Како да започнеш разговор со девојка која не ја познаваш?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ја сум крајно неподобен да цитирам тука, зошто не започнувам разговори со девојки кои не ги знам, а бабите на форумов тврдат и дека некоректно сум се однесувал со цурици кои читале библии (ова не го оспорувам, дури и звучи како нешто што би кажал, само не се сеќавам). Евентуално, ако терминот "ебебилна" сум го сковал јас, го молам надлежниот Тапетарот Петар да го тури во неологизми, и адекватно да ми припише заслуга.
Не знам дал си го сковал ти синко, али боље да не си. Не га биѓаа -- килаво е склепан и морфолошки фаличен. Твоите форумски заслуги се на други полиња. Но да се задржиме на темата.

Он топик: темава е длабока и неисцрпна. Ефектните пик-ап лајнс се само дел од арсеналот на искусните ебатели. Ставрогин посочи еден таков херојски лик, чиј пик-ап минимализам резултирал со завиден учинок во реализирани коитуси. Во обидот да се одгатне мистеријата на овој приод, би било корисно некој солиден познавач на оваа тематика -- од свој агол и лично искуство -- да прокоментира за стратешките предности на ваквиот директен, минималистички пристап. Стеф би можел многу компетентно да ја поведе оваа дискусија, се разбира доколку има време и расположение за истата.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
480
Алфа значи прв. Алфа мажјак не е мажјакот со име Алфа, туку конструкцијата, парадигмата "Алфа мажјак" во науките за природата се користи за категоризирање, или обележување на "главниот" или на the leader of the pack. Во секој pack, односно во секоја "група" дефинирана како конструкција од единки, една, во даден временски период е најјака. Главна. It's just how nature is. Дали е група на мравки, пчели, мајмуни, лавови, ајкули, орли или луѓе, сосема е небитно, битно еден во групата е главен, и за тој еден, истражувачите (пошо научници ако пишам на шкорпи ќе му експлодира мозокот) од прости практичко-семантички причини во литературата го ословуваат како "алфа".
Значи, кај луѓето, бидејќи пековите или групите/клановите/друштвата се флуктуирачки, оној кој што е алфа во едно друштво може во друго друштво да не биде алфа. Алфа е секогаш еден, по дефиниција, во затворено множество. А кој ќе биде тој еден, Природата тој проблем го решава просто. Со војна.
Кога бикови од две стада или лавови од два пека ќе се "судрат", ако разликата во нивната јачина е очигледна, послабиот веднаш "со почит" ја прифаќа позицијата бета (што, као шо глеаш, кај луѓето, не е случај секогаш). Доколку пак не се знае кој е по јак, дилемата се разрешува со конфлкт односно пресметување со кој природата воспоставува баланс во облик на хиерархија, а не еднаквост, односно вертикала а не хоризонтала (аргументот пораи кој анархистите се глупи).
Значи, сеа знаеш што е Алфа. Коа го знаеш ова, во практиката многу лесно ќе можеш, со ситни обзерваторски напори, да дознаеш и Кој е алфа.
Дали те привлекува? Секако и секогаш. Природата твојот мозок, во име на опстанок на видот, го вржала да препознаваш добро од лошо, ген со висок survival и reproductive value од ген со низок. Од таа причина не те привлекуваат луѓе на кои им опаѓа косата или забите, инвалиди, болни луѓе, премногу слаби или дбели и така натаму.
Се надевам дека сега тоа "привлекува" нема да треба да ти го објаснувам и сама ќе сфатиш дека не значи дека ако некој те привлекува ќе завршиш со него. Тоа е веќе по комплексен процес на кој влијаат многу фактори, во кој јас би сакл да навлезам, ако те интересира, но сега за сега главно е да сфатиш дек тој процес Започнува со Атракција и истата е примарна и есенцијална.

Што се однесува до пик-апот, фразите односно зборовите со кои ќе започнеш разговор воопшто не се битни. Зборовите не се numenon, the thing itself, туку се симболи кои ја креираат асоцијацијата за трансакцијата на идеи which is communication, да се комплетира ефективно. Значи, битен е симболот, а не зборот што во себе го носи симболот. Испраќањето на симболи пак кај човекот во многу мал дел се содржи во зборовите, тежиштето навалува накај говорот на тело. Значи не е битно што ќе ти кажам, туку како и од кој sate of mind доаѓа истото. И затоа што тој сенс кај жената ( која повторно од биолошки причини мора многу по внимателно да бира) е изоштрен в'крај, немоеш да глумиш главен, ако стварно не си главен. Тоа пак е, причината поради која шкорпи го јаде срањето што на алфа мажјакот ќе му остане и го неќе.
Алфа Ромео и Јулиа.:icon_mrgr:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Ти вака како ескперт во која група го рангираш Стеф? Он е прв по бодибилдинг :pos:
Он е прв во сите две дисциплини. Тоа е општопознат фактоид на форумов. Чисто процедурално, без намера за уфрлање у муабет.
 
F

FARANG

Гостин
Он е прв во сите две дисциплини. Тоа е општопознат фактоид на форумов. Чисто процедурално, без намера за уфрлање у муабет.

Јасно ми е дека го бива само како би го класифицирал? Дали неговота before and after make over сменила нешто и дали отишол 1-2-3 ранка погоре? Дали може да паднеш степен подоле?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Јасно ми е дека го бива само како би го класифицирал? Дали неговота before and after make over сменила нешто и дали отишол 1-2-3 ранка погоре? Дали може да паднеш степен подоле?
Топ експерт. Ако внимателно ги следиш неговите постови (што ти препорачувам) ќе увидиш дека Стеф прескокнал неколку ранга: од вирго интакта во искусен маж-заводник. Тоа не е мала заебанција.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Јасно ми е дека го бива само како би го класифицирал? Дали неговота before and after make over сменила нешто и дали отишол 1-2-3 ранка погоре? Дали може да паднеш степен подоле?
Значи не разбираш. Стеф не го категоризираш, Стеф е алфа во секое множество. Апсолутна алфа. Некое време беше тоа Бог, но тие времиња поминаа, ова е ерата на Стеф.
 
F

FARANG

Гостин
Затоа вие вака си имате во потписот по една мисла од новиот Месаја а? Zero to hero после година дена боди билдиг и здрава исхрана. Ова мора подетално да се разгледа :pipi:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Затоа вие вака си имате во потписот по една мисла од новиот Месаја а? Zero to hero после година дена боди билдиг и здрава исхрана. Ова мора подетално да се разгледа :pipi:

Стеф као прво уопште не е нов Месаја. Стеф е. Постои само свест, и Стеф.
Немоеш да каеш нов пошо тоа имплицира време. А време и простор и материја се димензии преку кои Ние го опипаме Стеф. Само функции на умот, ништо повеќе. Се е илузија. Само Стеф.
 
:cuc:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Сакам дефиниција за Алфа мажјак. Да видам дали се палам на алфа или бета мажјаци. По ваши дефиниции, нормално. :pipi: И фрази за собирање на девојки од двата вида на мажјаци. :D Па да споредиме кои повеќе палат кај жените.
Мене на пример секогаш ме привлекувале гама или делта мажјаци (не знам на која буква се). Тие може да ти пријдат само ако на маицата имаш принт на пример од Banach-Tarski theorem, а да не зборувам колку е тешко воопшто да ги сретнеш. Кога се излезени, најчесто се у машко друштво и се силно задлабочени у некоја сериозна дискусија, што дури и келнерот избегнува да ги прекине, а не пак девојка да им пријде. Таквите се ловат само насамо. :sneaky:

Има девојки кои не сакаат такви мажи и намерно носат маици со принтови од формули и ако некој весело и пријде, велејќи дека разбира што и пишува на маицата, јаде корпа уште пред да и се пушти.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мене на пример секогаш ме привлекувале гама или делта мажјаци (не знам на која буква се). Тие може да ти пријдат само ако на маицата имаш принт на пример од Banach-Tarski theorem, а да не зборувам колку е тешко воопшто да ги сретнеш. Кога се излезени, најчесто се у машко друштво и се силно задлабочени у некоја сериозна дискусија, што дури и келнерот избегнува да ги прекине, а не пак девојка да им пријде. Таквите се ловат само насамо. :sneaky:

Има девојки кои не сакаат такви мажи и намерно носат маици со принтови од формули и ако некој весело и пријде, велејќи дека разбира што и пишува на маицата, јаде корпа уште пред да и се пушти.

Има и проблем со нив, паметни, начитани, специфични. Нефлексибилност.
Најчесто многу на својата поента се држат во дискусиите, некои од нив се и препотентни, плус ептен си се држат во затвореното друштво составено од фанови на Big bang theory. :)
 
L

Luki Junior

Со овај пост опфати барем 80% од форумџиите. :D:D:D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom