- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.473
- Поени од реакции
- 84.894
„Алах ми подари сопруг-терорист. И моите деца сакаат да бидат џихадисти“ (ФОТО)
Британската милитантка Саманта Лутвејт, позната и како „Белата вдовица“, ги подготвувала своите деца да бидат џихадисти, покажува нејзиниот таен дневник, кој го нашле кениските власти, пишува Ал Арабија.
Саманта Лутвејт (29), позната и како „Белата вдовица“ на Џермејн Линдзи, еден од напаѓачите што на 7 јули 2005 се разнесоа при терористички напад во метрото во Лондон, е во бегство од полицијата бидејќи се смета за главен организатор на нападот во кенискиот трговски центар Вестгејт, во кој загинаа 68 луѓе.
Во текот на истрагата, во луксузна куќа во кенискиот главен град, која таа и нејзините „колеги“ џихадисти од Ал Шабаб ја користеле за да организираат напади врз два хотели и трговски центар во Најроби, е најден дневник во кој на девет страници „Белата вдовица“ ја опишува својата потреба да убива „неверници“ и да поттикнува и други да го прават тоа, меѓу кои и своите деца, пренесува Дејли мејл.
Во куќата биле пронајдени куршуми за калашников, како и фотографии од нејзините четири деца, кои ги воспитувала да бидат како нивниот татко.
Куќата во Најроби во која се криеле Лутвејт и другите милитанти
„Алхамдулилах (фала му), Алах ме благослови со најдобриот сопруг. Тој беше токму она што го барав пред да се омажам. Бев во потрага по маж што ќе даде сè за Алах и кој живее тероризирајќи ги неверниците, токму како што тие ни прават нам. Тоа е она што го сакав, а Алах ми го подари.“
„Сакав да ја документирам вистинската реалност на тоа што значи да се биде муџахедин, да се живее како ‘гураба’ (странец) и што е она што ги тера многу од овие прекрасни мажи и жени сè што имаат да му посветат на Алах“, додава таа.
Лутвејт во дневникот објаснува како нејзиниот сопруг ја предупредил дека ако се омажи за него, ќе мора да се откаже од „удобниот западен стил на живот“.
„Јас се согласив, се разбира, тоа е она што отсекогаш го сакав“, напишала таа.
Страници од дневникот на Лутвејт
Лутвејт напишала и за тоа колку е важно една сопруга на муџахедин да го поддржува својот сопруг.
„Мојот сопруг ме оставаше во многу ситуации за да се бори за Алах. Понекогаш со недели не добивав никакви информации за него и тогаш ниту јадев ниту спиев, бидејќи не знаев дали е жив.“
Во дневникот била пронајдена и фотографија од нејзините деца, со кои во моментов е во бегство.
Терористите на иднината? Фотографија од децата на Лутвејт, која ги воспитува да му се посветат на животот со терор
„Неодамна мојот сопруг разговараше со нашите осумгодишен син и петгодишна ќерка. Ги праша што сакаат да бидат кога ќе пораснат, и тие обајцата се согласија дека сакаат да бидат муџахедини. Потоа тој ги праша како планираат да станат муџахедини и која е нивната цел. Сакаше да им укаже дека не е доволно само да се каже ‘сакам да бидам муџахедин’, туку дека треба и да живеат така. Мојот сопруг разговараше со децата и им читаше за улогата на жената во џихадот, тоа и ме поттикна да го запишам сето тоа“, објаснува Саманта Лутвејт и забележува дека со пишувањето сака да се бори против неверниците.
Во еден дел таа дури сугерира дека сториите за џихадот може да бидат соодветни за приказни за добра ноќ.
Дел од запленетите работи во куќата
„Во оваа книга се запишани сите приказни за муџахедини што некогаш ми се раскажани. Многу години сакав да напишам нешто што ќе им користи на моите браќа и сестри, што ќе испрати порака на надеж и поддршка и ќе им го покаже вистинскиот пат“, вели Лутвејт и додава дека низ тие разговори и преку своите искуства сака да покаже што всушност значи да се биде муџахедин.