Мачено и одрано куче во Чаир

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам што да кажам што веќе не било кажано за каква е личноста што го прави ова...
Ама ако ова го прави на животни, за луѓе ич нема да се подзамисли.
И не е битно дали е куче, или глушец или чафка, битен е актот на оставање за сите шетачи да го видат телото. Грозно е.
Свашта шета по оваа земја.
 
Заебана работа... Полицијата треба да се распраша меѓу месари, ветеринари и регистрирани ловци, бааги стручно го извел/е дерењето.
 
Навистина еве до каде може некој да оди. Дефинтивно ова е нешто згрозувачки кога ја видов сликата можам да замислам се што му правеле само кутрото куче знае што се поминало. Ваквите кои прават вакви работи шетаат по улица денес можеби куче утре може да биде тоа човек. Бидејќи ова кој го има сторено тој дефинитивно не е при здрав разум.
Да утре некој може да му текне и ќофтиња во облик на срца да напраи и да ги рсфрла на сите страни, до кај дојдовне како народ тоа чудо некое.
Вчера една баба колеше кокошка со секира таааааааак глаата и ја откина сигурен сум дека кај и да е и чоек ќе заколе со секирата дефинитивно бабана не е при здрав разум.
Мислам ова под услов ако бабана до тогаш не налета на некое ќофте во облик на срце.
 
Не реков дека е добро, реков тоа што мислам дека било, јас сум вегетаринец, сум против убивање секакво животно, но што да му правиме на ланецот.....

Во Чаир има криминал, се согласувам, но и е совршено место да се прекрие некој криминал сторен во друга општина, и некаде читав дека имаше кеса во главата, значи е носено со кола...
Како што кажав:
Who did it?
the black man...

Ако сакаш да те сфатам озбилно дај ми доказ дека Круела де Вил баш таму отворила бутик за кучешки бунди и у близина на дуќанот има одрано 101 далматинец.:) Јас прв пат слушам дека и кучешка кожа, особено во Македонија, у кожна индустрија се користела. А и кожна индустрија сигурно не е лоцирана позади стадионот на Слога. Ова е чист акт на садизам или некој можда се вежбал да дере? Што знаеш може и апгрејд ќе направи па и со луѓе ќе почне.
 
Што правиме со другиве животни што секојдневно се убивани, дерени и потоа на парчиња продавани за пари?

Предупредување за вознемирувачки слики во спојлерот (истото предупредување е и за гледање на излози во месарниците).
2886381558_5f987300d9.jpg
butchered-pig.jpg

974852_10152304813714057_833048205_n.jpg
 
Свињите,кокошките,телињата,говедата и рибите се храна на човештвото од памтивек.Месото мора да се конзумира за да се снабди организмот со здрави количини на протеини а точно месото од овие животни кои ги набројав е најпогодно за конзумација од многу причини кои припаѓаат во друга дебата како нивното одгледување или еве попрецизна да бидам брзото размножување на свињите.Молзењето на кравите,козите и овците исто така не снабдува со млечни производи кои ни се потребни за здраво да функционираме а сепак молзењето е процес на малтретирање на животното чие млеко е наменето за младенчето.Секое животно си има своја намена а кучињата не се за јадење или пак друга употреба.Тоа е таа логика како што не можеш жирафа да си чуваш дома на пример туку си чуваш кученце.
 
....да го тргнеме настрана убивањето и дерењето.....
....додека полицијата не ја заврши својата работа (се сомневам) неможеме да знаеме што и најбитно зошто ова се случило

....еве да претпоставиме дека кучето веќе било мртво и некој сакал да го препарира....до тука е се во ред.....но не е во ред оставањето на остатокот на улица....онаму каде што поминуваат деца....каде што постои опасност од ширење на зараза
 
Месото мора да се конзумира за да се снабди организмот со здрави количини на протеини ...
Протеини имаш и од растително потекло, ама нејсе, не ми е поентата да прокламирам вегетаријанство и веганство -туку да посочам на баш на ваквото лицемерие каде со етички аргументи се брани систематско касапење и јадење на едни животни а се сатанизира истиот однос кон други животни.

Да кажеме полицијата да го најде касапот, за што би го обвиниле ако кучето не го идентифицираат како сопственост на некој евентуален тужител? Можеби за загадување на животната околина?

За мачење на животни?
Па секој полуспосебен адвокат би го ослободил тој клиент од пресуда, доволно е да го посочи судот кон најблиската кланица, и да бара објасување зошто тоа систематско колење и дерење не се санкционира.
Или можеби во нашиот закон се посебно наведени кои животни смеат да се употребуваат за јадење.

Само да нагласам дека не заземам став во одбрана на пациентот што го направил тоа во насловот од темава... Зборувам за лицемерието во односот кон животните.

Предупредување, слики од домашни миленици.
resized_paris_hilton_pet_pig_miss_piglette_pet_friendly_celebrity_pets_hello.jpg
pig2.jpg
article-0-0BEB0704000005DC-924_640x440.jpg
pigs23n-4-web.jpg
3sresn.jpg
 
Нема тука никакво лицемерие,станува збор за избор на исхрана и едноставниот синџир во природата.Ние сме најголемиот предатор кој може да бира со што ќе се исхранува само што на полесен начин исклучувајќи го ловството кое патем денес се користи како спорт и разноода сме нашле полесен пристап до месо одгледувајќи ги животните во стада.Дури имаш крвни групи кај луѓето кои се базираат и се создадени на основа на исхраната.Нулта групата (месната крвна група уште ја нарекуваат) не по некоја случајност е најстарата крвна група во светот.Како што кажав секој со својата намена.Исто е и со луѓето.И фармските животни не се брутално касапени како што се обидуваат тоа да го прикажат организациите за заштита на животните и да наметнат некоја фенси и тренди политика ширејќи секакви дезинформации и манипулирајќи со луѓето.Постојат прописи,процедури и начини на одгледување а потоа и усмртување кои барем посериозните производители на месо ги применуваат во сооднос со европските стандарди и во согласност со законот за благосостојба на животните затоа што пред се се зема во обзир намената на месото како и кај нас така и во сите земји ширум светот.Бруталностите и насилството врз било кое животно без намена треба да бидат казнувани затоа што се граничат со нечовечност и примитивно однесување како во случајов со кучето.
 
Што правиме со другиве животни што секојдневно се убивани, дерени и потоа на парчиња продавани за пари?

Предупредување за вознемирувачки слики во спојлерот (истото предупредување е и за гледање на излози во месарниците).
2886381558_5f987300d9.jpg
butchered-pig.jpg

974852_10152304813714057_833048205_n.jpg

Дај бе кажи кај ги фрлаат прасињата јас стално гледам да видам да не има некое фрлено да го дигнам од улица да не го видат деца да се извадат од памет
 
Ова изгледа дога било.
Правела галама и проблеми а газдата не превземал ништо па некој нервозен комшија преземал нешто.
 
Кај ми е последниот пост!? Ох, тоа не беше пост, туку беше само коментар преку слика...ок, се извинувам, продолжете понатаму...
 
Кај ми е последниот пост!? Ох, тоа не беше пост, туку беше само коментар преку слика...ок, се извинувам, продолжете понатаму...

Јас ти го избришав постот, бидејќи сликата не беше ставена во спојлер ... на форумов такви слики со таква содржина се ставаат во спојлер, во спротивно доколку сликата не е во спојлер - се брише.
Колку за информација, на претходната страна број 7, имам избришано вкупно 21 мислење.

И како што кажа колегата Doc Holliday , последна опомена, уште еден испад на база на национална или верска основа, ќе резултира со бан од тема + казнени поени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom