Koнечно меѓу најдобрите

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Македонија во топ 5 за најдобри услови за започнување бизнис

според класификацијата на рубриката Going Global на американската телевизија CNN, којашто се базира на последните податоци од Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација.
Во соопшението се посочува, дека Македонија е на петто место заради упростените процедури за започнување бизнис, воведени во последните 5 години. Македонија ги олесни процедурите за отварање фирма, го намали минималниот капитал, ги намали административните процедури и времето неопходно за регистрација и воведе електронски систем за поднесување документи.
Класификацијата на американската телевизија ги опфати 185 држави во светот, како прва во списокот е Нов Зеланд, па Австралија, Канада и Сингапур. Хонконг е на шесто место после Македонија.
Рубриката Going Global на CNN е предназначена за инвеститори, коишто дејствуваат на глобално ниво, и разработува теми како бизнис стратегии за инвестирање, маркетинг, логистика.
Во класификацијата на Светската банка Бугарија е на 66-та позиција од минатата година, а Македонија таму е на 23-то место.
Во Нов Зеланд например процедурата за започнување бизнис е само од еден чекор и трае само еден ден.Сите кои сакаат за започнат било каков бизнис треба само да подадат барање онлајн. Процедурата чини само 163,55 новозеландски долари (около 136 американски долари), без барање за минимален капитал.
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 21:31 ---
http://mazedonien-nachrichten.blogspot.ru/

10 best places to start a business

http://edition.cnn.com/2013/10/01/business/10-best-places-to-start/index.html
 
На ова ако се надоврзе и фактот дека имаме најефтина работна рака во светот тогаш навистина сме број еден во светот,навалете бизнисмени од секаде,бизнисот ќе ви цвета во оваа прекрасна земја!
 
Со оглед на тоа што МК е претплатена кај CNN да ја рекламираат- не е ништо чудно да има некои „симпатии„ кон Македонија па да ја изрекламира овака:unsure:
 
Со оглед на тоа што МК е претплатена кај CNN да ја рекламираат- не е ништо чудно да има некои „симпатии„ кон Македонија па да ја изрекламира овака:unsure:

Јас би сакал да бидеме земја од типот на Швајцарија,Луксембург,Данска а не од типот на земјите од далечниот исток како Сингапур,Малезија или Кина,странски инвестиции во изобилие, каде што работа има за сите,доволно колку да се прехранат со своите мизерни плати.Но владата не движи во тој правец,а со тоа емиграцијата не би се намалила туку се поголем замав ќе добие.Поарно би работел некоја одвратна работа во Германија а добро платена, отколку за бедни 200 евра да допринесам за зголемувањето на богатството на некој од олигарсите белосветски од типот на Субрата Рој.
 
На ова ако се надоврзе и фактот дека имаме најефтина работна рака во светот тогаш навистина сме број еден во светот,навалете бизнисмени од секаде,бизнисот ќе ви цвета во оваа прекрасна земја!
со оглед на тоа да младите масовно се иселуваат од МК, се прашувам кои ќе бидат тие кои им работат за ситна пара-
или следен чекор можеби ќе е „увезување„кинези:pos:
 
со оглед на тоа да младите масовно се иселуваат од МК, се прашувам кои ќе бидат тие кои им работат за ситна пара-
или следен чекор можеби ќе е „увезување„кинези:pos:

Кинезите таа мерка со странски инвестиции ја направија неколку години пред нас со отварањето кон пазарната економија,така да нив да ги увезуваме малку потешко.Но ме плаши друго кога Македонците емигрираат кон Европа и САД,а кон Македонија доаѓаат емигранти од Блискиот исток и Африка така да со тоа би се нарушил и расниот и верскиот баланс во оваа мала Европска држава.
 
со оглед на тоа да младите масовно се иселуваат од МК, се прашувам кои ќе бидат тие кои им работат за ситна пара-
или следен чекор можеби ќе е „увезување„кинези:pos:
Младите се иселуваат а Субрата Рој нема кого да запосли па ќе си донесе работници
 
Младите се иселуваат а Субрата Рој нема кого да запосли па ќе си донесе работници
народ кој незнае дека е слободен со драга воља ќе и’ служи на диктатурата
 
Еее, а тек да почнат сиромашните да се ебат почесто, работна сила (роботи) во изобилство...
 
Auuuu kolku sme nedokvakana drzava.Umre TITO neka ne ve lazat deka e ziv uste.
Napokon nategnat kvalitetno.Da zivee SITEL TV
 
Ова е само за започнување на бизнис според мое мислење можеби и точно е. Проблемот не е почнување туку некој долгорочно да води бизнис.
Но, за да може долгорочно да води бизнис треба да се справи со тоа дека во секој сегмент имаме неефективност, неефикасност и корупција епа повелете во Македонија отворете бизнис :cool:
 
Лесно е да го започнеш али одржувањето/напредокот е малку позаебана работа.
1. мал пазар
2. мал стандард
3. УЈП/инспекции/давачки/даноци/трошоци
4. мал приход
 
Back
На врв Bottom