MajMyH
EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
- Член од
- 11 септември 2011
- Мислења
- 2.630
- Поени од реакции
- 2.256
Не велам дека ова важи за тебе, но во врска со прашањето. Некогаш мислиш дека си добар со луѓето и правиш добро но всушност се обидуваш сам себе да си направиш добро. Понекогаш доброто што го правиш за некој е лошо. Никогаш нема да можеш на сите да им погодиш. Што и да направиш со најчиста мисла и намера, ќе се најде некој кој ќе биде навреден од тоа и ќе те направи најголемиот идиот и хипокрит на планетата.
Затоа останува само едно, секогаш кога правиш нешто со чиста мисла и чисто срце, без скриени намери и добивка, не треба да го правиш за да им погодиш на другите, туку сам да се задоволиш со своите постапки. Знај дека и тоа секогаш не успева, ќе се најде некој .... секогаш се наоѓа некој кој ќе те мрази ...
не правам никогаш со скриени намери, барем не сум таков човек. Кој ме знае подобро знае дека тоа што го знам и сум во можност да му помогнам на било кого дали познат или не го помагам и правам. Ајде се надевам дека ќе сфатат еден ден луѓето, бидејќи си отпишувам многу фаци од тефтерот секојдневно со нивните постапки. Народов те наоѓа и му текнува дека постојам само кога имаат мака али ако да ги сменам неможам.