Црв во дрво

  • Креатор на темата Креатор на темата sankerce
  • Време на започнување Време на започнување

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Возраст
33
Локација
Скопје
Звучи одвратно но така е. За ова дознав ( и имав прилика да видам ) пред неколку години , и еве денес повторно. Значи се работи за некој црв кој ми е моментално во даска oд креветот и навечер неможам да заспијам поради едноставна причина што црвов не мирува !!! Пред неколку години имав прилика да видам како татко ми од огледало , т.е од даската на која беше залепено огледалото извади црв од околу 5 цм. Сега муабетот ми е , што да правам ? Има ли некое средство со што би можел да го отстранам или некој прашок било што ? Ме нервира , како да ми гризе во глава иако знам дека неможе ништо да ми направи ме нервира што крцка цело време без престан еве веќе 2 - 3 дена. Било каков совет , помош би ми бил од корист :) Се надевам нема во скоро време темава да ја посети кантата.
 
Има термити во дрвото. Изгуглај how to kill drywood termites и ќе ти искочат куп резултати како да се справиш со нив.
 
Има термити во дрвото. Изгуглај how to kill drywood termites и ќе ти искочат куп резултати како да се справиш со нив.

Претпоставував , бидејќи како што напоменав еднаш бев сведок кога беше извлечен црв од плоча , па затоа напишав значи имало и вакви термити. Ипак фала на инфово :)
 
Од немаштија и дрво ќе гриза црвот. Арно викаше Цацко..."ќе им даам по 50 денара на свињите,шо сакат нека си купат".

Он топик: Прсни му некој дезодоранс или лак за коса, ќе угинат за секунда шо и да имаш под креветот.
 
Имав сличен проблем, црв во масата во дневната вадеше звук ко да гризе крцкаше поготово навечер, што не пробав од прскање со онакви raid спрејови но никако не успеав да го лоцирам и убијам и верувај 2, 3 години ја јадеше масата на крај скина конци самиот.
 
Земи лепак за дрво и затвориги дупките од кај што влегол!
На мене ми успеа!
 
:facepalm::facepalm::facepalm:

Цело лето значи слушам нешто ми крцка кај креветот, посебно навечер, ме поремети, да не можеш да заспиеш на раат, и ни на крај памет не ми текна дека можно да е црв во дрвото. :pos:
Утре ке му ја барам дупката!
Баш ти фала што ја отвори темава. :)
 
Си имаш мака ти пријателе :) Кога последен пат си посетил доктор ?

И да модератори може да ја затворите темава кој да е одговорен за овој подфорум. Фала.
 
Си имаш мака ти пријателе :) Кога последен пат си посетил доктор ?

И да модератори може да ја затворите темава кој да е одговорен за овој подфорум. Фала.

Требаше пред два-три дена ама оставив на домашно лекување и ми помина, а баш имав проблем со кичмата.
А уствари за каков доктор зборуваш? :)
 
Ако не успееш со хемикалии, јас би уклучил греалка до дрвото кај што грцка и би ја кренал температурата на 90-100 степени. Само под надзор да не почне да жолтее дрвото. Ако го преживее топлотниот удар свака му част, би го чувал као милениче.

Друго можеш да залепиш нешто што вибрира силно и да го малтретираш така преку ден, ќе се мрдне, сам ќе си отиде.

Трето, најди ја дупката и почни да му ги полниш каналите со парфем, па на крај штракни упаљач до дупката хаха, само вака може да си го распарчиш дрвото (не ако користиш послаб парфем, тестирај прво колкава експлозивна моќ има).

И за крај еве совет е за оние што се борат со вакво ѓубренце неколку години по ред и им го делка скапоцениот мебел. Купете стара функционална микробранова за 500 денари и расклопете ја школката, но не ја чепкајте електрониката. Наместете ја и насочете ја кон делот каде ѓубренцето крцка. Уклучете ја микробрановата, оддалечете се и спржете го внатре.

Ако ми текне уште некоја идеја ќе додадам...
 
Деструкцијооооооооооо!
 
Ако не ти е голема плочата или даската извадија и стави ја во фриждер за длабоко замрзнување да постои неке време два три дена , јас така направив со вратата од работната маса и завршив работа,умре од студ хе хе:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom