Аронија - лековити својства

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Аронијата е овошје со бобичеста форма кое наликува на боровница . Таа се смета за органска супер храна и лек.

crnoplodna_aronija.jpg

Плодовите на црната аронија се искличително богати со витамини . Од нив содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9, и многу реткиот витамин П . Содржи калциум, железо , калиум, молибден , фосфор и јод. Во плодовите содржи голема концетрација на антиоксиданси ( танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, , катехини, ) Се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна, во превенција против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот, од штетни материјали па и од тешки метали. Освен тоа, аронијата содржи и редок овошен шеќер, сорбитрол.
Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, а со тоа ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Ја подобрува прокрвеноста на мозокот, па затоа помага при главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта, помага при атеросклероза и воспаление на вените.

Аронијата ја подобрува функцијата на ендокрините жлезди и го регулира излачувањето на хормоните. Особено е добра за штитната жлезда, бидејќи ја подобрува нејзината функција и го регулира излачувањето на нејзините хормони, што помага при болестите на штитната жлезда и гушавоста (струма).
Аронијата е добра и за органите за варење на храната. Ги намалува грчевите и болките во желудникот, го намалува воспалението на слузницата на желудникот, со што помага при лекување на чирот на желудникот и гастритисот. Ги смирува и грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузницата на цревата и го запира проливот.
Аронијата ја подобрува работата на црниот дроб и излачувањето на жолчата. Му помага на црниот дроб да ги неутрализира штетните материи. Таа е природен лек при воспаление и други заболувања на црниот дроб, при воспаление на жолчната кеса, жолчни каменчиња и жолтица.
Истражувањата на руските научници покажале дека ова овошје го подобрува излачувањето на тешките метали, како и некои радиоактивни елементи од организмот. Поради превентивното и лековитото дејство на зрелите плодови на аронијата, руските научници ја прогласиле аронијата за лековита билка.
Познато е дека по нуклеарната катастрофа во Чернобил, плодовите на аронијата биле користени за ублажување на здравствените тегоби на озрачените лица.
 
Аронија рулз, на времето јадевме по дома по 1 kg неделно замрзната аронија. Може да се користи замирзната, сува и свежа. Разликата во количеството на флавоноиди и антоцијани на замрзната и свежа арнонија е незначително.

Исто така дискутиравме и во Здрави навики и намирници баш за овој плод.

Јас правев сок во блендер, па го процедував низ цедалка за чај. Вкусот и не и е баш пријатен, затоа што трне доста на јазикот и ја собира устата поради присуството на големо количество на танини.
Во принцип, се што е интензивно обоено од овошките мора да е многу здраво.

Имаше многу трудови кои ги најдов тој период кога ја истражував аронијата, ама сега не можам да ги најдам каде се, имам еден заклучок сочувано:

484575_450200408400725_1414050430_n.jpg
 
Дајте некој контакт од берачи на аронија. Секогаш е најисплатливо да се работи директно со нив.
 
Мене многу ми личи на трнинки,исто ли е тоа.
 
Аронија рулз, на времето јадевме по дома по 1 kg неделно замрзната аронија. Може да се користи замирзната, сува и свежа. Разликата во количеството на флавоноиди и антоцијани на замрзната и свежа арнонија е незначително.

Исто така дискутиравме и во Здрави навики и намирници баш за овој плод.

Јас правев сок во блендер, па го процедував низ цедалка за чај. Вкусот и не и е баш пријатен, затоа што трне доста на јазикот и ја собира устата поради присуството на големо количество на танини.
Во принцип, се што е интензивно обоено од овошките мора да е многу здраво.

Имаше многу трудови кои ги најдов тој период кога ја истражував аронијата, ама сега не можам да ги најдам каде се, имам еден заклучок сочувано:

484575_450200408400725_1414050430_n.jpg
Јас моментално неколку недели по ред конзумирам аронија, и навистина се чуствувам многу подобро. Имам проблем со стомакот, страдам од нервозен стомак, ништо не ми го смирува освен аронија наутро на гладно срце. Овошка пар екселанс. Сум слушал и дека луѓе со рак ја конзумирале.

Друго да те прашам, ме интересира бидејќи напиша си правел сок од аронија . Колку грама од аронија е потребно да се измикса во блендер за да се добие една чаша сок ?
 
Каква функција има аронијата против ракот ?
 
Мене многу ми личи на трнинки,исто ли е тоа.

Не се трнинки, нешто слично на тоа се . Ама не станува збор за истото овошје. :)

Каква функција има аронијата против ракот ?

Еве , тука можеш се да прочиташ се за функцијата и својствата на аронијата против ракот . Се надевам дека со англискиот нема проблем.
 
незнам како ја берат и дали има во МКД машини за берба на аронијата? во што чисто и се сомневам ...
ама и во Бугарија дури пред една година ја набавија првата
big_faf83896f88e73c1853f8a232b773462.jpg
 
Јас моментално неколку недели по ред конзумирам аронија, и навистина се чуствувам многу подобро. Имам проблем со стомакот, страдам од нервозен стомак, ништо не ми го смирува освен аронија наутро на гладно срце. Овошка пар екселанс. Сум слушал и дека луѓе со рак ја конзумирале.

Друго да те прашам, ме интересира бидејќи напиша си правел сок од аронија . Колку грама од аронија е потребно да се измикса во блендер за да се добие една чаша сок ?

Јас мерев со чаша од 100 mL. Една чаша замрзната аронија и 2 чаши вода, убаво нека се измикса, да пукнат целулозните обвивки, после тоа ја процедуваш на онаа цедалка за чај и пијеш на екс, до дна. :icon_lol: Мене вкусот не ми е нешто, ама огромен бенефит имав, секогаш гледај сокот да ти биде свеж, да не ти стои направен.

После АлтернативФ, ми кажа дека препорачаната дневна доза била помала, јас на тоа не ни обрнав внимание. Јас пиев така 3 месеци по 1 часа пред спиење или насабајле, триглицеридиве, холестеролот све сведов во нормала, крвна слика одлична, а од секогаш имав леукоцити на долна граница.
Исто и јас имам проблем со желудник, хиперсекреција на киселина, гастритис и многу ми помогна и по тоа прашање.
 
Не се трнинки, нешто слично на тоа се . Ама не станува збор за истото овошје. :)

Еве , тука можеш се да прочиташ се за функцијата и својствата на аронијата против ракот . Се надевам дека со англискиот нема проблем.

ти благодарам :)
 
Ај овака,да направиме едно испитување за цената.
Каде ја купувате,каде ја има и да најдеме каде е најевтина и најквалитетна.
Знам за на зелен пазар,на отворено што не е баш хигиенски.
Јас ќе проверам во еден магацин за јужно овошје па ќе јавам.
Исто така да видиме на Кванташкиот дали ја има-во тој големиот магацин.
Чим веќе трчкараме,тогаш да прашаме и за Ацерола,па и друго.
 
Ај овака,да направиме едно испитување за цената.
Каде ја купувате,каде ја има и да најдеме каде е најевтина и најквалитетна.

Во Виталиа 200 денари килограм ама тоа е за цел месец за еден до двајца луѓе.
 
Ја имате во Веро центар.Јас секогаш си купувам по едно кофиче.
 
Во Виталиа 200 денари килограм ама тоа е за цел месец за еден до двајца луѓе.
Виталија е скапа, а и зошто ако веќе се купува на големо на Виталија да им се плаќа чист профит кога подобро парите да идат директно кај произведувачот.
Да се најдат контакти директно со производителите е најисплатливо, пошто сигурно не има доволно тука за да му се исплати на фармерот да донесе една поголема пратка во Скопје и да ни продаде директно. Јас мислам дека разликата во цена е доволна и сам човек да отиде до фармата.
 
Во Виталиа 200 денари килограм ама тоа е за цел месец за еден до двајца луѓе.

200 ден. за килограм Аронија во Виталија ?? Некако не ми фаќа математикава, мајка ми од зелен пазар ја купува за 400 ден. кило
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom