Плетење

Дали плетете?


  • Вкупно гласачи
    70
spleti ja da te vidam.

Не баш добро го разбрав коментаров,ама ај нема везе....плетам јас,плетам...но кога тие што незнаат игла да фатат....а знаат да ја омаложуваат рачната изработка,тогаш не вреди за некого да плетеш....туку само за себе и фамилија :)
Мојот коментар беше,дека некој и некаде добро го вреднува трудот,за разлика од кај нас, кај што не е тој случај :(:mad:
--- надополнето: 14 септември 2013 во 20:31 ---
547256_571458359582676_1838158056_n.jpg
 
Зашо ваква тапа дискриминација ?
Јас по домаќинство имав петка, имам сплетено еден шал преку два метри , стегач или како и да се вика за топлење уши и нешто не идентификувано .
Не знам да објаснам како иде ама пред едн година седејки во парк имаше една баба со плетиво и побарав да ми даде да префрлам два три пати да видам дали сеуште знам, абе ни мислење ни ова ни она сами ми полетаа рацете, нешо ко возење точак еднаш научиш и готово . :pos:
 
Знам да плетам, но последниве 2-3год ништо немам сработено,немам време најверојатно. Но затоа тетка ми секоја година ми плете нешто.Нејзе и е мерак,а јас секако обожавам плетени работи,од тоа поубаво за зимскиот период нема.
Навистина ќе ми биде жал доколку исчезне таа традиција кај нас,а како сме тргнале...
 
Јас сум плетачка и имам доста работи сплетено....е сега,многу ме нервира кога некој ќе рече...тие од село што се (читај сељанка) знаат да плетат и плетат:mad::(
Или пак кога некој ќе ми рече,’’ ти ма уште плетеш ? Па не е во мода плетено да се носи :confused:
 
Ова е многу добар видео туторијал за почетници.

Покажано ви е се овде. Од тоа како да започнете со плетење, со која рака како да плетете зависно од тоа дали сте левучар или десничар, што да направите во ситуација кога ќе ви „избега“ котелецот, до како да го завршите самиот чин на плетење.

Плетката која е покажана на видеово е основа за секое плетење или кај нас е позната како „крива“ плетка.

Јас лично ви ја препорачувам за шалови.
Купете некој подебел конец и фрлете се на плетење, ќе ви требаат шалчиња зимава, ладно ќе биде. :D

 
Оп ете кој ќе ми сплете шал. :icon_lol: Баба плетеше до пред некоја година и онакви што ги ставаат по регали, над телевизори, ама ја притиснаа годините и жал ми е да ја мачам.

Иначе тие работи што ми ги има сплетено и ден денес ги носам, џемпери, шалови, капи, не губат нит на боја, нит се упкаат ко куповните.
Грегорче, купи си конец, за еден шал ич не е проблем да го сплетам. ;)
 
Не,ама не е проблем за плетење...мижејќи ќе го сплетам ;)
Кажи ми, што правиш со првиот котелец од секој ред? Само го префрлаш на другата игла или го плетеш?
 
И јас used to плетам.
Ама не со игли, туку на mIRC #pletenje. :icon_mrgr:
Кој влегол знае, кој не никад нема да дознае. :pipi:

Edit:
3:40
Ти дугачко водиш љубав?
Ја? Прошла недеља дур водев љубав цел рукав сплетов. :pos:
 
Кажи ми, што правиш со првиот котелец од секој ред? Само го префрлаш на другата игла или го плетеш?

Првиот котелец го прафрлам,а последниот го плетам..
Имам една колешка Унгарка,она обратно,првиот го плете а последниот го префрла.
Кога ја прашав,зашто...ми вика исто е,нема врска тоа,само едниот да се префрли другиот се плете...инаку ако е ќе се наддаде котелец..
Мислам дека сега ти е јасно ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom