Плетење

Дали плетете?


  • Вкупно гласачи
    70
Ги замолувам модераторите да ги банираат сите машки кои ќе гласаат на анкетата.
Ако не сите машки кој ќе влезат во темата да бидат банирани?

ОН: Баба ми плетеше мести кога бев мал, исто и ми имаше сплетено блуза со мое име и неколку капички за во зимо, инаку можам да кажам дека женско со нешто модерно плетено како ова е многу СЕКСИ. :D
 
Се обидувам, ама не ми оди баш :).
Уште трчам до кај баба ми и мајка ми да прашам сега па кој котлец го имам изгубено по пат, како да одземам или додадам некој :D.
Успешно имам исплетено само едно шалче, заден дел за елек и појас за половината да ме топли во зимо :)и тоа од таа правата наједноставната плетка и со еден прав и еден обратен котлец :). Плетам со две игли.
Со комбинирани плетки, плетки со дупчиња, плетки со пет или пак со кружни игли се уште не сум пробала, а искрено незнам дали и воопшто ќе можам крајот да му го најдам крајот на таквото плетење:).
Веројатно и ќе се обидам некој ден, кога ќе имам повеќе време, иако си знам дека резултатите нема да бидат ВАУУ :pos:.
Секоја чест на мајсторките за плетење, ќе си купувам од нив ;) .
Желбата не ми е толку голема, ама како антистрес терапија и те како помага (y).
 
Ако не сите машки кој ќе влезат во темата да бидат банирани?
Нема потреба од тоа. Целта на анкетата ми е, да видиме во колкав процент плетат нашите жени и девојки. Ако гласаат и машките ќе се изгуби смислата. Љубезно замолив да не гласаат, ама очигледно љубезноста не пали кај безобразни луѓе. За тоа мора вакви екстремни мерки да се превземат. ;)
 
blue ladybug мислам дека за темава има многу заинтересирани
Би можела ли да објавиш туторијал или уште подобро да направиш туторијал и да поднаучиме малку за плетење и ако можиш да ги објасниш овие шеми па да се обиди ме и ние
 
Важи нема проблем ќе побарам туторијали и ќе ги постирам.

Јас лично не се сметам дека сум некоја врвна плетарица. Досега имам сплетено неколку шала, неколку капи и неколку пара ракавици без прсти. Моментално плетам марама од еден тенок конец. Ама ова до сега што сум сплетила, се е од едноставни плетки. Овие кои ти си ги постирала се комлицирани дури и за мене. :D Ама нема проблем да го споделам тоа што го знам.

Иначе плетам само на две игли, за чингелаче треба да ме научат зимава.

Мене лично плетењето ми е ептен релаксација, ме опушта како ништо друго.
 
Оп ете кој ќе ми сплете шал. :icon_lol: Баба плетеше до пред некоја година и онакви што ги ставаат по регали, над телевизори, ама ја притиснаа годините и жал ми е да ја мачам.

Иначе тие работи што ми ги има сплетено и ден денес ги носам, џемпери, шалови, капи, не губат нит на боја, нит се упкаат ко куповните.
 
Picture 635.jpgПрегледај го приврзокот 72407.Picture 636.jpg
Плетење - колку добра тема ( треба вакви теми за „домаќинлук“ а не
уличарски или не оние што имаат и најповеќе посетеност а се глупи )
Има ли поубав покривач за двосед-тросед од овој на сликава.
Ама сега снајкиве не сакаат ништо од свијте свекрви, што сплеле рачно.
Оставина од мајка ми, да и овде жените некогаш знаева да плетат и да везат,море и да ткаат. Имам уште некои вакви плетени работи од неа.
Замислете и плетени рачно завеси за прозор.Колку ли само време треба да речеме за 1метар Кв,да се исплете завеса од конец. Има ли цена тоа.
А енеги лежат негде најдоле во регал,не сме ги ставиле(турските се во мода). Понатаму и нив ќе ги сликам. А некој килими и јамболии Picture 634.jpg.Picture 638.jpg.Picture 639.jpg
ги отуѓив. За оние милиња не прашувај се са фрлени,не се и тие во мода.
Две еднакви плетени квадрати не можеш да најдеш,се разни бои, најчесто е тоа волница од „износени“ џемпери и блузи или омалени или слично.
И јас и брат ми сме ги расплетувале исто како оној во К15.Ама баш исто.
Порано 50-60 години не се фрлаше од стара облека ништо,на пример од другите алишта-штов,го сечевме на долги траки-тенки 1 см,па за черги.
 
Како што спомна langelina плетењето е медитација во движење (на запад во последно време го користат како терапија.....а негде прочитав дека учат и затвореници) и истовремено е социјална активност. Паметам на времето ќе се собереа неколку жени ...сите со иглите и клупчињата волница....разговараат...оговараат....но на крај излегува по некој шал, џемпер, чорапи, калчинки, капа......плетењето е активност која одмара, дозволува истовремено да плетеш и да разговараш или гледаш телевизија (нормално искусни плетачки)

добро сплетените работи знаат да бидат доста квалитетни....еден џемпер кој го плетеше мајка ми го носам веќе 12 зими и сеуште е во добра состојба...за разлика од машински плетените џемпери кои издржуваат 2 или 3 сезони

Во темата за бизнис идеи некој спомна дека некоја типка успеала да развие бизнис со плетење...ангажирала неколку баби кои плетат според нејзини инструкции....а таа наоѓа клиенти и се грижи за обезбедување на матријал....плетените работи ги продавала на интернет и бизнисот добро одел...ако имам време ќе се обидам да ги најдам постовите
--- надополнето: 14 септември 2013 во 17:05 ---
http://www.myoma.de/


Бабино плетиво на интернет(y)
Исто ко примерот со http://www.myoma.de/
ангажираш 20- баби им даваш нарачки и они плетат- за возврат добиваат 30% од цената
на линкот погоре видете ги само цените на производите- па така баба за шал добива 30 евра , за капа 15 евра,,,,,,а некои плетат од задоволство- колку да се најдат во работа и да не се чувствуваат некорисни и заборавени
Verena- вработила 25 баби- а на листа чекаат уште 250 ;)
 
да можев да гласам, ќе гласав како човек и ќе оставев слики како доказ :D

п.с. баба ми да беше член и таа ќе ставеше слики и ќе останевте со подзината уста сите ;)
а сеа ни јас, ни таа не можеме да оставиме
 
Досега имам сплетено неколку шала, неколку капи и неколку пара ракавици без прсти. Моментално плетам марама од еден тенок конец
Па добро сега сподели тоа што си сплетила, не само ти и другите жени да видам што домаќинки сте:D


А мош некој од форумот ќе ве кандиса. :icon_lol:
 
Бабава многу скапи ги продава капите за разлика одкај нас...на нашиве пазари има капи за 150-200 денери...;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom