Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
До кога деца ќе пишуваат на вакви теми по форуми :)
 
Да ми е жив и здрав уште сто години ми даде тој капа, амблемчето во облик на штит стариот и еден нов од командата на псо плус ми покажа и други слики шо се има сликано за време на ЕСН .Игор овие зборови ги употребува "докторе закрпи ме и да одам ,неам време за лежење...
Срце патриотско а највеќе ВОЛЧЈООО :cuc: :D
 
Јеееее чичко ми на танушевци 2001.Најдобриот снајперист у волците до 2004 беше.Насловната страница сликата кај е ја имам држано во рака.Мацедониан и ти го познаваш браво.
--- надополнето: 29 септември 2013 во 17:09 ---

Брат како да не искоментирам срцето ми се полни шо имам чичковци кои биле у специјалните единици и се бореле против белите.
--- надополнето: 29 септември 2013 во 17:29 ---
Да докажам уште нешто пред месец време кога бев кај него на гости детално зборувавме за арачиново.Прво им давал подршка со снајпер на далечина од 1 км а после бил у тимот кој бил на чело на акцијата.Со м76 бил.Ми кажа дека биле два тима еден волци е еден тигри.Тимот на тигрите го водел Стојанче.Се сокриле зад една куќа за да се договорат нешто у тој момент чичко ми бил на скарите чувал со снајперот и ми вика еден од тигрите имаше рпг.Бапна со него и вика одма после пукањето на рпг-то излезе еден полицаец и одма падна.Јас рипнав од скарите го фатив и го влечев видов дека е мн тешко повреден од секаде му течеше крв.Го влечев 5-6 метри и го однесов кај неговите тигри тие го зедоа и се повлекоа и не оставија нас сами.После 1 до 2 саати максимум вика одиме напред и започнаа да не пукаат од митралезко гнездо.Немаше како да го уништиме ама 100 метри зад нас имаше еден т55 ние им викаме пукајте пукајте а тие ни викаат немаме наредба.И ми кажува командирот на тимот се качува на тенкот го отвора капакот горе со бомба во раката и му вика на командирот на тенкот пукај или ти ја фрлам.Вика се скрив зад куќата и баммм уште еднаш баммм и ги сокапавме.После тоа дојде еден офицер и вика кој даде наредба а командирот на тенкот вели еве овој тука ми држеше бомба над глава.Му приоѓа овој офицерот на волкот и му вика кој си ти од кај ти го имаш тоа право и ткн.И вика дури да се свести овој нашот го обрна на земја и му вика дали беше ти тука да видеше како беше мамето твое.После тоа продолживме и имаше како едно мало ридче тргнавме јуриш заедно сите 8 наши и зад мене падна граната осетив нешто ме печеше и паднав.Одма го однеле во воена болница и таму на доктурот му вика доктуре закрпи ме побргу нема време за чекање кое срце кој патриотизам.Пред 2 часа го влекол Стојанче а после заедно лежеле во болничката соба.И ми кажа у арачиново од страната на волците 2 биле ранети тој и уште еден друг и еден друг добил привремено слепило од експлозија на граната.Не кажав го раниле од лансер на ракети 40 мм.Тоа овде го пишувам пошо имам доверба во вас само да видам дека излегло нешто од тука мхммм.Уште еден доказ горе дека не давале на нашите да го употребуваат тоа со што располагаме.

Браво за чичко ти брат таков патриотизам и пожртвуваност ретко се наоѓа во денешно време,секој би бил горд да има таков чичко.
 
лево Поранешниот командант на ПСО Павле Арсоски
десно сегашниот командант на ПСО полковник Васко Ѓурчиновски за оние кои не знаат
Васко е и поранешен припадник на ЕСН Волци од формирањето во 94.
1381635_220997184734656_2029399709_n.jpg
 
лево Поранешниот командант на ПСО Павле Арсоски
десно сегашниот командант на ПСО полковник Васко Ѓурчиновски за оние кои не знаат
Васко е и поранешен припадник на ЕСН Волци од формирањето во 94.
Прегледај го приврзокот 73545


0:21 Како втор настапува ешалонот на единицата за специјална намена позната како Волци составен е од професионални војници предводени од капетан прва класа Васко Ѓурчиноски.
 
Ај сега да ве видам :нинџ:
r85fle.jpg

o5x0d5.jpg

x58k85.jpg
 
Ај сега да ве видам :нинџ:
r85fle.jpg


o5x0d5.jpg

x58k85.jpg
Абабаба страшно добри слики незнаев дека сегашниов градоначалник на Ѓорче бил војно лице :)
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 00:12 ---
Еве и од мене една стара од формирањето на АРМ со сонцето на Кутлеш.

timthumb.jpg
 
После тоа дојде еден офицер и вика кој даде наредба а командирот на тенкот вели еве овој тука ми држеше бомба над глава.Му приоѓа овој офицерот на волкот и му вика кој си ти од кај ти го имаш тоа право и ткн.И вика дури да се свести овој нашот го обрна на земја и му вика дали беше ти тука да видеше како беше мамето твое.


Од такви офицерчиња излезени од академските клупи, без ниеден час поминат на терен со пушка во рака и непријателски оган, коса ми се крева. Така е тоа мислат, се ќе се реши со пеналото. Јесте да, за офицер треба школо, ама без пракса- не иде. Воопшто не ги почитувам. Истото важи и за Трајковски (сепак беше командант на вооружени сили во конфликтен период). Офицер кој го почитувам е Легија. Чин полковник и командант на единица, а во секоја акција е во први борбени редови. Можејќи во команден штаб да седи и да пие кафе и преку радио врска да издава наредби, тој го ризикува животот со своите соборци. Затоа бил и се' уште е почитуван од старешини, соборци, подредени...
 
Од такви офицерчиња излезени од академските клупи, без ниеден час поминат на терен со пушка во рака и непријателски оган, коса ми се крева. Така е тоа мислат, се ќе се реши со пеналото ...


:facepalm: до кога мали деца до кога!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom