Не губите надеж. НОРМАЛНО е да прашаат за вас и да побараат докази. Испратете им слики, цел албум, сликани на разни места, различни фризури итн и 2-3 страни за вашата врска и тоа е доволно. Со кој памет гарантерот прикажал таква гаранција? Обично се бара до кај 30 000 долари од човек, тоа е ЕПТЕН многу. Треба да сфатите дека СЕ што ќе ви побараат треба да дадете и дека се бара САМО тоа, а не повеќе. Ако прикажеш повеќе од што треба тогаш отвараш прашања од типот, чекај што бара овој ваму, од кај вакви пари итн итн... Гарантерот сега има да си добие една гратис инспекција од даночниците во АУС.
Немојте да ги лажете, имате добри шанси да добиете виза, и сте на прав пат ако правите точно што ќе ви се побара и ни милиметар повеќе од тоа.