Родителите и нивната аверзија кон психолозите

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Реално, во Македонија многу ретко може да се најде родител кој кога ќе забележи некоја промена кај своето дете (најчесто негативна) го носи своето дете кај психолог.
Искрено сметам дека ова е голем проблем, не само кај родители со помали деца, туку и кај оние со тинејџери.
Живееме во се подинамично време, во кое родителите се помалку време и внимание им посветуваат на своите деца и често не ни забележуваат што се случува со нивните деца, а уште почесто дури и кога ќе забележат, си вршат автонегација од типот: Ајде дете е, ќе му помине, само фаза е.
Но, што кога не е само фаза?
Што кога “фазата“ ќе прерасне во постојана состојба?
Пред неколку месеци имаше 16 годишно девојче што се фрли од мост во Вардар и уште многу други случаи.
Сфаќам дека тука луѓето се зависни од мислењето на Петко, Митра и околните комшии, ама што е многу, многу е.
Зошто имаат толкава аверзија родителите да ги носат своите деца на психолог?
Какво е вашето мислење за оваа состојба?
Дали вие би го однеле вашето дете на психолог, доколку забележите промени?
И за крај, што мислите дека е потребно за да се промени овој тренд?
И секако може да додадете ваши коментари општо во поглед на оваа тематика и да не ве потсетувам изигравањето паметњаковиќ ќе ви донесе бан. Ја имаме опцијата и не се плашиме да ја употребиме.
 
Зависи до родителот. Мене ме носеа на психолог ко дете пошо покажував знаци на аутизам али после испадна океј
 
Кај нас се уште владее малограѓанштината и стравот од "што ќе каже комшијата". Срамота било дете да се носи на психолози, ќе мислеле не чини, срамота бил народот да оди на психијатар, сѐ биле тоа пореметени во главите, што му фали на детето на Митра што не го носат нигде? :tapp:

Секако дека би побарала стручна помош од лице ако имам проблем со него. Откако братучед ми почна со специјализацијата со психијатрија одма почнаа да ме смируваат муабетите со него што ги правиме некогаш, иако не е тоа тоа сепак. Сакам да кажам, друго е кога ќе побараш совет од професионалец :)
 
Многу е едноставно, се додека нема проблем, нема проблем.
Моментот кога ќе го однесеш детето на психолог, признаваш дека нешто не е во ред со него. Автоматски повлекува и еден куп внатрешни и социјални елементи, внатрешни е што ќе мислат дека не се добри родители, дека тие се криви за проблемот, а социјални се истите, што ќе кажат комшиите, сите ќе мислат дека не сме добри родители, ќе стават стигма на детето дека не е во ред нешто, дека е "чукнат" во главата малку.

Тоа е многу голем притисок некој туку така со лесна рака да го признае.
 
Зависи до родителот. Мене ме носеа на психолог ко дете пошо покажував знаци на аутизам али после испадна океј
Точно дека зависи од родителот. И правилно е што те однеле кај психолог. Мора навремено тие работи да се откриваат, без разлика на тоа што се работи. Има деца природно се многу повлечени, работењето со психолог ќе биде продуктивно за детето и за неговиот психофизички развој.
Исто така ме нервира кога родители ќе забележат дека детето им е екстремно срамежливо или д'тка и си викаат ај ќе му помине и потоа кога ќе порасне и ќе се соочи со реалниот свет многу му е потешко да се снајде.
Многу е едноставно, се додека нема проблем, нема проблем.
Моментот кога ќе го однесеш детето на психолог, признаваш дека нешто не е во ред со него. Автоматски повлекува и еден куп внатрешни и социјални елементи, внатрешни е што ќе мислат дека не се добри родители, дека тие се криви за проблемот, а социјални се истите, што ќе кажат комшиите, сите ќе мислат дека не сме добри родители, ќе стават стигма на детето дека не е во ред нешто, дека е "чукнат" во главата малку.

Тоа е многу голем притисок некој туку така со лесна рака да го признае.

Ако не признае дека има проблем, не значи и дека го нема. Со замижување пред проблемот, истиот нема да исчезне. Со тоа му се прави НЕПОПРАВЛИВА штета на детето. Никој не сака да има проблеми, ама јбг, еве ги пак. Проблемот се решава додека е во зачеток, после тоа само ќе се зголемува, сплеткува и ќе стане толку комплициран што е речиси невозможно да се реши.
 
Точно дека зависи од родителот. И правилно е што те однеле кај психолог. Мора навремено тие работи да се откриваат, без разлика на тоа што се работи. Има деца природно се многу повлечени, работењето со психолог ќе биде продуктивно за детето и за неговиот психофизички развој.
Исто така ме нервира кога родители ќе забележат дека детето им е екстремно срамежливо или д'тка и си викаат ај ќе му помине и потоа кога ќе порасне и ќе се соочи со реалниот свет многу му е потешко да се снајде.

има доста разлика од порано на пр. не сум толку повлечен али може да се каже дека сум socially awkward во некои случаи :)
 
Не е срамота да го однесеш, срамота е ако не го однесеш, но не овде, на некое друго место овде е сосема обратно како што кажа Фросина секој пред да го однесе своето чедо на психолг се запрашува „Што ли ќе кажат луѓето„ а не треба така. Мене од никогаш не ме интересирало што ќе кажат другите, тоа што мислам дека е добро за мене тоа го правам.
 
има доста разлика од порано на пр. не сум толку повлечен али може да се каже дека сум socially awkward во некои случаи :)
Нормално е да се има напредок, сепак се тоа професионалци. И тоа не е ништо страшно, а за socially awkward, не се грижи, сите сме такви понекогаш. ;)
Не е срамота да го однесеш, срамота е ако не го однесеш, но не овде, на некое друго место овде е сосема обратно како што кажа Фросина секој пред да го однесе своето чедо на психолг се запрашува „Што ли ќе кажат луѓето„ а не треба така. Мене од никогаш не ме интересирало што ќе кажат другите, тоа што мислам дека е добро за мене тоа го правам.
Болдираното е одлично, но не смее да се заборави дека одговорноста е многу поголема кога имаш дете. Тоа е твое чедо, кое се мачи, има проблеми, децата често имаат емоции кои не знаат како да ги разберат или да ги објаснат и тешко им е да ги искажат и затоа тука е психологот да помогне. Како родител одговорноста е да препознаеш дека нешто не е во ред и веднаш да реагираш за доброто на детето.
 
Не треба да се промени тој тренд шо бара на психолог.

Прво и основно имам пишано и порано името е лажно.

Психа-Душа.
Логос-Наука.

Е сега бидејќи цела филозофија потекнува од еволуционизмот и социјалниот дарвинизам кој што негира човечка душа, тоа е наука за душата кој ја негира душата, а со тоа се негира и сама себеси како одредена научна област.

Второ...
 
Море многу други работи треба прво да се направат пред да се однесе детето....можеби родителите прво. Арно ама и се друго е сјебано, така да ова е последната работа која треба да се направи. Под претпоставка дека психологот вреди, што може е 1 од 100 веројатност :)
 
Јас се кладам дека 9 од 10 души не ни знаат дека постои таква професија во Македонија.
Инаку има една епизода во Family Guy што ја обработува баш оваа тема секако на комичен и саркастичен начин.

П.С Проблемот лежи како и секогаш во недоволна едукација и информираност па после некои малоѓраѓански заблуди како демек ако идеш мора нешто да ти фали. Ај да те видам да те боли заб на лекар не иди пошто комшијата ќе те гледа на криво, само тука разликата е што болката е посилна од страмот :pos:
 
Не дека не знаат дека постои таква професија, туку не сакаат да помислат на тоа дека мислат детето го преставуваат како да има некоја менталност, исто така главна пречка како што има во горенаведените постови пишано ,, што ќе кажат комшиите,, сратмота е и бла бла некој глупи работи.
Во странство најнормална работа е да се посети психолог.
Мене сосема ми е океј некој ако посетува психолог, многу помага на психа тоа, може некогаш ќе се свесне нашиот народ.
 
Не секогаш е поради што ќе кажат комшиите или фаза е ајде ќе помине.
Најчесто, или мошне често мислам причината е "абе ајде што знае некој рандом непознат ник за деца, вчера од школска клупа искочил, јас сум израснал/а 3 деца он ќе ми кажува мудри мисли и изреки за воспитување".
Во денешно време се сите интелектуалци и сезнајковци, и нема шанси да однесат свое дете кај некојси таму влезен со врски, кога они си имаат капацитет не само да го однесат на прав пат, детето, него и без диплома и труд да седнат на местото на некои психолози, педагози, па и да ги надминат...
 
Кај нас се уште владее малограѓанштината и стравот од "што ќе каже комшијата". Срамота било дете да се носи на психолози, ќе мислеле не чини, срамота бил народот да оди на психијатар, сѐ биле тоа пореметени во главите, што му фали на детето на Митра што не го носат нигде? :tapp:

Секако дека би побарала стручна помош од лице ако имам проблем со него. Откако братучед ми почна со специјализацијата со психијатрија одма почнаа да ме смируваат муабетите со него што ги правиме некогаш, иако не е тоа тоа сепак. Сакам да кажам, друго е кога ќе побараш совет од професионалец :)

Така е, никој не може да ти даде подобар совет од професионалец.
Работата е што кај нас има професионалци кои притиснати од егзистенцијалните проблеми, се приморани од 10 да напрат 20 сесии, или пак да те пуштат кај некој друг специјалист со кој си го имет натиго-дајмиго на "подетална контрола" :pipi:
Не мора да значи, ама искуството кај нас е ова: Одиш кај 5 доктори, и сите 5 различно гледет на настаните.
Да не прам муабет што од секогаш форсирале насилен пристап кон дијагнозата, што не е случај во помодерниот свет.


И да, не е страмота човек да се обрати на психолог. Во најмал случај, психологот може да ни помогне - да се пронајдеме себе си, и да го рестартираме сопствениот одбрамбен механизам.
 


Многу е јасно, затоа што родителите и најчесто се причината зошто на детето му треба психолог.

Исто така, не треба да се прави бајрам од проблемите. Колку повеќе им придаваш значење, повеќе те обземаат.

И колку повеќе дозволуваш да ти ги решаваат институции/други луѓе, толку полошо. Има милион случаи кога луѓе не си ги пијат апчињата и не се придружуваат до терапија заради инает и чувство дека друг сака да им направи нешто што они мислат дека не би сакале ( на погрешно место и во погрешно време се чувствуваат исфорсирано од други, и бунтовнички).

Четврта работа е неспособноста на човек да сфати нешто кажано преку зборови од друг човек ( заради интелигенција, заради немање искуство, заради недоверба, заради невнимание).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom