L
Lu
Гостин
Би ти препорачала да продолжиш да користиш Пурина Про План за активни кучиња, бидејќи има поквалитетен состав од Ројал Канин, а и самиот си видел дека од Пурина Про План, Ротвајлерката ти имала одлични резултати ... така да не би ти препорачала да се враќаш на Ројал Канин.Во последно време другарката ја хранам со Purina Pro Plan
![]()
Пред тоа со Ројал Канинот имав најдобри резултати, ама веќе ги надминавме границите за јуниори (иако можеби има простор да си терам уште малку со храна за јуниори), па си реков да сменам друга храна.
Начекав во еден пет шоп, Пурина Про План, одлична цена нудат 200 денари кило, имаат линија за активни кучиња, и за робусни кучиња ... навистина ја даваат по ептен ниска цена, дури и за на кило да земаш е иста цена, да не речам набавна
Во последно време другарката беше премногу активна (беше на дресура), па зедов вреќа за активни кучиња, јадеше само дехидрат (што досега не беше случај, ја хранев комбинирано), и навистина добро се покажа, сега за зимата ќе измешам со ориз, пилешко + дехидрат и таман, зимницата спремна.
Мислам дека во моментот за таа цена нема подобра храна на лагер за возрасни кучиња (барем не во Битола), изборот на супер премиум дехидрат е сведен на минимум, да бираш меѓу Пурина Про План и Ројал Канин
Ќе пробам за секој случај и од линијата на Ројал, да видам како ќе се покажи дехидратот за возрасни кучиња ... иако мислам дека за Ротвајлери, кои се доста склони на дебелеење Пурината има подобар ефект од Ројалот![]()
А и заклучокот во врска со склоноста на дебелеење на Ротвајлерите ти е точна, и Ројал Канинот е доста масен ... така да Пурина Про План ти е подобар избор, продолжи да ја користиш.
А и цената на Пурина Про План кај вас во Битола е доста пониска во споредба со цената во Скопје.
Во Скопје вреќа од 14 кг. Purina Pro Plan - Puppy формула е околу 4.000 денари ... што би дошло негде околу 280 - 290 денари за 1 кг.