Strenght
Never Give Up!!
Хипотезата дека некој од некаде ќе се врати, да работи за помалку пари, под превезот на националните чувства, можиш бато да му ја раскажиш на син ми. Тој има 6 годинки и ама баш сè ќе ти поверува. АЛО БЕ!!!! 230 000 луѓе во изминатите 10 години се заминати одовде. Во неповрат. Сите тие имале семејства и пријатели овде. Ама имале и празен џеб. Ветер дупка не полни. Џабе ти е и пријател и брат и сестра и Широк Сокак мој убав, ако немаш пари да си испиеш едно кабадајско кафе.
4,5,6 пати помала плата обезбедувала ист квалитет на живот а? Ај шо кажаното нема врска со математика (оти такво нешто не постои кога се споредува поголемо со помало, платата можи да биди повисока 3,4,5 пати, а пониска за 50%, 60% или 70%), туку и нема врска со реалноста. Лекар кој што во Германија заработува 5000 евра месечно, ќе се врати тука за да работи за максимум 1000 евра? Патриотски, нема што.
И сега да почнам да набројувам:
1. Квалитетот на живот не е само во парите. Квалитетот на живот е и во достапноста на други работи. Квалитет на образование, квалитет на здравствени услуги. Можност со дел од парите да се излуксузираш, да одиш на одмор на крстарење. Да одиш на шопинг. Да не се замараш со политика и гајле да ти е кој е на власт, а на избори да излезиш без да те плашат дека жив ќе те изедат или пак Бранко ќе ти се јави од било чиј телефон.
2. Ај и да се вратат. Шо ќе видат? Партиски директорчиња коишто единствено имаат за цел да си ги вдомат роднините и пријателите, кои од благодарност што седнале на кожната фотелја не смеат ни да зуцнат дека на одделението фали завој, тоалетна хартија, инфузиони раствори. Па пустина ќе фатат и ќе избегаат уште подалеку, а овојпат пасошот ќе го остават на контролата, за наредниот пат кога ќе помислат да дојдат, макар и туристички да им текни зошто заминале.
3. Многу стимулативно за лекарите што се тука. Ќе им "увеземе" наш кадар. Оти имаме дефицит на лекари, нели? Оти љубимците на власта се залепени на телевизија и кажуваат како за 1 месец стручно усовршување станале експерти во својата област. Во време кога имаме 7 медицински факултети во државава, не мислите ли дека е потребно да се обрни внимание на квалитетот, а не на квантитетот на кадрите? Оти за квантитет се многу, а квалитет ќе да нема.
Колку и да не е за верување, колку и да си викаме во себе ај не е до толку лошо, стварно во реалноста толку големи гадурии нема никаде !
Мој роднина ги водеше финансиите на болниците, секогаш приоритет му беше да не се дозволи ситуација да нема завој, или ножици или нешто слично... Не бе брате, изговори,изговори. И на крај што направија..: Наместо буџет да има секоја болница/ клиника - владата ќе проценувала сега колку материјали ќе бидат потребни наводно
" ги краделе "

Абе дај боже на некој од политичарите да дојде ситуација детето да му се лекува во државна болница, па тогаш да свати како е да се нема материјал или пак да ти рече специјалистот незнам како да го излечам прашувај ги другите.