Оглас за вработување во ЈП "Македонски Шуми"

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа никој никаде ништо нит прочитал нит видел нит разбрал што бидна со ова :D
 
Вчера баш на минување, слушнав на телевизија, дека имало околу 20000 пријавени за 1600 работни места за овој оглас. А кога поконкретно ќе има податоци, за тоа кој точно ќе биде вработен не знам. Знам дека кажаа работниве места ќе биле за лица кои се социјално загрозени, самохрани родители, деца без родители итн итн...
 
И дека сега комисии ја проверуваат веродостојноста на документите кој се приложени....
 
по тоа што го видов во Охрид и Дебрца со наставниците, веќе ми е јасно кого ќе одберат ...
 
петок, 04 октомври 2013, 15:49

Економија
Телевизиско извлекување на социјалците за вработување во „Македонски шуми“
Проектот и процесот на вработување на 1600 граѓани на Република Македонија кои припаѓаат на социјално ранливи категории е во финална фаза, а во недела ќе биде извршено компјутерско електронско рангирање на лица кои ги исполнија критериумите на огласот и кои ќе бидат вработени, соопшти пред новинарите Александар Ѓеорѓиев, потрпарол на Владата
04102013154936_studio-mtv-2.jpg


Лицата кои припаѓаат на четирите категории на социјално ранливи групи можеа да конкурираат транспарентно во ЈП „Македонски шуми“, а владините претставници повеќе пати информираа за бројот на апликанти, за движењето и текот на процесот, и за почетокот на поедини фази од процесот. На овој начин и со овој пристап на силна транспарентност се постигна целта овој процес да биде изолиран од можности за влијанија и протекционизам, односно да биде базиран на правичноста.

Во недела на 6 октомври во емисија на МТВ која ќе биде во живо, односно ќе има директен пренос од 17 до 20 часот, компјутерски софтвер директно и пред очите на јавноста ќе го изврши рангирањето на прворангираните 1600 граѓани кои ќе се вработат.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=25197

компјутерски софтвер - драпај си меот.
Брачата се веќе примени,сега само ќе ги покажеле на
РС -монитор.Аутматско рангирање со компјутерски софтвер - yea right.:гомце:
 
абе и автоматско извлекување да е навистина, ненаместено,.... алооооо, способни за работа се бараат а не туку пикни го било кој. Сваштарија
 
Довидување до Февруари 2014 :sneaky:
Во меѓувреме можете да си ја пробате среќата во веке активираните партиски изборни штабови.И то.
 
абе и автоматско извлекување да е навистина, ненаместено,.... алооооо, способни за работа се бараат а не туку пикни го било кој. Сваштарија

За ова па и не баш треба нешо особена способност да ги извршуваат работните задачи.
 
znachi pobrzo ke me izberat na americkana lotarija odkolku na ovaa nasava izgleda, aj bash da vidime shto softver ke beshe ova :)
mob.
 
За ова па и не баш треба нешо особена способност да ги извршуваат работните задачи.
Небитно тоа, сепак, само става до знаење дека во државава се вработуваат луѓе ради реда во државен сектор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom