Семејни луѓе - уживатели на марихуана

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Возраст
32
Локација
Скопје
Живееме во време каде поголемиот дел од младите немаат предрасуди кон тревата. Веќе оние кои ја пушат не се класифицирани како наркомани ако тоа било случај на генерациите на нашите родители, па и во наше време до пред можеби 10 години. Имајќи го ова предвид, голема е веројатноста да оваа наша генерација продолжи од време на време да си пуши и кога ќе има семејство, жена/маж, деца.

Она што сакам да ве прашам е дали би ви сметало да го видите татко ви/мајка ви како доаѓа од работа, напнат/а, под притисок и решава да си се опушти со еден џоинт. И покрај тоа што знаете дека е ништо страшно, дали сепак ќе допрат до вас оние општествени традиционални норми кои ќе го осудат таквото однесување?
 
Подобро по некоја двојка отколку цигари

Добро цигари на страна, не правиме таква споредба. На пример едноставно човекот не сака да пие ракија и салатка сака да си запали фиш едноставно.
 
@RedStarFan

Не би осудил ама би се трудел да го одвратам од таква навика.
Немам баш позитивно мислење за супстанци кои го спречуваат нормалното функционирање на мозокот.
Можеби навистина нема којзнае какви последици со оглед на тоа дека алхохолот е дозволен и вообичаено поопасен од тревата која е забранета.

Во секој случај не би дозволил пушење по дома т.е го мразам мирисот како на цигари така и на трева.

Понатаму има многу поздрави и поефективни начини за справување со стрес и бегањето од реалноста не е решение т.е делува само краткотрајно.

За марихуаната мислам дека е ок да се експриментира до крај на факултет некаде после тоа треба човек да порасне и да научи да ги решава проблемите, а не да бега од нив пошто порано или подоцна ќе те стигнат каде и да бегаш и каде и да се криеш.
 
Објасни што е предрасуда тука?
Пропалитет си е карактерна особина и нема врска со дроги и алкохол. Ако некој не го бива, како и да е нема да го бива. :)
Би се изненадил колкав процент на успешни луѓе рекреативно од време на време си пафкаат.
 
Пушењето на трева не е баш добро да се ослободиш...
Еден доктор ми кажа дека ако си многу напнат подобро да пиеш едно апче диазепам од 2милиграма отколку 1 чашка ракија, да пушиш трева итн.
 
Боље татковците да се надуваат и да си чилаат отколку да доаѓаат дома накурчени од работа и да пијат ракија и да тепаат деца и жени. Всушност треба психички да се средат али ете ако не сакаат да најдат решение за тоа...
 
Пушењето на трева не е баш добро да се ослободиш...
Еден доктор ми кажа дека ако си многу напнат подобро да пиеш едно апче диазепам од 2милиграма отколку 1 чашка ракија, да пушиш трева итн.
:pos: секако, лупај синтетички фармацевтски дроги што ни сам не знаеш што содржат, природното не ќе да е на арно
 
:pos: секако, лупај синтетички фармацевтски дроги што ни сам не знаеш што содржат, природното не ќе да е на арно
Диазепамот не е толку штетен колку што е штетна една чашка ракија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom