Па ти во западен Сиднеј ли ќе идеш?
Другар, прими совет од тие што биле на тој пат пред тебе. Како што пиша на страната претходна, мислиш дека би одел во интернационален колеџ зашто не би можел да го следиш темпото.
Види сега, ако не веруваш во себеси дека би успеал во Австралија, тури си пепел уште сега. Со таков менталитет не само што не ќе доби работа туку никогаш нема ни солидно образование да добиеш. А во држава како Австралија тоа е голема штета. Верувај ми можеш и тоа како да следиш настава со Австралијанците ништо тешко не е. На почетокот ќе верглаш ама ќе се навикнеш доста брзо.
Второ, што ѓавол бараш на Тејф? TAFE - Technical and Furher Education. Не универзитет, па не е ни колеџ. Зошто не аплицираш на асално место? Цените ќе бидат горе доле слични, само што ќе добиеш подобро образование. На Тејф одат или тие што сакаат да изучат некој занает или тие што ја заебале на матура па се плашат таму колку да тепаат време. Можеш да се префрлил на универзитет преку Тејф, но ако тоа ти е целта аплицираш сега за на универзитет директно, ќе те примат. Доколку можеш да го дозволиш тоа ти или спонзорот твој секако.
Трето, интернационалните студенти имаат ужасна репутација низ Австралија, претежно поради мнозинството азиски студенти. Слаб англиски, копи пејст напишани есеи, дипломи од колеџи како тие што Фаранг ги пиша погоре, некомпетентни... А најлошото е што живеат и се дружат во нивни гета. Немањето волја да се дружат со локалците е тоа што им штети најмногу. Не дај боже да си асален ученик и да работиш на групна задача со интернационален студент, ќе зажалиш. Што сепак не значи дека сите се такви и ти мора да бидеш таков, затоа и ти реков, учи каде што одат локалните студенти. Ќе почнеш да примаш нивни навики што ќе ти помогне во барањето работа. Ако изгледаш како турист нема нигде да се протнеш.