање на електромагнетните бранови оди и до 6,5. За прв пат во рамките на заштитата на македонското културно наследство ќе биде користена најнова технологија на регистрирање на објектите под површината на земјата. На тој начин ние ќе можеме да ги видиме планиметриите на најголемите и најзначајните стари градови и култни објекти со што ќе добиеме можност за планско осмислување на идните активности на сите потребни локалитети.

http://archaeologica.org.mk/mk/zanimlivost.php?id=2210

Хрватите мислам дека користат ваков радар веќе неколку години назад, но нашиот би требало да биде со поголема моќност и ќе ни помогне не само при планот за истражување, не само на локалитети кои веќе се пообемно истражени туку и на оние локалитети кои се делумно или само се заведени како локалитети во Археолошката карта на РМ.
 
Може е оф топик мојава молба но морам и тука да ја пишам. На форумов имам доста колеги, па ги замолувам најпрво нив,па и сите останати. Ве молам ако сте наиделе на некоја информација,пишан текст,изјава и слично, дека се извршени било какви заштитни истражувања долж трасите на новиве авто патишта што неодамна почнаа да се градат да ми ги пратите по пп. Искрено јас до сега не сум слушнал ништо на таа тема. А неможе да ме убеди никој дека на толкава територија нема никаков археолошки локалитет. За проблемов пишав и на некој медиуми да се ангажират,распрашат, но гледам до сега ништо, а ни јас пак добив повратен одговор.
 
Започна систематското археолошко истражување за 2014 година на најголемиот познат раноантички пајонско-македонски град Билазора, на Градиште, кај село Кнежје.


10414397_394087864064915_556336054075460142_n.jpg
10340125_394087947398240_6934986443185287126_n.jpg
10295693_394088060731562_3204602376102073454_n.jpg
10300866_394088124064889_1455819178483881808_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom