Вино-Скоп 2013, 16 - 20.10. 2013

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Вино-Скоп, местото каде што секоја есен уживаме во доброто вино и музиката, онаму каде се случуваат урбаните приказни во градот,кои долго се прераскажуваат, баш таму каде што љубовта и среќата го исполнуваат духот на метрополата.

festival-vo-cest-na-vinoto-2013-01.jpg

Традицијата се негува и гае, по седми пат во Скопје ќе се одржи реномираниот вински фестивал Вино-Скоп. Од 16ти до 20ти октомври подгответе се за петдневно будење на сите ваши сетила. Вкусете ги најдобрите македонски вина, придружени со деликатесна храна и добра музичка програма во кои со сигурност ќе уживате.

Велат дека во виното е вистината, а вистината е една, следуваат пет дена на прослава со пијалокот на боговите, различни вкусови, различни бои и мириси испреплетени со традицијата на убавото македонско вино, храна и музика.
Не пропуштајте, украдете по некој миг, вкусете добро вино и продолжете ја традицијата.
 
Едвај чекам! Нема нешто поубаво од ладна есенска вечер со греено црвено вино и музика за душа со правото друштво.
 
Супер се надевам дека нема да ги дуплираат цените на вината како на пивофестот :)
 
Одлично, само ме чуди како на плоштад ќе стават нешто кога нема место.
 
Одлично, само ме чуди како на плоштад ќе стават нешто кога нема место.

Чекај, ќе изградат катен плоштад и така ќе го надокнадат просторот што се изгуби со спомениците.
 
Во исчекување сум на настанов. :)
Дефинитивно имав најдобар помин изминатава пролет и сакам повторно, бидејки нема ништо поубаво од добра музика, црвено вино и пријатни луѓе околу тебе. Со еден збор непроценливо!
 
Јас најверојатно ќе одам само на концертот на Хикси. Вино не пијам, џез, ретко слушам, ама на Хикси не сум им бил на концерт од нивниот 17ти роденден во Колосеум.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom